Во Србија три нови жртви , последниот починат имал 48 години

Во Србија се потврдени уште 73 заразени со коронавирус, а вкупниот број се искачи на 457.

Српските медиуми објавија дека уште тројца починале, со што вкупниот број загинати во Србија изнесува седум лица. Последното починато лице имало 48 години.

До 15:00 часот, вкупно 1456 лица биле тестирани .

Денес се очекува бројот на заразени лица да надмине 500.000 низ целиот свет , со црна бројка од 22.175 починати, а 118.022 се опоравиле.

притисни ентер