Во Србија се забранети јавни собири , можно е и одложување на изборите - Канал 5

Во Србија се забранети јавни собири , можно е и одложување на изборите

Србија ги забрани сите собири во затворено заради коронавирусот, но нема потреба да се затвораат училиштата, одлучи државниот врв и здравствените експерти, а можно е и одложување на парламентарните избори закажани за 26 април.

Во Србија се забранети јавни собири , можно е и одложување на изборите

По консултациите помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Ана Брнабиќ, ресорните министри и експертите за здравство, Вучиќ рече дека се донесени решенија за забрана на јавни собири на затворено и засилување на контролите на сите гранични премини.

„Големите (гранични) премини ќе продолжат со нормална работа, а некои помали ќе бидат затворени за да се контролира влезот“, рече Вучиќ.

Тој ги замоли српските државјани кои работат во странство да не се вратат дома пред Велигден и ги советуваше да почекаат поповолна епидемиолошка ситуација, предлагајќи им на сонародниците кои организираат свадби и големи прослави да „ги следат препораките на експертите“.

Вучиќ истакна дека досега нема „потреба“ да се прекине наставата во училиштата.

Помеѓу 21 јануари и 10 март, надзорот во Србија опфати околу 71,000 патници , од кои 265 беа ставени под здравствен надзор.

Увид бил направен на вкупно 2.234 возила, без да се сметаат автомобили, вклучувајќи 1.925 авиони, а вкупно 26 патници вчера се вратени од граничниот премин Бајаково-Батровци, рече Вучиќ.

Меѓу откажаните настани е и Меѓународниот автомобилски саем, кој требаше да се одржи од 19 до 25 март.

Вучиќ претходно, како претседател на владејачката Српска напредна партија (СНС) најави дека до 1 април ќе ги одложи сите предизборни настани за парламентарните избори на 26 април, а потоа најави дека ќе разговара со претставниците на партиите кои учествуваат на изборите во наредните денови. Тој им рече на новинарите дека доколку се случи голема епидемија на коронавирус, може да следи одложување на изборите на 26 април, „но не повеќе за две до три недели“.

Во Србија, од 6 март, кога е потврден првиот случај на коронавирус, регистрирани се вкупно 12 случаи на коронавирус до денес во осум часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за финансии објави Проспект за нова Граѓанска обврзница

Министерството за финансии денеска објави Проспект за издавање нова емисија Граѓански обврзници. 

Министерството за финансии објави Проспект за нова Граѓанска обврзница

Станува збор за четврта емисија Граѓански обврзници коишто ќе бидат со рок на доспевање 2 години и каматна стапка од 4,6% годишно.

Граѓаските обврзници може да се запишат во филијалите на деловните банки во земјава до 1 декември 2026 година и да учествуваат на аукцијата која е закажана за 3 декември 2026 година.

Миниманиот износ што граѓаните може да го запишат е 10.000 денари, односно една граѓанска обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари.

Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2029 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2028 и за втората година на 11 декември 2029 година.

Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост.

Линк до објавениот Проспект:

https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/prospekt-aukcija-na-drzavni-xartii-od-vrednost-file-0ib9.pdf

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев на средба со претставници на Амбасадата на Обединетото Кралство и IPAS

Денеска (18.11.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, оствари средба со претставници на Амбасадата на Обединетото Кралство и на Меѓународната служба за полициска помош (IPAS) на Обединетото Кралство.

Јанев на средба со претставници на Амбасадата на Обединетото Кралство и IPAS

На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашната успешна соработка меѓу двете држави, како и подготвеност за нејзино продолжување и натамошно интензивирање во областа на безбедноста и полициското работење.

Во таа насока, беше истакнато дека се одржани повеќе работни состаноци со претставници на релевантните организациски единици во рамки на Министерството, со цел унапредување на меѓусебната координација, идентификување на приоритетите и реализација на конкретни заеднички активности.

Двете страни ја потврдија подготвеноста за продолжување и продлабочување на партнерската соработка, со посебен акцент на реализација на конкретни заеднички активности во областа на безбедноста и полициското работење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заштита на децата од сексуална злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавување

Настанот се реализираше во рамки на проектот „Безбеден интернет за деца и млади“, кој го спроведува Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, во партнерство со ИМПЕТУС.

Заштита на децата од сексуална злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавување

По повод Светскиот ден за спречување и заздравување од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз децата, денеска во Собранието се одржа настанот насловен „Заштита на децата од сексуална експлоатација и онлајн и офлајн злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавување CSAM“.

Настанот се реализираше во рамки на проектот „Безбеден интернет за деца и млади“, кој го спроведува Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, во партнерство со ИМПЕТУС. Целта на проектот е воспоставување одржлив и интегриран национален систем за заштита на децата и младите во дигиталната средина, преку унапредување на постојните механизми за помош, советување и пријавување штетни и незаконски содржини на интернет.

Настанот го отвори пратеничката и претседателка на Клубот на жени пратенички во Собранието, Јованка Тренчевска, која во своето воведно обраќање ја истакна важноста од подигнување на јавната свест за ова исклучително значајно прашање. Таа се осврна и на Предлог-законот за заштита на малолетните лица при користење дигитални услуги и социјални мрежи, кој во моментов е во собраниска процедура.

Гонце Јаковлеска, претставничка на Цивика мобилитас, истакна дека нивниот фокус во овој период е премин од дијалог кон конкретни постигнувања. Таа нагласи дека веќе постојат истражувања и податоци кои ја потврдуваат сериозноста на проблемот и дека преку вакви иницијативи се очекува да се придонесе кон промени и воспоставување соодветни механизми за заштита.

Претседателката на ИМПЕТУС, Лилјана Пецова Илиеска, ја истакна улогата на организацијата во поддршката на младите, особено како поврзувачка точка меѓу граѓаните и институциите. Таа посочи дека граѓаните можат да се обратат до ИМПЕТУС за проблемите со кои се соочуваат на дигиталните платформи и да добијат соодветна консултација и насоки за понатамошно постапување.

Меѓу клучните предизвици што ги посочи беа сложеноста на механизмите за пријавување проблеми на дигиталните платформи, недоволната информираност за постојните механизми, како и поврзаноста меѓу заканите во дигиталниот простор и последиците во реалниот живот.

Директорот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Жарко Змијанац, нагласи дека основната улога на организацијата е застапување на правата и потребите на децата, поради што е неопходно да се изнајдат функционални механизми и соодветни форми на заштита.

Тој посочи дека, само 0,2 проценти од постојните случаи се пријавени на СОС-линијата, што укажува на сериозен проблем со недоволната доверба кај младите и нивната информираност за тоа каде и кому можат да се обратат.

Како еден од приоритетите ја истакна потребата од унапредување на платформата „Ало Бушавко“ и линијата 116 - 111, со цел нивно зајакнување како доверливи контакт-точки преку кои децата и младите ќе можат да пријават различни форми на насилство и да добијат соодветна поддршка.

Во продолжение следеше онлајн презентација на Клои Комсток од Меѓународната мрежа на линии за пријавување материјали со сексуална злоупотреба на деца – INHOPE, на тема „Како функционираат линиите за пријавување и меѓународната соработка“. Презентацијата ги опфати функционирањето на овие механизми, нивната улога во откривањето и пријавувањето незаконски содржини, како и значењето на меѓународната соработка.

Во рамки на понатамошната дискусија беа опфатени улогите и надлежностите на клучните институции во процесот „Од пријава до институционално постапување“, со посебен осврт на Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и институциите надлежни за заштита на децата.

Беше разгледана и судската перспектива во постапувањето по предмети поврзани со материјали со сексуална злоупотреба на деца (CSAM), при што беше истакнато значењето на навременото пријавување и зачувувањето на доказите.

Како клучни заклучоци од настанот беа издвоени: Подготовка на нацрт-модел за воспоставување национална линија за пријавување материјали со сексуална злоупотреба на деца (CSAM), кој ќе биде доставен до надлежните институции; Зајакнување на капацитетите на институциите и стручните служби преку специјализирани обуки; Унапредување на координацијата и соработката меѓу институциите и граѓанските организации; Подобрување на информираноста и довербата кај децата и младите во постојните механизми за пријавување и поддршка; Зајакнување на стручните служби во образованието во препознавањето и соодветното постапување во случаи на насилство и злоупотреба.

Настанот ја потврди потребата од координиран пристап, функционални механизми за пријавување и институционална подготвеност, со цел секое дете да има пристап до навремена, доверлива и соодветна заштита, како во дигиталната, така и во реалната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер