Во Србија разгледуваат скратување на часовите во училиштата на 30 минути поради намалено внимание на децата - Канал 5

Во Србија разгледуваат скратување на часовите во училиштата на 30 минути поради намалено внимание на децата

 Српскиот министер за образование Дејан Вук Станковиќ изјави дека се разгледува идејата за скратување на часовите во училиштата на 30 минути бидејќи кај децата постои феномен на дифузно внимание.

Во Србија разгледуваат скратување на часовите во училиштата на 30 минути поради намалено внимание на децата

Српскиот министер за образование Дејан Вук Станковиќ изјави дека се разгледува идејата за скратување на часовите во училиштата на 30 минути бидејќи кај децата постои феномен на дифузно внимание, поради што не можат да се концентрираат 45 минути да следат настава.

Министерот во изјава за РТС рече дека концентрацијата на учениците на часовите е проблем за кој се зборува веќе некое време, а јавноста има предлог за намалување на времетраењето на часовите од 45 на 30 минути.

„Во моментов размислуваме за таа идеја, да бидам најпрецизен, отворено и гласно. Мислам дека постои некаков вид психолошко оправдување. Токму под влијание на овие нови технологии се јавува феноменот на дифузно внимание. Не можете да бидете фокусирани на еден предмет, туку едноставно многу лесно преминувате од една содржина на друга“, објасни Станковиќ.

Како што додаде тој, тоа создава ефект кај децата дека не можат да останат фокусирани 45 минути, што е максималното време за концентрација и кај возрасните. Тој додаде дека се разгледува можна делумна или целосна забрана за мобилни телефони во училиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Протеински крем њоки

Во четврток (18.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Снежана Црнковиќ Акур.

„Гответе со Дракче“ - Протеински крем њоки

Состојки за денешниот рецепт:

100 гр. пилешки стек

30 мл. неутрална павлака

200 гр. њоки

20 гр. кашкавал

1 мал кромид

1 чешне лук

1 свежа краставица за прилог

масло, сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Реконструкција на влада – тепачка за фотелји

Во тендер коалицијата владее хаос. 

СДСМ: Реконструкција на влада – тепачка за фотелји

Партијата ЗНАМ повеќе не постои. Преостанати се само двајца - Максим Димитриевски и Горан Минчев.

ВМРО стои зад Минчев, додека Максо си бара подобра позиција за себе.

Сите знаат дека им преостануваат уште само неколку месеци за тендери, пред Мицкоски да распише избори.

Состојбата во ВМРО не е подобра. Министерот за внатрешни работи е во отворен судир со други министри. Секој сака да остане во својата фотелја.

Деновите се бројат до празната државна каса, па сите брзаат со своите тендери.

Додека на јавноста ѝ се претставуваат „добри резултати“, зад затворените врати на Белата палата се води тепачка за позиции и лична добивка.

Ако резултатите се толку добри на оваа Влада, зошто тогаш реконструкција?

Додека граѓаните гледаат во празните паричници и фрижидери, зад ѕидовите на власта се води борба за уште тендери и уште лично богатење.

Вака изгледа кога на власт е организирана криминална група. Кога шефот на бандата Мицкоски ја води политиката, настануваат војни меѓу криминалните кланови.

Ако не се договорат за позициите, ќе има измислен изговор за избори.

Буџетот е празен, а тие брзаат да се задолжат уште повеќе. За само две години натоварија 2,5 милијарди евра нов долг врз грбот на народот.

Стотици тендери и стотици милиони завршија во џебовите на овие криминалци со бугарски пасоши и државјанства.

Во меѓувреме, обичниот народ чека по 10 часа на граница, младите размислуваат за заминување, земјоделците се борат да преживеат, работниците тешко врзуваат крај со крај, а пензионерите имаат помалку пари од месец во месец.

Наскоро ќе дојде време на вистина и правда. Враќање на европскиот пат, кога сите до еден ќе одговараат.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ја продолжи вонредната состојба за Западен Балкан

Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан, потег што останува на сила поради, како што се наведува, заканите за националната безбедност и надворешната политика на САД.

Трамп ја продолжи вонредната состојба за Западен Балкан

Според објавата во федералниот регистар, мерката се однесува на лица и групи кои поддржуваат екстремистичко насилство во регионот, како и активности што го попречуваат спроведувањето на мировните договори во Босна и Херцеговина, Косово и Македонија.

Вонредната состојба првпат ја прогласи американскиот претседател Џорџ Буш 2001-ва година, со извршна наредба која овозможува замрзнување на средствата на поединци и организации што ја загрозуваат стабилноста на регионот. Во документот се споменува и Охридскиот рамковен договор, кој беше вклучен во дополнителните мерки преку измените на извршната наредба од 2003 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер