Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
2Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
БалканВо Србија продолжува штрајкот на вработените во образованиетоРепрезентативните синдикати на образованието во Србија денеска продолжуваат со штрајкот, со скратување на наставата на 30 минути во училиштата во управите на Ниш, Крушевац и Лесковац, Заечар и Јагодина.Репрезентативните синдикати на образованието во Србија денеска продолжуваат со штрајкот, со скратување на наставата на 30 минути во училиштата во управите на Ниш, Крушевац и Лесковац, Заечар и Јагодина, со што се бара подобрување на финансиската состојба на вработените, јави Бета. Портпаролката на УСПРС, Мирјана Гашиќ, изјави за медиумот дека барањето на синдикатот нивните претставници да присуствуваат на собраниската седница за буџетот за 2025 година е одбиено, од претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ. Таа рече дека синдикатите побарале нивни претставници да им се обратат на парламентарците на седницата што почнува денеска, а најави дека просветарите ќе им се обратат на новинарите пред Собранието на Србија. Тие бараат Владата на Србија да го исполни ветувањето од минатогодишниот Протокол и да ја изедначи почетната плата на наставниците со просечната плата во земјата од 1 јануари 2025 година. Владата понуди покачување од 11 отсто за сите вработени во образованието и еднократна помош од 15.000 динари, како и дополнително зголемување од еден отсто за одделенските раководители. Минатата недела наставата беше скратена на 30 минути во училиштата на територијата на управата Крагуевац, Краљево, Чачак и Ужице. Претходната недела, поради истата причина, наставата беше скратена на 30 минути во училишните управи во Нови Сад, Зрењанин, Сомбор и Ваљево, а од 4 до 8 ноември во Белград и Пожаревац.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремињаПродолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени.Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени, можно е изолирано невреме во делови од земјата, велат од УХМР.. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и ЗелениковоВо моментот се активни четири пожари, 24 се изгаснати, а под конторла се 24 пожари, објаснуваат од ЦУК..Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково општините Гостивар и Македонски Брод Општина Чашка – над с. Нежилово, и делови во општина Струга. Од ЦУК со апел за внимателност, да не се палат огнови на отворено..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНа Синер не му е дозволено да тренира!Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер, по препорака на лекарите, нема да може да тренира најмалку до 6 септември. По новите прегледи на десното колено, му беше препорачан целосен одмор од сите видови тренинзи, додека Италијанецот истовремено продолжува да закрепнува од проблемот поради кој мораше да го откаже учеството на УС Опен. Имено, Синер беше подложен на нови прегледи во Торино, каде што му беше наложено да мирува во текот на наредните десет дена. Според информациите од италијанските медиуми, прегледот не покажал пукнатина, но воспалението на десното колено сè уште не е целосно санирано. „Газета дело Спорт“ пишува дека резултатите од прегледот наложиле Синер целосно да мирува оваа недела, а не е исклучено периодот без тениски тренинзи да се продолжи и во текот на наредната. Најраниот датум за враќање на тениските тренинзи моментално е 6 септември. Тогаш Синер би требало повторно да започне со работа на теренот, доколку состојбата на неговото десно колено се подобри.Тагови: Јаник Синер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook