Во Србија поради Ковид задолжително носење маски во сите здравствени установи - Канал 5

Во Србија поради Ковид задолжително носење маски во сите здравствени установи

Воведена е и забрана за посета на болници кои се во надлежност на Комисијата за превенција на болнички инфекции.

Во Србија поради Ковид задолжително носење маски во сите здравствени установи

Работната група на српското Министерство за здравство за справување со состојбите од пандемијата на Ковид донесе препораки за постапување на ниво на примарната здравствена заштита и болничките установи, а една од нив е задолжителното носење заштитни маски во сите здравствени установи, јави дописникот на МИА од Белград.

- Се одредува задолжително тестирање на Ковид на сите вработени во здравствените установи доколку имаат симптоми на акутна респираторна инфекција и нивна задолжителна контрола и тестирање по утврдена инфекција, се наведува во соопштението на институтот „Батут“.

Во него се додава дека на ниво на болнички установи, задолжително е тестирањето на пациентите како услов за хоспитализација, потребно е тестирање за прием на хематолошки и онколошки одделенија, како и геријатриски одделенија и одделенија каде се лекуваат пациенти со примарна и тешка имунодефициенција.

Воведена е и забрана за посета на болници кои се во надлежност на Комисијата за превенција на болнички инфекции.

Комисиите за превенција од болнички инфекции во здравствените установи се должни во наредните седум дена да направат проценка на епидемиолошката состојба и да предложат мерки, како и редовно да ја следат епидемиолошката состојба.

Во однос на болничките капацитети за сместување на хоспитализирани пациенти болни од Ковид, Работната група зазеде став дека засега не е потребно нивно дополнително проширување.

Во Србија за само три недели, бројот на заразени со корона вирусот е тројно зголемен, а според епидемиолози, реалната бројка е 10-20 пати поголема, бидејќи заболените малку одат на лекар, а уште поретко се тестираат за Ковид - 19.

Според последните официјални податоци, за една недела во Србија имаше 1.529 нови случаи, што е на ниво на статистичка грешка ако се знае дека на почетокот на 2022 година имало речиси 20.000 нови случаи на дневна основа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија

Само за храна и пијалаци во октомври на граѓаните им биле потребни 26.170 денари. Од јануари трошокот за храна и пијалаци пораснал за речиси 2.000 денари. 

СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна –  33% од работниците живеат во сиромаштија

Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 илјади денари.

Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци.

Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа.

Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно.

33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата.

Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија.

Наместо да ги зголеми платите арамијата размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници а Мицкоски над 100.000.

Ова сурова реалност е одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни.

Скопје, 21.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота

Во пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата.

Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота

Во пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата во некои градови за време на немирите и насилствата од минатиот викенд.

Откако вчера беше воведен полициски час во неколку критични области зафатени од минатонеделниот хаос, ноќва ширум Франција поминала мирно, велат властите. Во меѓувреме, досегашната проценета материјална штета од немирите и грабежите особено во Париз, Марсеј и Лион, се проценува на милијарда евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителите бараат итно одлучување за намалените плати

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат Уставниот суд итно да одлучи за намалувањето на коефициентите за пресметка на нивните плати.

Обвинителите бараат итно одлучување за намалените плати

Во заедничко соопштение изразуваат сериозна загриженост поради осуммесечното непостапување по поднесените иницијативи.Тие ги оспоруваат измените на законите со кои платите на јавните обвинители и членовите на советот беа намалени во три наврати.

Како аргумент го посочуваат и решението на Уставниот суд од 24 декември 2025 година, со кое беше поведена постапка за оценување на уставноста на законските измени.Во него судот изразил сомнеж дека намалувањето на коефициентите може да ја доведе во прашање уставно загарантираната самостојност и независност на Јавното обвинителство.Од јавнообвинителската фела предупредуваат дека одложувањето на одлуката создава диспаритет меѓу судската и јавнообвинителската функција.Според нив, намалувањето на платите е спротивно на европските стандарди за владеење на правото.Предупредуваат и на можен одлив на обвинителски кадар, што би можело да го загрози нормалното функционирање на Обвинителството.

Како дополнителни проблеми ги наведуваат ниските плати, недостигот од кадар, ограничениот буџет и несоодветните услови за работа.Сметаат дека ваквата состојба директно може да се одрази врз остварувањето на правата и заштитата на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер