Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници - Канал 5

Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници

Претседателот на Сојузот на просветните работници на Србија, Добривоје Марјановиќ, изјави дека е неточно тврдењето на Владата дека нема пари за покачување на платите.

Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници

Членови на четири репрезентативни образовни синдикати од цела Србија денеска напладне започнаа протест пред Народното собрание на Белград, а потоа и пред Владата и Министерството за образование, потсетувјќи дека нема да се откажат од своите барања за подобрување на финансиската состојба на вработените во училиштата и предучилишните установи. Поради протестот во повеќето училишта денеска немаше настава или беше со скратено работно време, јави дописникот на МИА од Белград.

Претседателот на Сојузот на просветните работници на Србија, Добривоје Марјановиќ, изјави дека е неточно тврдењето на Владата дека нема пари за покачување на платите од 12 отсто што го нуди Владата.

- Во медиумите слушаме дека државата има голем вишок, суфицит, што значи дека парите не се распределуваат како што треба, изјави Марјановиќ кој денешниот протест го оцени дека бил уште поуспешен од пред еден месец.

Претставниците на синдикатите вчера разговараа со српскиот премиер Милош Вучевиќ и со министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ, но двете страни останаа на поделени позиции.

Претседателот на Синдикатот на просветните работници од Војводина, Милан Трбовиќ, на протестот рече дека државата покажува непочитување кон просветните работници и ја девалвира нивната работа и дека наскоро ќе вегуваат во училиштата со рударскиот поздрав - Со среќа!

- Повторно се собравме, навикнати на игнорирње на државата за најобразованата професија, според повикот, бидејќи оваа професија е од витално значење за Србија, рече Трбовиќ.

Тој потсети дека една година во Собранието на Србија не се гласаат измени на Кривичниот законик со кои, како што рече, би се спречило насилство во образованието врз просветните работници.

И додека опозијата ги поддржа барањата на протестот, министерот за финансии Синиша Мали изјави дека „штрајкот во образованието не е решение, оти најголем дел од барањата се исполнети“.

- Ги исполнивме условите тие да добијат статус кој може да им обезбеди поголема безбедност и сигурност, но не и статус на заштитено лице, потоа барањето за изедначување на коефициентот, а што се однесува до покачувањето на платите, кога видовме колкав е фискалниот простор, рековме дека просветните работници ќе имаат 50 отсто поголем пораст на плати од 1 јануари следната година во однос на сите други вработени во јавниот сектор, рече Мали.

Според Министерството за образование, денеска наставата во целост е спроведена во 48,32 отсто од училиштата во Србија, во изменет режим настава е организирана во 28,29 отсто, додека 23,39 отсто од училиштата целосно ја прекинале воспитно-образовната работа. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Екс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини.

Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам.

39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела.

Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“.

Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница.

По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции.

Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството.

Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер