БалканВо Србија почнуваат консултациите за формирање нова владаСрпскиот претседател Александар Вучиќ денеска почнува со консултации за формирање нова влада, и за првиот ден се закажани разговори со претставници на четири изборни листи.Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска почнува со консултации за формирање нова влада, и за првиот ден се закажани разговори со претставници на четири изборни листи, јави дописникот на МИА од Белград. За днеска се чекуваат разговори со претставниците на листата „Руска партија - Слободан Николиќ“, „Сојуз на Војводински Унгарци (СВМ)“, „Усаме Зукорлиќ - Обединети за правда - Партија на правдата и помирувањето - Босанците од Санџак, како и „Томислав Жигманов – Демократски сојуз на Хрватите во Војводина“ и пратеничката група „Ние – глас од народот“. Вучиќ вчера изјави дека испратил писмо до сите носители на листи и пратенички групи во српското Собрание, а за учество на консултациите се пријавиле пет-шест листи. Според него, консултациите ќе завршат до петок. Дел од парламентарните опозициски партии претходно најавија дека нема да одговорат на повикот на претседателот за консултации за формирање нова влада. На 20 март соопштија дека постигнале консензус дека формирањето преодна влада е неопходно за излез на државата од социјалната и политичката криза. Опозициските партии најавија дека идејата е тоа да биде таканаречена „Влада на народна доверба“ која би била „привремена влада, со максимално времетраење до девет месеци, што би имала конкретни задачи“. На 19 март Собранието на Србија ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ, со што заврши мандатот на актуелната влада. Рокот за формирање на нова влада е 18 април на полноќ. Доколку до тој датум не се формира влада, ќе бидат закажани вонредни парламентарни избори. Вучевиќ на 28 јануари поднесе неотповиклива оставка од таа функција, откако во Нови Сад се случи напад врз студентите во блокада. Српскиот претседател нагласи дека очекува најбројната пратеничка група - СНС да го извести дали сакаат да формираат влада или сакаат нови избори, а она што е сигурно, како што рече, е дека во таа партија нема расположение за каква било преодна влада, со што и тој се согласува. Вучиќ претходно рече дека негова уставна обврска е да им го довери мандатот за состав на влада на оние кои велат дека можат да обезбедат мнозинство, односно најмалку 126 гласа во парламентот. Според член 127 од Уставот на Србија, кандидатите за функцијата премиер на Народното собрание му ги предлага претседателот на Републиката по консултација со претставниците на избраните изборни листи. Во Законот за влада, во членот 15, стои дека владата ја избира Народното собрание на предлог на кандидат за премиер, а се избира доколку за нејзиниот избор гласало мнозинството од вкупниот број пратеници. Премиерот на Србија во технички мандат и претседател на СНС Милош Вучевиќ претходно изјави дека се залага за избор на нова влада. Тој објасни дека е неопходно новата влада да има нови луѓе и нова енергија, капацитет да ја стабилизира државата по се што се случува и да работи на економско закрепнување, зајакнување на државата, како и отворање социјален дијалог. „Мислам дека ќе видиме многу нови луѓе, дополнителна сила што треба да ја донесе тоа и оптимизам кај граѓаните на Србија. Јас сум за избор на нова влада, српска влада, а не оваа лажна преодна, односно сите влади, нема ништо од тоа и никогаш не можете да исклучите избори“, рече Вучевиќ. Првиот вицепремиер и министер за финансии во техничкиот мандат, Синиша Мали, претходно изјави дека сите опции се на маса кога станува збор за тоа дали ќе се избере нова влада или дали ќе се одржат вонредни избори и посочи дека е важно што поскоро да има нова влада. Социјалистичката партија на Србија потврди дека коалицијата собрана околу таа партија ќе оди на консултации со Вучиќ, и едногласно донеле одлука за продолжување на соработката со Српската напредна станка и Александар Вучиќ. Тие изразиле подготвеност да учествуваат со нивните коалициски партнери во дискусиите за формирање и избор на нова влада. Дел од парламентарните опозициски партии изјавија дека нема да одговорат на поканата на претседателот Александар Вучиќ за консултации за новата Влада на Србија, наведувајќи дека можат да разговараат само за преодна влада. Во заедничката изјава потпишана од Партијата на слободата и правдата, Народното движење на Србија, Новата демократска партија на Србија, ПОКС, Движењето на слободни граѓани, Партијата Србија Центар - СРЦЕ и Зелено-левиот фронт, беше оценето дека „единствениот начин Србија да оди напред е исполнување на студентските барања“ и мирни услови за промена на власта. На поканата за консултации за новата влада нема да одговорат ниту Демократската партија, ниту движењето Еколошко востание, чии претставници изјавија дека не ја добиле поканата. На консултациите со претседателот Вучиќ нема да одат ниту претставниците на пратеничката група „Ние силата на народот“ на Бранимир Несторовиќ, кои сметаат дека „изборите мора да се распишат што е можно поскоро“. Доколку не се избере нова влада до 18 април на полноќ, кога истекува законскиот рок од 30 дена за избор на нов премиер и членови на владата, откако српскиот парламент ја констатира оставката на премиерот Милош Вучевиќ на 19 март, со што го прекинува мандатот на целата влада, претседателот на државата е должен да го распушти Парламентот. Според Законот за избор на народни пратеници, член 59, е пропишано дека претседателот на Републиката ги распишува изборите, а одлуката за распишување на изборите влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Србија“. Исто така, според членот 60 од тој закон, од денот на распишувањето на изборот до денот на гласањето може да поминат не помалку од 45, ниту повеќе од 60 дена, односно изборите би се одржале на 8 или 15 јуни. Последните парламентарни избори во Србија беа одбележани со обвинувања против властите дека победата ја постигнале со изборна манипулација. Владејачката СНС ги отфрли таквите наводи како неточни. На изборните нерегуларности потоа укажаа претставници на опозицијата, домашни набљудувачи, како и Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР). Владејачката Српска напредна странка има 112 од вкупно 250 пратеници во српскиот Парламент, а нејзиниот најголем коалициски партнер, Социјалистичката партија на Србија, има 13. Во владејачката коалиција има и други помали партии, а за избор на влада во мај 2024 година гласаа 152 пратеници, додека 61 беа против. Во Србија веќе пет месеци траат протести и студентски блокади, чие прво барање е кривична и политичка одговорност на властите за смртта на 16 лица при пад на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година. Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветИрачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку ИракИрачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак. Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата. Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа. Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.Тагови: Ирак Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДијаспората се обедини: Голем собор на Македонците во ВолонгонгГолем собор на Македонците во Волонгонг: Дијаспората се обедини на Митровден.СО ТОРЖЕСТВЕН СЕНАРОДЕН СОБОР ВО ВОЛОНГОНГ БЕШЕ ПРОСЛАВЕН ПРАЗНИКОТ МИТРОВДЕН И БЕШЕ ОДБЕЛЕЖАНА ХРАМОВАТА СЛАВА Споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, освен во татковината свечено со векови е прославуван од нашиот македонски народ во дијаспората. Традиционално и оваа година во далечна Австралија, во Волонгонг во присуство на многуброен народ од сите краишта на Австралија беше свечено прославен патрониот празник на храмот. Чествувањето започна во предвечерието на празникот на ден 07. 11. 2026 година со Вечерна богослужба. Утредента на 08. 11. 2026 година, во 23 недела по Педесетница, на самиот ден на празникот чествувањето на светиот Димитриј продолжи со Утрена богослужба и Света божествена литургија предводена од страна на отец Гаврил (Галев) од манастирот „Свети Климент Охридски“ во Мелбурн во сослужение на пречесните отци, старешината на храмот славеник, протојерејот Борислав Лазов и со пензионираниот свештеник, о. Климент Џепароски. На Литургијата присуствуваше голем број верен народ од Волонгонг и околината на Илавара и Сиднеј, кои дојдоа да се помолат и да се поклонат на честицата од моштите на светиот Димитриј и да се причестат со Светите Христови Тајни. Пред присутните на Литургијата со свое празнично слово посветено на светиот Димитриј се обрати отецот Гаврил. Во беседата тоу укажа на значањето секој православен верник да се преобразува и да го следи примерот на светителите, кои се наши застапници и молитвеници пред Бога на патот на спасението. По Литургијата беа осветени славските колачи. Од страна на црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ известија дека на овој торжествен ден беа особено удостоени со присуството на Амбасадорот на Република Македонија, г-дин Стојанче Китаноски, како и на отец Гаврил од манастирот „Св. Климент Охридски“ од Кинг Лејк, Мелбурн. А исто така дека на оваа значајна духовна и празнична радост ѝ се придружија и претставници од повеќе сестрински Македонски црковни општини од Мелбурн, Сиднеј и Њукастел. „Нивното присуство претставуваше посебна чест и радост за нашата црковна заедница, сведочејќи за единството, братската љубов и заедништвото што нè поврзуваат во верата и во нашата Македонска православна традиција“ – известија од страна на црковната општина. По литургиската прослава следуваше празничен ручек и богата културно-уметничка програма. По благословот на трпезата, пригосни говори одржаа парохискиот свештеник, о. Борислав Лазов и Претседателот на црковната општина, г-дин Петар Лозенковски, кои како домаќини им посакаа топло добредојде на гостите. Потоа збор им беше даден на гостите. Пред присутните се обрати и заменик претседателот на Австралиско-сиднејската епархија, г-дин Дејан Змејкоски, кој во својот поздравен говор ја истакна важноста од сплотеноста на македонскиот народ во Австралија и во практикувањето на верата, традициите и во чувањето на јазикот, културата и идентитетот далеку од својата татковина во земја која на демократски начин овозможува развој на мултикултурализмот. Змејкоски ги пренесе поздравите од членството на Управата на најстариот храм во македонската дијаспора „Свети вмч. Георгиј и Пресвета Богородица“, како и од верниот народ при оваа општина во Епинг укажувајќи дека сите црковни општини под Австралиско-сиднејската епархија се во значителен подем и развој и дека е од особена важност тој заенички епархиски успех и во иднина да се сочува и надградува. Македонскиот амбасадор, Н.Е. Стојанче Китаноски исто така се обрати пред собраниот народ, искажувајќи дека тој како новоназначен амбасадор ќе се труди да биде блиску до сите наши луѓе, а исто така и Амбасадата која секогаш ќе биде отворена за секој еден наш иселеник. Амбасадорот Китановски им ја честиташе храмовата слава на Управата и верниците при црковната општина во Волонгонг и им се заблагодари за целокупниот труд кој го вложуваат за зачувувањето на врските со нашата заедничка земја и татковина Македонија. Од страна на Управата во знак на благодарност на Амбасадорот му беше доделена плакета, која му ја додели Претседателот, г-дин Петар Лозенковски. Во продолжение пред собранието, кратки поздравни говори имаа и претседателот на Црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ од Њукастел, г-дин Сашо Стојчевски, по што беа разменети пригодните подароци. На настанот присуствуваа и секретарот на ЕУО, г-дин Александар Младеновски, како и преставници од црковните општини од Рокдејл и од Силванија. Ваквата прослава беше прекрасна можност македонската заедница од Австралија да се собере на едно место за што Му благодариме најнапред на Бога за неговиот благослов и на светиот Димитриј, а на сите присутни гости, сослужители, верници и пријатели им упатуваме искрена благодарност за нивното присуство и споделената празнична радост, велат од црковната општина. По молитвите на Светиот великомаченик Димитрија Солунски, Господ да ги чува, укрепува и благословува нашите семејства, нашата црква и целиот македонски православен народ, каде и да се наоѓа! За многу години празникот!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
НБАПовредена целата прва петорка на ДенверКошаркарите на Денвер Нагетс се во многу лоша ситуација бидејќи повеќето од нив мака мачат со повреди.Нагетси досега имаат остварено пет победи и три порази во сезоната 2026/27, а во ноќта меѓу понеделникот и вторникот, во 2 часот и 30 минути по полноќ (според наше време), ги очекува дуел со Хјустон Рокетс. Како што пренесуваат американските медиуми, а потврди и самиот тим од Денвер, Нагетс се соочуваат со сериозен проблем, бидејќи постои можност натпреварот да се одигра без ниту еден од клучните играчи на тимот од Колорадо. Вклучен е алармот – Никола Јокиќ се наоѓа на листата на повредени поради повреда на десниот лакт, поради што е можно воопшто да не настапи на натпреварот против Хјустон! Извештајот за здравствената состојба во тимот на Нагетс ги загрижи сите навивачи на Денвер, бидејќи на него се наоѓаат речиси сите важни играчи. Единствено сигурно е дека Џулијан Стротер нема да настапи против Рокетс поради повреда на левото колено. Како што веќе беше споменато, Јокиќ има проблеми со десниот лакт, Кристијан Браун со листот на левата нога, а Арон Гордон, Кем Џонсон и Демар Дерозан исто така имаат проблеми со нозете, додека Џамал Мареј има повреда на потколеницата на левата нога. Настапот на секој од нив е неизвесен, а ситуацијата дополнително се усложни поради доцнењето на летот при враќањето од Мексико Сити, каде што Нагетс играа во саботата навечер. Поради тоа, целата стартна петорка се наоѓа на списокот на играчи чиј настап на следниот натпревар е неизвесен.Тагови: Денвер НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44