БалканВо Србија почнува примена на Одлука на НБС за олеснување за корисници на кредити Во Србија почнува примена на Одлука на НБС за олеснување за корисници на кредити кои имаат оправдани причини за враќање на долгот.Од денеска во Србија според одлуката на Народната банка пошнува спроведување на мерките за олеснување за корисниците на кредити кои имаат оправдани причини за неможност за враќање. Генералниот директор на Секторот за заштита на корисниците на финансиски услуги на НБС, Бојан Терзиќ, вели дека новите мерки им овозможуваат на граѓаните во тешки животни ситуации - како што се губење на работа, болест или семејни проблеми - да побараат помош од банките при враќање на кредитите, јави РТС. -Банките се должни да соработуваат со клиентите и можат, во зависност од околностите, да одобрат одложување, реструктуирање или дури и делумно отпишување на долгот, тврди Терзиќ. Тој истакнува дека тие мерки не подразбираат автоматско зголемување на каматните стапки и дека целта е да се заштитат граѓаните кои привремено се во финансиски тешкотии. -Ова не се бенефиции за кои треба да аплицира секој, туку оние кои се наоѓаат во таква ситуација што влијае на можноста за редовно отплаќање на кредитот. Може да биде секој корисник кој ја загубил работата, претрпи сериозна повреда или болест, има комплицирана семејна ситуација - како на пример неговиот сопружник е сериозно болен или е во тек развод. Значи, сè што го отежнува редовното отплаќање на обврските кон банката“. На прашањето дали ова во пракса значи дека граѓаните кои доцнат со отплатата на кредитот по три месеци неплаќање треба сами да аплицираат за ваков вид помош или ако банката ги извести за тоа, Терзиќ нагласува дека и двете опции се можни. „Банките се должни да се грижат за отплатата на кредитот. Од друга страна, заемопримачот има повеќе информации за својата финансиска состојба отколку самата банка - ако види дека има проблем, треба да оди во филијалата“, вели соговорникот. Бојан Терзиќ тврди дека овие олеснувања не значат дека после тоа би имало дополнително и непредвидено зголемување на каматата на некои од кредитите. Тој подвлекува дека меѓу корисниците има и такви кои имаат станбени, готовински и потрошувачки кредити и дека сите тие се опфатени со овие мерки. „Исто така, има и такви кои истовремено имаат и станбени и готовински или потрошувачки кредити. Во таа ситуација, банката може да најде начин да ја реструктуира отплатата и да го продолжи рокот за плаќање. Важно е банките да бидат подготвени да соработуваат по ова прашање“, вели генералниот директор на Секторот за заштита на корисниците на финансиски услуги на Народната банка на Србија. Терзиќ забележува дека во одредени случаи е можно и делумно отпишување на долгот на корисникот кон банката. „Тоа беше наведено како опција меѓу деветте точки што ги зедовме од стратегијата. Отпишувањето на долгот е можно, на пример, ако сте имале профит во одреден период - па додека сте се договориле со банката, се пресметува одредена затезна камата, така што тој дел може да се отпише“. Тој наведува дека не сè зависи од проценката на банките и дека ако корисникот биде одбиен, има право да поднесе жалба до комисија за олеснување. „Потоа комисијата го разгледува барањето уште еднаш. Ние го следиме. Ако видиме дека банките се обидуваат да ја избегнат примената на одлуката, ќе ги казниме“. Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамМазда вгради звучник што му овозможува на возачот да им се обрати на пешацитеНовите автомобили од „Mazda CX-6e“ е опремена со необична функција која му овозможува на возачот да испраќа гласовни пораки до пешаците и велосипедистите преку надворешен звучник. Сепак, системот дозволува и внесување на сосема произволен текст. Функцијата, наречена „External Announcement“ (Надворешно соопштение), е дизајнирана како начин возачот да ги предупреди другите учесници во сообраќајот. Меѓу претходно дефинираните пораки се вклучени опции како „Еј пријателе, тука сум“ и „Те молам, погледни нагоре и внимавај на патот; чувај се“. Проблемот е во тоа што системот им овозможува на корисниците и сами да креираат пораки. Возачите го внесуваат текстот преку големиот централен дисплеј од 26,45 инчи, без очигледен филтер што би спречил употреба на навредлива или несоодветна содржина. Како резултат на тоа, функцијата наменета за добронамерна комуникација лесно може да се претвори во алатка за провоцирање на пешаците, пренесува *Revija HAK*. Оваа функција е преземена од кинескиот пазар, каде што се продава технички сродниот модел Deepal S07. Како што пренесува B92, Mazda можеби ќе го реши проблемот преку софтверско ажурирање. На одредени пазари, CX-6e користи литиум-железо-фосфатна батерија со капацитет од 78 kWh, која поддржува брзо полнење со моќност до 200 kW. Неговиот деклариран досег изнесува до 484 км според WLTP циклусот. Достапен е во една конфигурација на погонскиот систем, која вклучува електромотор со моќност од 255 КС и погон на задните тркала. Сè уште не е потврдено дали функцијата за надворешен звучник е достапна кај европската верзија на CX-6e.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Чудо од Англија: Тиква тешка речиси 1.300 кг Чудо на нива во Англија. Ако мислите дека сте виделе сè во градинарството, оваа глетка од Англија може целосно да ве разубеди. Британецот Јан Патон повторно го собори својот личен светски рекорд одгледувајќи огромна тиква тешка неверојатни 2.856,8 фунти, што изнесува речиси 1.295 килограми. Како што пренесува „БроБајбл“ (BroBible), овој џин, кој тој го нарече „Багира“, го надмина неговиот минатогодишен рекорд за речиси 18 килограми. Колку труд е потребен за да се одгледа ваква џиновска тиква? Одгледувањето на таков џин воопшто не е едноставна задача. Според информациите што Јан Патон ги сподели со „Би-би-си њуз“ (BBC News), на тиквата ѝ биле потребни дури шест часа интензивна нега секој ден, а „пиела“ околу 130 галони вода дневно. Зачудувачки е фактот дека тиквите со оваа големина, во фазата на најбрз раст, можат да добијат и до 22 килограми тежина за само 24 часа. Иако со години учествувал на овие натпревари заедно со својот брат близнак Стјуарт, оваа година Јан одлучи да настапи самостојно и победи. Откако официјално беше потврдено дека е најтешка во светот, „Багира“ е изложена на фармата „Санифилдс“ во близина на Саутемптон. https://www.instagram.com/p/DeEui7Pqsqs/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again Сепак, судбината на овој рекордер е веќе запечатена. По завршувањето на изложбата, тиквата ќе биде исечена и искористена како храна за крави. Тиквите се сметаат за високохранливи, што ги прави идеален оброк за добитокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛинекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“ Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година. Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот. „Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер. Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор. „Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата. „Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook