Во Србија одржани собири за поддршка на Србите во Косово - Канал 5

Во Србија одржани собири за поддршка на Србите во Косово

На голем број места во Србија денеска се одржаа собири за поддршка на Србите на Косово, пред утрешните локални избори. 

Во Србија одржани собири за поддршка на Србите во Косово

Дел од собирите беа организирани од поддржувачи на властите, а други од студенти во блокадата и граѓани како поддршка на своите колеги во Северна Митровица и Србите на Косово.

Во Косово утре се одржуваат локални избори, на кои право на глас има секој на кого му се издадени документи од актуелните косовски власти.

Српските власти повикаа Србите во Косово да излезат и да гласаа на тие избори.

Премиерот Ѓуро Мацут изјави за време на прошетката на граѓаните против блокадите дека е важно да се поддржат Србите во Косово и да бидат обединети, а не поделени.

„Мислам дека е важно да покажеме слобода во Белград и во Србија воопшто, луѓето јасно и целосно мирно да можат да покажат што сакаат и што мислат, како и да ги поддржиме нашите сонародници во Косово за претстојните избори“, изјави Мацут за белградски медиуми.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека собирите „Граѓани против блокади“ имаат неколку пораки - едната е да се прекинат блокадите и Србија да се врати во нормален живот без насилство на улиците, а другата е дека е важно да се поддржат луѓето од Косово и „против мерките што се спроведуваат против нив со цел етничко чистење“.

Помошникот на директорот на српската полицијата Владан Радосављевиќ вечерва изјави дека собирите „За Србите на Космет, граѓаните против блокадите“ се одржале на 183 локации, на кои присуствувале околу 167.800 граѓани. Тој на прес-конференција рече дека тоа биле најголеми собири досега и на најголем број локации, и дека се организирани од Центарот за социјална стабилност.

Од друга страна, тој посочи дека се одржале 24 ненајавени собири, каде што биле присутни околу 2.300 граѓани.

„На неколку локации имаше поединечни инциденти и 19 лица беа приведени, но на јавните собири немаше нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем. Немаше повредени граѓани или полицајци“, рече Радосављевиќ.

Во Богатиќ за време на ненајавено собирање имало обид за пробивање на полицискиот кордон, во Нови Сад бил каменуван автобус и дека поставувањето полициски кордони на неколку локации спречило конфликт меѓу учесниците на јавните собири.

„Ги молам граѓаните да се воздржат од нарушување на јавниот ред и мир и од секаков вид насилно однесување. МВР, во соработка со други органи и институции, ќе преземе сите мерки за заштита, заштита на правото на граѓаните на мирно собирање, ќе се грижи за безбедноста на сите учесници. Ќе се грижиме за безбедноста на сите учесници на собирите“, рече тој.

Локалните избори во Косово се одржуваат утре и ќе се гласа во 38 општини каде право на глас имаат нешто повеќе од два милиони гласачи, кои ќе имаат две гласачки ливчиња пред себе: едното на кое ќе можат да избираат градоначалници, а другото за состав на локалните собранија.

Според белградски медиуми, за Србите, тие избори се одржуваат во исклучително тежок момент, но во исто време, ова гласање е важно и затоа што претставува можност за српската заедница, која ги напушти локалните институции и ги бојкотираше претходните избори, да ја врати власта во четирите општини на северот на Косово каде што Србите се мнозинското население. И претставниците на Србите од Косово и властите во Белград велат дека тие избори се „судбоносни“ и од големо значење за Србите во Косово.

Поддршката од Белград, кога станува збор за српските партии на Косово, има само Српска листа, но, покрај неа, утре на гласачките ливчиња ќе бидат и партијата за слобода, правда и опстанок на Ненад Рашиќ, Српска демократија на Александар Арсенијевиќ, Српското народно движење на Милије Бишевац, косовскиот сојуз на Горан Маринковиќ, како и неколку граѓански иницијативи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер