Во Србија денеска 284 новозаболени , уште 7 починати од коронавирус

Во Србија, уште 7 починале од компликации поврзани со новиот вид коронавирус, соопштија денеска српските власти на прес-конференција.

На респиратори има 98 пациенти, а денеска  има 284 новозаразени. Сегашната стапка на смртност во Србија е 2,66 проценти.

„Нема сомнение дека сме во пресрет на подемот на епидемијата, што го очекувавме. Но, оваа ситуација јасно стави до знаење дека треба да се придржуваме кон некои порестриктивни мерки. Нема друго решение.

Продолжуваме со тестирање. Се фокусираме на примарната нега. Во амбулантите специјализрани за „Ковид-19“ имаме намера да ги сместиме пациентите со полесни симптоми на кои ќе им биде укажана изолација “, рече докторот Предраг Кон, пренесува Blic.rs.

притисни ентер