Во Србија 27 новозаболени во последните 24 часа

Бројот на нови случаи на коронавирус во Србија во последните 24 часа е помалку од 1 процент,  потврдени се само 27 позитивни случаи од 3548 тестирани лица.

Во последното деноноќие не е забалажен и ниту еден смртни случаи од коронавирус, објавено е на веб-страницата „Ковид-19“.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се потврдени 11.381 случаи на коронавирус, а 242 лица починале.Досега оздравеле 6.606 лица.

Во моментов се хоспитализирани 555 пациенти од кои 10 се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата, тестирани се примероци од 242.782 лица кои го исполнија критериумот за дефинирање на случаи.

Стапката на смртност е 2,13 проценти.

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 11 милиони

Бројот на заразени со коронавирус, од кој што починаа повеќе од половина милион луѓе за седум месеци, денеска надмина 11 милиони во светот, пренесува Ројтерс.

Бројот на случаи на ковид-19, болест предизвикана од новиот коронавирус, сега е повеќе од двојно поголем од годишниот број на потешки форми на грип, според Светската здравствена организација (СЗО).

Многу земји погодени од пандемијата ги ублажија мерките воведени за забавување на ширењето на инфекцијата, па некои забележаа значителен пораст на болеста и сега делумно се опоравуваат, шема што често ќе може да се види во 2021 година, велат експертите.

Соединетите држави вчера објавија повеќе од 55.400 нови случаи на ковид-19. Во повеќето американски држави, бројот на случаи на инфекција е во пораст, а неколку гувернери престанаа со плановите да ги отворат своите држави.

Во САД се пријавени скоро една четвртина од смртните случаи на коронавирус ширум светот, околу 129.000.

Јужна Америка учествува со 23% од случаите на инфекција ширум светот, а само во Бразил има 1,5 милиони. Индија стана новиот епицентар на пандемијата во Азија со 625.000 случаи.

Азија и Блискиот исток секој од нив имаат 12 и 9 проценти од случаите во светот, според Ројтерс, а врз основа на владини извештаи.

Во некои земји со ограничен капацитет за тестирање, бројот на регистрирани случаи одразува помал дел од вкупниот број случаи на ковид-19. Околу половина од заразените досега се опоравиле.

Досега, во светот има 520.000 смртни случаи поврзани со новиот коронавирус, што е приближно исто со годишниот број на смртни случаи од грип.

По избувнувањето во Кина и потоа ширењето во Европа, пандемијата сега влезе во нова фаза во која Индија и Бразил имаат најголем број нови инфекции, повеќе од 10.000 на ден.

Во многу земји, вклучително и Кина, Нов Зеланд и Австралија, има повторна појава на инфекцијата во текот на изминатиот месец, иако тие во голема мерка го сузбија локалниот пренос.

Николоски: Силна поддршка и развој на ИТ индустријата, младите својата иднина да ја градат во Македонија

Загрижен сум за иднината на Македонија, мислам дека ова се најбитни избори на кои што ќе излезе македонскиот народ од осамостојувањето до денеска. 

Тоа е така затоа што иднината на Македонија е доведена во прашање и затоа секој ден се прашувам што ќе биде со Македонија. Јас сум убеден дек со Зоран Заев може да биде само пустош и црнила како што е сега, национално понижување, економско опустошување. Со ВМРО-ДПМНЕ,, со третата генерација на ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде обновата и ќе се реализираат преку 1000 проекти напишани во нашата програма Обнова на Македонија, вели Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на изборната единица 4 вечерва на средба со граѓаните на општина Гевгелија.

Николоски истакна дека е загрижен за иднината на младите и во Гевгелија и во цела Македонија, потенцирајќи дека тој сака младите да ги гледа во сопствената држава како ја градат својата иднина.

Но, она што ми е основна водилка се овие деца кои што ги гледам тука, кои што безгрижно играат фудбал во овие вечерни часови како што и ние сме правеле кога сме биле како нив. За нив размислувам. Каде ќе се тие за десет, за дваесет години кога ќе станат возрасни и кога ќе треба да одлучуваат низ крстопатите во животот. За нив размислувам. Јас сакам да ги видам тука во Македонија, горди Македонци во напредна, развиена, исчистена од корупција Македонија, Македонија која што економски напредува и која што има ред. Тоа е мојата желба. Желбата на некои други е да се иселат, да одат по белиот свет,, во Германија, по Швајцарија, за овде да останат бандитите, неранимајковците, за да можат да ја пљачкаат државата како што го правеа тоа изминатите триесет години, вели Николоски.

Николоски ги повика граѓаните масовно да излезат на 15 јули и да ги донесат промените во Македонија истакнувајќи дека секој глас и секој човек е важен додавајќи дека токму граѓаните ќе ги ја направат промената во Македонија и ќе ја донесат обновата

Ваша е одлуката што ќе се случи, вие на 15 јули одлучувате дали во Македонија ќе се случат промените. Јас сум убеден дека ќе се случат, и затоа уште еднаш ве повикувам на голема масовна излезност затоа уште еднаш ве повикувам, ни треба секој глас, ни треба секој човек, ни треба голема излезност.

Од вас зависи, од вашиот глас зависи, од вашата активност зависи иднина на Македонија, од масовната излезност 15 јули зависат промените во Македонија.

Затоа ве повикувам секој еден од вас, да излезете на гласање на 15 јули, да ги повикате вашите роднини, пријатели, комшии, познаници и сите што ги познавате масовно да излезат на 15 јули и во Македонија да се случи промената.

Тие сакаат да останете дома, ние сакаме да излезете и вие да одлучите.

Тие сакаат да сте со свиткана кичма, ние сакаме горди Македонци, тоа е суштинската разлика, порача Николоски.

Николоски вети многу проекти за младите луѓе, отворање на нови работни места, поволни услови за фирмите да вработуваат млади лица до 29 години, како и мерки за средношколците кои нема да продолжат да студираат, да започнат да работат во Македонија и овде да ја градат својата иднина.

Секој кој што ќе вработи млад човек до 29 години нема да плаќа придонеси односно давачки затоа што сега работодавач да даде плата од 20.000 денари на работникот уште 10.000 денари дава давачки за пензиско инвалидско, здравствено, персонален итн. Нашата идеја е овие 10.000 денари да ги скратиме да не ги дава работодавачот кон државата, барем пола да ги даде за повисока плата на младите а со другата половина да се отвораат нови работни места за да ни останат младите дома.

Втора работата, иднината на Македонија е пред се во фаќање на чекор со светот. Силна поддршка и развој на ИТ индустријата , што повеќе млади луѓе да се запишуваат на информатика, да стекнуваат вештини и на тој начин да си ја гледаат иднината да си го вадат лебот.

Трета работа за младите, знаете дека се повеќе недостасува високо квалификувана работна сила. После средно школо ако некој не сака да се запише на факултет а има добар занает што би рекол народот да му е гарантирана работа, со добра плата, а во последните две години од средното школо да работи веќе за да може да стекнува вештини, на начин што државата ќе ги подржи фирми што ќе вработуваат вакви млади луѓе, за да можат да ни останат тука со добри високи плати, рече Николоски, се наведува во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.

Заев, Спасовски, Лукаревска и Зекири од Гази Баба: Татковината е обновена, продолжуваме да инвестираме и градиме, режимот и национализмот се минато

Коалицијата „Можеме" вечерва одржа граѓанска трибина во скопската општина Гази Баба на којашто е посочено дека гласањето за бројот 3 на 15.јули е глас за сигурна иднина и градење, бидејќи времето на режимот е минато и државата оди напред.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, порача дека обнова на режимот не ни треба, како ни национализам што враќа назад додека светот оди напред. „Обновена е татковината, одиме кон сигурна иднина", рече претседателот Заев.

„Четврта индустриска револуција, дигитализација и развој на информатички технологии, младите можат за 10 часа да бидат во Токио, или во Вашингтон, или во Берлин. Светот оди напред, ние уште кавги дома? Македонци, Албанци, со соседите? Доста е, се здруживме дома, го изградивме концептот Едно општество за сите во изминативе три години. Еве нема никакви конфликти во државата. Ќе ги враќаме конфликтите, ќе се биеме меѓу себе? Додека светот оди напред? Не ни треба тоа. Обнова на режимот не ни треба. Времето на национализмот и лажниот патриотизам е минато, на 15.јули гласаме за сигурна иднина, за бројот 3, затоа што можеме уште повеќе и уште подобро", порача претседателот на СДСМ, Заев.

Потпретседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски најави развојна економија со вложувања во инфраструктурата и повисоки плати.

„Ќе има покачувања и на минималната плата и на просечната плата. Во Програмата се обврзуваме дека ќе ги поддржиме домашните и странските компании со 600 милиони евра – 300 милиони од буџетот и 300 од европските фондови", најави Спасовски кој ги повика граѓаните да излезат на гласање и да продолжиме по правиот пат.

Носителката на листа во ИЕ 2, Сања Лукаревска најави ред, правда и дисциплина, прочистено судство, безбедни градови.

„Нема да има раководители до пензија во администрацијата, ќе им дадеме шанса на младите. Нема да дозволиме да се врати режимот, за семејства "во ендек". Тефтерчињата на подобни и неподобни се минато. Зборуваат денес за бокс во фаца - генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе го доживеат најголемиот пораз на 15.јули, од жените", рече Лукаревска.

Потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник, Мухамед Зекири рече дека „нашиот концепт Едно општество за сите ги даде резултатите, а претходната власт делеше за да ловат во матно.

„Од ДУИ почнале да се јавуваат на млади административци Албанци со заплашување дека ќе биле отпуштени од работа. ДУИ не е нивен сопственик. Ви ветувам влакно нема да им фали ако гласаат како што мислат. Немаат што да понудат од ДУИ затоа вака се однесуваат и се враќаат на етничките теми. На 15.јули граѓаните гласаат за број 3 и коалицијата „Можеме", а ДУИ оди во опција да се реформира, ако има капацитет за тоа", рече Зекири, се наведува во соопштението на СДСМ.

притисни ентер