Во сообраќајна несреќа загина ракометен репрезентативец на Шведска

Фредрик Ларсон, 36-годишниот поранешен шведски ракометен репрезентативец, загина во сообраќајна несреќа.

 Тој возел велосипед кога во него удрил камион. Зад себе остави невенчана сопруга и две деца.

Ракометарот починал на лице место, а веста за смртта ја објави шведскиот Афтонбладет. Ларсон е поранешен играч на Гумерсбах.

„Неверување и длабока тага, тоа е она што го чувствуваме! Нашите мисли се со семејството на Фредрик“, напиша шведското ракометно здружение.

Ларсон играше за ИФК Сковде до 2004 година, а за Истадс ИФ ХФ (2004-2005), а во 2005 година замина во Хамарби за кого играше до 2009 година, кога замина во шпански Арагон. Се врати во шведскиот Севехоф во 2011 година и една година подоцна се пресели во Гумерсбах. Тој ја заврши кариерата во шведскиот Алингсас.

притисни ентер