Во сообраќајна несреќа во Волково загина пешак, уапсена 40-годишна жена - Канал 5

Во сообраќајна несреќа во Волково загина пешак, уапсена 40-годишна жена

60 годишен пешак во ноќните часови во Волково беше смртно прегазен од возач на возраст од 40 години. 

Во сообраќајна несреќа во Волково загина пешак, уапсена 40-годишна жена

Локалните жители велат дека на оваа улица се вози пребрзо, нема улична сигнализација ниту пак лежечки полицајци кои би ги натерале возачите да ја намалат својата брзина.

Несреќата се случила во 20 часот и 55 минути на улицата 100 во селото Волково кога прегазениот бил удрен од мерцедес со скопски регистраски ознаки, информираа од МВР.

-На 04.01.2026 во 00:45 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 40-годишната М.С. од Скопје...Од здобиените повреди пешакот Г.И. починал на местото, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, велат од МВР.

Само неколку метри подоле од кобното место, има градинка и автобуски постојки, но нема пешачки премини ниту пак тротоар од едната страна на улицата. Локалните жители кои се приморани да пешачат или да ги туркаат детските колички по самата улица, секојдневно стравуваат за својата безбедност. Зад камерата, тие раскажаа дека само кратко време откако пешакот бил прегазен, се слушнале и удари на автомобили во кучиња, а велат дека во овој дел на населбата се уште нема поставено камери од Сејф сити.

Од општина Ѓорче Петров, тврдат дека улицата која неодамна е асфалтирана, е под надлежност на градот, и апелирале до МВР уличната сигнализација да биде поскоро поставена. Месните жители пак велат дека доколку за скоро време тоа не се направи, ќе дејствуваат преку петиција.

Државниот завод за статистика, бележи фрапантни податоци - за четири години од 2О21 до 2024та во државава имало над 17.000 сообраќајни незгоди и над 27.000 повредени, од нив над 600 загинати. Надлежните најавија дека системот за автоматска контрола на сообраќајот Безбеден град или „Сејф сити„ , ќе стартува на 1 февруари и очекуваат дека овој континуиран раст на опасности во сообраќајот ќе бидат значително редуциран, а Сејф сити, за две години целосно да ја покрие државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер