Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“
1Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“
МакедонијаВо сообраќајна несреќа кај Дебар животот го загуби мотоциклист од КичевоВо тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на магистралниот пат Дебар-Струга животот го загубиле мотоциклист од Кичево.Сообраќајката се случила во 14:30 часот кај дебарското село Отишани на десеттина километри од Дебар. -Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „Пежо-406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(43) од Скопје и моторцикл „Дукати“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од Б.Р. (33) од Кичево. Притоа, на местото на сообраќајната незгода, животот го изгуби моторциклистот а неговата смрт е констатираана од екипа на Итната медицинска помош од Дебар додека, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи. Во несреќата со телесни повреди се здобила М.Г.(42) од Скопје, сопатничка во првото возило, констатирани во Општата болница со проширена дејност во Дебар. Увид на местото извршија јавен обвинител и полициски екипи при што, патниот правец Дебар-Струга неколку часа беше во прекин. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот, ќе биде извршена обдукција. Мотоциклот бил поделен на делови, дел од нив од ударот се запалиле. Интервенирала и територијалната противпожарна единица од Дебар.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“Во Тиват денеска се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската унија и Западен Балкан“, при што главен акцент ќе биде ставен на процесот на проширување на унијата.Инаку Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Западен Балкан со самитот ќе претседава Антонио Кошта, кој во изминатиот период ги посети земјите од регионот. Домаќин на настанот е претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп за средба меѓу Путин и Зеленски?; „Не знам...“ Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа изјави дека би било „одлично“ претседателите на Русија и Украина да се сретнат и да постигнат договор за прекин на конфликтот.Коментирајќи го отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски за можна средба со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп рече дека ја поддржува идејата за директен дијалог. „Не знам. Мило ми е што можеби ќе разговараат за средба. Мислам дека имаме многу врска со тоа. Мислам дека би било одлично ако се сретнат - треба да го сторат тоа“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, според Скај њуз. Тој потсети дека претходно ја поддржувал идејата за трилатерален состанок, на кој би учествувале тој, Путин и Зеленски. Претседателот на Украина синоќа испрати отворено писмо до претседателот на Русија, Владимир Путин, во кое вели дека Украина е подготвена за прекин на војната и директни преговори на ниво на лидери, а кратко потоа Кремљ соопшти дека Путин ќе биде информиран за писмото и дека Путин рекол дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва во секое време.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕУ го одобри почетокот на преговорите со земјите од Западен Балкан за укинување на роаминготЕвропскиот совет соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, и за вклучување во моделот „роаминг како дома“, односно укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан.Моделот „Роаминг како дома“ ќе им овозможува на корисниците од шесте земји од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат пораки и да користат мобилен интернет додека патуваат во странство без да плаќаат дополнителни трошоци за роаминг, под истите услови како и дома.по денешната одлука, Европската комисија ќе започне преговори со секоја од шесте земји на Западен Балкан. Пред да се вклучат во зоната „роаминг како дома“ секоја од земјите треба да спроведе законски измени и целосно да се усогласи со европското законодавство во областа на телекомуникациите. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски неодамна изјави дека укинувањето на роамингот меѓу Европската унија и Западен Балкан зависи од динамиката на унијата, а според оптимистичко сценарио, тоа би можело да се случи на 1 јануари 2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter