Во сообраќајка кај Велес тешко повреден 71 годишен маж

Во СВР Велес синоќа било пријавено дека околу 19 часот на регионален пат Р1102 во правец од село Отовица кон Велес, патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 71 годишниот  Р.Т. од Велес, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани од болницата во Велес, информираат денеска од СВР Велес.

Како што сме информирани од ТППЕ Велес, возачот од оштетеното возило од несреќата бил извлечен со помош и асистенција на пет пожарникари - спасители од ТППЕ Велес.

Како што најавија од СВР Велес, по овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Според портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес,д-р Билјана Босилкова по извршените прегледи на лекарите специјалисти по хирушки болести и снимки на компјутерски томограф на граден кош и стомак било констатирано дека Р.Т се здобил со тешки телесни повреди и е задржан на болничко лекување во велешката болница.

Воедно најави дека во текот на денот ќе му бидат напраени и дополнителни испитувања.

Научниците загрижени: 2024. беше најтопла година, 2025. ќе го собори рекордот

2024 година е најтоплата година досега.

Ова го објави Службата за климатски промени Коперник, а со проценката се согласуваат и други научници. Меѓутоа, Метеоролошката служба на Велика Британија наведува дека овој рекорд би можел да биде соборен веќе во 2025 година.

Според податоците на британската метеоролошка служба, 2025 година ќе биде најмалку 1,29 степени потопла отколку во прединдустриската ера, а можно е просечната глобална температура да се искачи до 1,53 степени, објави Sky News.

Научниците истакнуваат дека 2025 година ќе биде многу топла, иако феноменот Ел Нињо, кој доведе до зголемување на температурите во 2023 и 2024 година, се намалува.

Причината за оваа глобална топлина е долгорочниот тренд на климатските промени, кои се резултат на емисијата на гасови со ефект на стаклена градина, главно од фосилните горива.

Метеорологот Адам Скеиф објасни дека Ел Нињо привремено ги зголеми глобалните температури, но дека климатските промени продолжуваат да ја прават секоја година потопла. Научниците истражуваат и други фактори кои би можеле да придонесат за зголемување на температурите, како што се вулканските ерупции.

Пенелопе Круз опуштено во Абу Даби на Ф1 трката, дошла да го поддржи сопругот

Актерката Пенелопе Круз беше меѓу многуте познати личности кои ја посетија трката за ГН на Формула 1 во Абу Даби минатиот викенд.

Таа не присуствуваше на ова престижното натпреварување само поради возбудата на спортот, туку дојде да го поддржи својот сопруг Хавиер Бардем, кој ја игра главната улога со Бред Пит во новиот Ф1 филм кој моментално се снима таму, а кој треба да пристигне во кината следното лето.

Иако нејзините обожаватели се навикнати да ја гледаат на црвениот тепих во елегантни комбинации, Пенелопе овој пат се фотографираше во опуштено издание. Таа се појави во широки фармерки од брендот Шанел, црна маица без ракави, а својот аутфит го комплетираше со сандали на потпетици и капа што ја заокружи целата комбинација.

Новото украинско оружје прави хаос во руските редови- чини помалку од 30.000 долари (ФОТО)

Министерството за одбрана на Украина ја одобри употребата на роботскиот систем „Droid TW 12.7“ на фронтот, најавувајќи го почетокот на новата ера во борбата со роботски беспилотни летала.

Ова одобрение следеше по ригорозните борбени тестови кои ја потврдија веродостојноста на системот, се вели во неодамнешното соопштение на украинското Министерство за одбрана, објави „Киев пост“.

Ова е значаен чекор кон поавтономно војување. „Droid TW 12.7“ е всушност платформа за следење опремена со моќен митралез браунинг од 12,7 мм. Тоа го претставува зголемениот фокус на Украина на беспилотни копнени возила (UGV) во нивниот технолошки напреден пристап кон војување.

Заменик министерот за одбрана Дмитро Клименков ја истакна важноста на ова достигнување:

„Ние стандардизираме модели кои стануваат сигурни алатки за нашите бранители, помагајќи им да ги извршуваат задачите во најтешки услови. Нашата предност е високотехнолошка армија способна да одговори на современите предизвици“.

Далечинската контрола на таблетот и способностите за дигитална комуникација на системот го истакнуваат фокусот на Украина на безбедноста на војниците и оперативната флексибилност. Ова е во согласност со пошироките иницијативи на земјата за развој и употреба на различни типови системи без екипаж, вклучувајќи воздушни и поморски беспилотни летала, кои веќе се покажаа како ефикасни против руските сили.

Напорите на Украина да развие роботски борбени системи се дел од поширокиот тренд во модерното војување. Како што истакна Наталија Кушнерска, висок извршен директор на одбранбената индустрија на Украина, овој развој „го означува појавата на сосема нов сегмент од модерното војување со беспилотни летала против дронови“.

Како што пренесува магазинот „Њусвик“, митралезот „Бровинг“ калибар 12,7 мм се покажал како сигурен во борбени услови и е стандарден дел од вооружувањето на членките на НАТО, Израел, Јужна Кореја и Јапонија. Еден дроид чини помеѓу 26.000 и 29.000 долари и се покажал како одличен против руските оклопни возила.

притисни ентер