Во Софија уапсени руски шпиони, работеле на влошување на односите на Бугарија и Македонија - Канал 5

Во Софија уапсени руски шпиони, работеле на влошување на односите на Бугарија и Македонија

Бугарското специјално обвинителство отвори истрага за шпионажа во корист на Русија за двајца вработени во Државната агенција .

Во Софија уапсени руски шпиони, работеле на влошување на односите на Бугарија и Македонија

Бугарското специјално обвинителство отвори истрага за шпионажа во корист на Русија за двајца вработени во Државната агенција за национална сигурност, позната по кратенката ДАНС, и еден вработен во некое бугарско министерство, кое не го откриваат во интерес на истрагата.. Единствено посочија дека не е вработен во бугарското МВР, а во моментов анализираат дали има докази за кривично дело.

Што точно правеле руските агенти се уште не се соопштува, но шефицата на Специјалното обвинителство Валентина Маџароваизјави дека нема докази дека шпионажата била насочена против подобрување на односите меѓу Бугарија и Македонија, како што соопшти бугарскиот премиер Петков.

„Премиерот Кирил Петков кажа дека руските агенти работеле специјално против разбирањето меѓу Бугарија и Македонија. Точно ли е тоа?

„Докази за такво дело нема и не сакам да коментирам такви изјави, изјави шефицата на Специјализираното обвинителство Валентина Маџарова.

Петков вчера кажа дека има информации дека дел од руските агенти работеле на саботирање на обидите за нормализација на македонско-бугарските односи, како и против интеграцијата на Македонија и останатите земји од регионот во ЕУ.

Претседателот Пендаровски иако не сакаше да ги коментира, смета дека треба да им се верува на информациите од Петков.

„Изјавата на Петков не можам да ја коментирам бидејќи е заснована на информациите на бугарските институции и бугарските служби. Но, бидејќи се работи за актуелен премиер на Бугарија треба да му се верува, вели Пендаровски.

Ваквите случувања доаѓаат во време кога и од бугарска и од македонска страна доаѓаат оптимистички порака за брзо надминување на спорот, а бугарскиот премиер најави и интензивирање на преговорите за следниве недели, потенцирајќи го прашањето за правата на Бугарите во Македонија.

Тие според резултатите од пописот се околу 3.500, но бугарското МНР излезе со став дека се изненадени од ваквиот мал број, во споредба со бројот на државјанства што ги издале на македонски граѓани...

Според Министерството, „предмет на сериозна анализа“ е фактот што не се преброени 7,2 отсто од граѓаните во земјава, за кои податоците се обезбедени преку соодветни бази на податоци „без да може да се утврди нивната етничка или верска припадност“.

Софија забележува и дека нема информации колкав е бројот на државјани на земјава со бугарско национално чувство кои се попишани меѓу нерезидентното население.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.

Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

Веќе со месеци говориме за српскиот свет што го води СДС, преку Башановиќ и Милјан Шчекиќ, а Филипче и другарите само испорачуваат.

Доказ за тоа дека Филипче и СДС слугуваат на српскиот свет е токму оваа фотографија, едно од многуте соопштенија коишто Башановиќ и Шчекиќ ги пишуваат за СДС, ама не го владеат добро македонскиот јазик, па затоа честопати се забележуваат и печатни грешки.

Она што го слушате од Филипче кога ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, впрочем е насока од српскиот или бугарскиот свет за кого Венко одработува.

СДС со Филипче и Заев поради многу контроверзии со кои се соочуваат, мораат да се продадат на некој друг, бидејќи тука во Македонија не ги сакаат.

Едниот криминалец со тапија, а другиот без.

Наместо да се заангажираат за Македонија, тие работат за уништување и потчинување на државата, работејќи за странски служби.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза - победи зеленилото наспроти бетонизацијата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска заеднички официјално го пуштија во употреба новиот мега парк „Бутелска оаза“.

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза - победи зеленилото наспроти бетонизацијата

- Бутел доби ново зелено срце. Место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени. Има посебна радост кога дадениот збор ќе стане место исполнето со детска смеа. Се сеќавам, кога ја подготвувавме програмата за Скопје, Дарко побара да изградиме парк десет пати помал од овој што денес го отвораме. Ги разгледавме можностите и решивме да направиме многу повеќе - еден од најголемите мега паркови во Скопје, каков што Бутел заслужува. Денес, таа одлука е реалност пред нашите очи. На просторот каде што се планираше бетонизација, сега има огромна зелена површина, реквизити за најмладите, пешачки зони и фитнес зони за рекреација. Место за првите детски чекори, за младите и нивните дружења, за семејните прошетки и за спокојните утра на нашите пензионери. Простор за сите генерации. Простор за секој граѓанин – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека за одржување на зеленилото, целиот комплекс има сопствен систем за наводнување со техничка вода.

- Создаваме парк со услови за долгорочно и одржливо одржување, за во неговата убавина да уживаат и генерациите што доаѓаат. Секое засадено дрво е влог во почист воздух. Секоја нова зелена површина е придонес за помалку урбана жештина. Секој нов парк е повеќе простор за здравје, рекреација и поквалитетен живот. Тоа е Скопје за кое работам. Град во кој секое маало е важно, секоја општина добива внимание и секој граѓанин заслужува уреден и достоинствен простор за живот. Бутел ја доби својата оаза. Скопје доби уште една причина за гордост. Да ја чуваме, затоа што ова е наше заедничко богатство – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски нагласи дека со гордост може да каже дека ветеното за Бутел за неговиот четиригодишен мандат е реализирано уште во првата година и посака новиот мега парк „Бутелска оаза“ да биде полн со живот, детски џагор и убави моменти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од утре до вторник претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност од утре до вторник (03.11.) времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. . 

Од утре до вторник претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд

Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m2.

Во Скопје, од утре до вторник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе бидат пообилни. За целиот прогнозиран период во Скопската Котлина се очекува да наврне над 40 l/m2 дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер