Во Софија изведена „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугариј

Во Националниот дворец на културата во Софија синоќа се одржа заеднички настап на Македонската, Софиската филхармонија и Симфонискиот оркестар од Солун. На сцената беше изведена „Кармина Бурана“ од Карл Орф.

Во Софија изведена „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугариј

-Преполна сала, стоечки овации и долги аплаузи! Ова беше епилогот по моќната изведба на епската „Кармина Бурана" од Карл Орф којашто се случи во големата сала на НДК во Софија. Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот оркестар на Солун, како и Софискиот филхармониски хор и солистите: нашата ѕвезда Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов, брилјираа на сцената од каде зрачеа силни креативни вибрации, објавија од Македонската филхармонија на нивниот фејсбук профил.

Како што посочуваат, главниот „виновник" за овој спектакуларен концерт, маестралниот диригент Најден Тодоров не ја криеше неизмерната среќа што конечно се реализираше оваа идеја за уметничко сплотување на, како што и самиот истакна, три оркестри во едно тело

-Вечерва се потврди уште еднаш дека музиката не разбира граници, туку ја возвишува секоја идеја и мисла во чиста убавина, потенцираат од Филхармонија.

Европа е нервозна поради преговорите на САД и Русија за Црното Море: Не им веруваме на Русите

Романија и Бугарија стравуваат од какви било значајни промени на статус кво во Црното Море што би се случиле како дел од потенцијалниот поширок договор меѓу Русија и САД.

Европа е нервозна поради преговорите на САД и Русија за Црното Море: Не им веруваме на Русите

Романија и Бугарија стравуваат од какви било значајни промени на статус кво во Црното Море што би се случиле како дел од потенцијалниот поширок договор меѓу Русија и САД, бидејќи би ја проширил оперативната зона на руската морнарица, објави денеска „Фајненшл тајмс“ (ФТ), цитирајќи официјални претставници од регионот на Црното Море.

Според лондонскиот весник, европските земји со излез на Црното Море со загриженост го следат напредокот на преговорите во Ријад, во чии рамки утринава во 8 часот почна средба на делегациите на Русија и на САД.

Украина, според британскиот весник, ја протерала руската морнарица од западниот дел на Црното Море, а каков било договор постигнат на тековните преговори во Ријад се очекува да биде од корист за Москва, според неименувани официјални лица, додавајќи дека тоа може да ја загрози безбедноста на Романија и Бугарија без тие да имаат никакво влијание врз неа.

„Тоа е во нашето соседство и не им веруваме на Русите ако им се дозволи поголема слобода да дејствуваат“, рече еден од официјалните лица.

Техничкиот состанок на „техничките тимови“ на Русија и САД започна утринава во 8 часот во Ријад, Саудиска Арабија, а се очекува разговорите да бидат фокусирани на нијансите за можното обновување на иницијативата за безбедност на пловидбата во Црното Море, за која се разговараше за време на последниот телефонски контакт меѓу претседателите на двете земји Владимир Путин и Доналд Трамп.

Главниот пратеник на Трамп во Русија, Стив Виткоф, вчера изјави дека денеска во Ријад ќе биде постигнат „вистински напредок“, особено кога станува збор за прекин на огнот во Црното Море што би се однесувал на пловидбата на бродови меѓу двете земји.

Сепак, Кремљ оцени дека претстојат „тешки преговори“ и дека ова е „само почеток на патувањето“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека главниот фокус на преговорите на Русија со САД ќе биде можното обновување на договорот за безбедно поминување на бродови што превезуваат стоки за украински земјоделски извоз преку Црното Море, што беше посредувано во 2022 година од Турција и ОН.

Москва се повлече од договорот во 2023 година, обвинувајќи го Западот дека не ги исполнил своите ветувања за олеснување на санкциите за рускиот извоз на земјоделски производи и ѓубрива.

Иградил куќа без грам цемент- вели дека ќе трае вечно (ВИДЕО)

Сопственикот на куќа изградена целосно од индиски сив гранит и седиментен песочник во Бангалор, централна Индија, тврди дека ќе трае повеќе од 1.000 години.

Иградил куќа без грам цемент- вели дека ќе трае вечно (ВИДЕО)

Архитектот кој ја проектирал куќата наведува дека при изградбата не бил користен цемент, пренесе порталот Вион.

На прашањето што го мотивирало да изгради ваква куќа, сопственикот вели дека со користење на овој концепт се постигнува одржливост и не се загадува животната средина.

Со користење на метод кој не вклучува минирање, сопственикот тврди дека не се создава прашина што би ја загадила околината.

Тој додаде дека бетонските конструкции имаат животен век помал од 100 години, додека оваа ќе трае повеќе од 1.000 години.

Тој исто така изјави дека ова е прв ваков објект на планетата, иако ова е дискутабилно, бидејќи куќата е изградена со метод што се користел за изградба на древните храмови низ Индија.

Завршија разговорите на делегациите на САД и Русија во Ријад- следува усогласување

Делегациите на Руската Федерација и Соединетите Американски Држави го договараат текстот на заедничката изјава по завршувањето на преговорите во Саудиска Арабија, изјави за РИА Новости извор запознаен со преговорите.

Завршија разговорите на делегациите на САД и Русија во Ријад- следува усогласување

„Усогласувањето е во тек“, рече изворот, појаснувајќи дека станува збор за заедничка изјава.

Преговорите за делегација траат повеќе од 12 часа. Претседателот на меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата, Григориј Карасин, изјави дека претставниците на Русија и на САД ги завршуваат преговорите во Ријад, пренесе Скај Њуз.

Експертскиот состанок меѓу рускиот и американскиот технички тим започна утрово, а се одржува зад затворени врати во хотел.

Како што претходно соопшти Кремљ, средбата главно била посветена на темата Црноморска иницијатива, која била предмет на разговор и при последниот телефонски разговор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп на 18 март.

притисни ентер