Во Софија изложба на фотографии од Твитер календарот на Ивана Батев - Канал 5

Во Софија изложба на фотографии од Твитер календарот на Ивана Батев

Во галеријата „Антракт“ во Софија е отворена изложба на фотографии од Ивана Батев за Твитер-календарот 2014. Тој е продолжение на идејата за општествено ангажиран календар што во 2013 година првпат беше изработен за подигање на јавната свест за ракот на дојка.

Во Софија изложба на фотографии од Твитер календарот на Ивана Батев
Заедницата на луѓе активни на твитер испратија порака за здравјето, овојпат за сексуалното здравје, преку фотографии од актови.

- Општество е сложено. Мислиме дека не сме голи затоа што носиме облека, но всушност сме, бидејќи во текот на целото време кое го минуваме на социјалните мрежи се разголуваме и кажуваме интимни работи за себе во интернет просторот, изјави за БГНЕС 28-годишната фотографка Ивана Батев.

На синоќешното отворање на фотографската изложба таа раскажа дека идејата за календарот на Твитер е да се потпомогне кампањата за хуманитарни цели. Освен тоа, авторката на изложбата сака да ги надмине границите за тоа што е убаво и што и се допаѓа на јавноста.

Календарот вклучува 15 момчиња и десет девојки, но на изложбата во Софија можеа да се видат само жени, бидејќи галеријата реши манифестацијата да ја посвети на понежниот пол. Сите девојки на фотографиите се македонски и првпат застануваат голи пред фотообјективот. Меѓу нив има и архитекти, а на една фотографија заедно позираат четири активистки на една феминистичка организација од Македонија.

- Сите беа многу храбри и се однесуваа смело за време на фотосесијата, а секоја од нив имаше идеја и сакаше да покаже дека има елан, изјави Ивана, поистоветувајќи ја голотијата на луѓето на фотографиите со онаа на Интернет бидејќи, според неа, во виртуелниот простор нема прикривање, кога сме таму исто како да сме голи, а се друго е привидно.

Фотографката признава дека мажите полесно се соблекуваат од жените додека за дамите е важно да имаат мотиви и емоции за да го сторат тоа. Тие треба да бидат расположени пред самата фотосесија.

- Со овие фотографии сакаме да му покажеме на светот дека не се срамиме од тоа што го покажуваме и треба да сме горди со она што го правиме бидејќи тоа е многу важно, изјави авторката на изложбата, нагласувајќи дека мажите се уште не ги сметаат жените за рамноправни на себе во ниту еден контекст. Според неа, дури и реакциите кон голите мажи и жени се различни.

Фотографиите првпат се прикажуваат во Бугарија откако веќе постигнаа успех во Скопје. Со приходот од средствата собрани на изложбата во Скопје се купени макети кои им се неопходни на социјалните работници, а дел од средствата беа искористени за помош на дискримирани жени. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Сами против сите

Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови, напиша на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски по изборите во Брвеница.

Мицкоски: Сами против сите

Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа.

Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата.

Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер