Стојаноска до Костовски: Дали имавте комуникација со тогашните владини функционери од СДС за Еуростандард банка?
Мираковска до Силјановска Давкова: Дали изборот на Славески беше само заради дилот со Мацура и Вучиќ да се внесе Алта банка во Македонија
1Стојаноска до Костовски: Дали имавте комуникација со тогашните владини функционери од СДС за Еуростандард банка?
2Мираковска до Силјановска Давкова: Дали изборот на Славески беше само заради дилот со Мацура и Вучиќ да се внесе Алта банка во Македонија
МакедонијаВо Собранието утре и задутре интервјуа на пријавените кандидати за претседател на АнтикорупцискаСобраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе започне со спроведување на интервјуата на пријавените кандидати за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе започне со спроведување на интервјуата на пријавените кандидати по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Постапката за избор на претседател на ДКСК продолжува по завршувањето на Локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на антикорупциска по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“. На последната сецница на Комисијата пред одржувањето на локалните избори беше констатирано дека 10 од пријавените 12 кандидати за претседател на ДКСК ги исполнуваат условите. То се Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска, Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ и Феузи Џафери. Како што е предвидено интервјуата ќе се одвиваат утре и во среда. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на 13 август формираше Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која согласно законот е составена од седум членови – Илбер Руфати, заменик Народен правобранител, Дарко Аврамовски, претставник на здружение односно фондација назначен за член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа демократија, владеење на правото, односно членот во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество во областа владеење на правото и борба против корупција, Бардил Јашари, претставник на здружението односно фондацијата назначен за член во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество и пратениците Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, Саранда Имери Стафаи од ВРЕДИ, Митко Трајчулески од СДСМ и Арбана Пашоли од Европскиот фронт. Во рок од три дена од спроведувањето на интервјуто, Комисијата за селекција утврдува ранг-листа на кандидатите согласно со утврдените критериуми и ја доставува на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, која во рок од два дена, најдобро рангираните кандидати му ги предлага на Собранието во единствена предлог листа за претседател и членови на ДКСК, со образложение за секој од предложените кандидати. За претседател на Државната комисија може да биде именувано лице кое е македонски државјанин и има постојано место на живеење во земјава, да има деловна способност, да има високо образование со стекнати најмалку 300 ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на правните науки или високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на политичките, комуниколошките или економските науки, да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години работно искуство во областите на откривање или спречување корупцијата, владеење на правото или добро управување, да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност, во последните десет години да не било пратеник во Собрание, член на Владата, да не било донатор на политичка партија или да не вршело функција во органи на политичка партија.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноска до Костовски: Дали имавте комуникација со тогашните владини функционери од СДС за Еуростандард банка?Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во рамките на која се одржа продолжението на надзорната расправа на темата: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД БитолаДафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во рамките на која се одржа продолжението на надзорната расправа на темата: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, постави прашање до Трифун Костовски во врска со механизмите за спасување на Еуростандард банка, како и дали тој остварил средби со тогашни владини функционери. ,,Во периодот пред затворањето на Еуростандард банка, дали лично остваривте средби или комуникација со тогашниот премиер Зоран Заев, тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска или пак со било кој друг висок државен функционер и што конкретно побаравте од нив, доколку имало некаква комуникација и дали евентуално нешто имаме доказ за тие разговори и преземените обврски?“, праша пратеничката Стојаноска. Таа посочи дека Костовски во изминатиот период јавно го поддржал пристапот на Народната банка кон Алта банка, односно преземените мерки за нејзино стабилизирање и обидот за обезбедување нов сопственик: ,,Кои конкретни механизми за спасување на Еуростандард банка ги имаше на располагање во 2020 година Народна банка, а според вас не ги искористи и дали тогаш формално или официјално побаравте воведување администрација наместо од она што се случи одземање на дозволата за работа“. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваАвстралиска репортерка стана интернет сензација: „Дали има дозвола за тие мускули?“ (ВИДЕО)Австралиската телевизиска репортерка Савана Бурк стана вирална по нејзиниот извештај за евакуација предизвикана од сомнителен пакет.Сепак, вниманието на гледачите не го привлече самата вест, туку нејзините мускулести раце. Снимката од нејзиниот извештај се прошири на социјалните мрежи и собра милиони прегледи. Вниманието на гледачите насочено кон нејзините мускули Бурк, репортерка за австралиската мрежа „7News“, известуваше за безбедносен инцидент во градот Маручидор. За време на нејзиното јавување пред камерата, гледачите ги забележаа нејзините добро дефинирани мускули на рацете, а снимката брзо почна да кружи на интернет. View this post on Instagram A post shared by 7NEWS Sunshine Coast (@7newssc) Наместо да дискутираат за самиот инцидент, многу луѓе на социјалните мрежи почнаа да зборуваат за нејзината физичка подготвеност. „Директно од теретана пред камера“, „Мислам дека никој не слуша што зборува таа“, „Е, ова се вистински бицепси“, „Не слушнав ниту збор од тоа што го кажа“ и „Дали има дозвола за тие мускули?“ – ова се само дел од коментарите. Околу илјада луѓе евакуирани поради сомнителен пакет Инцидентот за кој известуваше Бурк се случи во вторникот, на 17 ноември, кога околу илјада луѓе беа евакуирани поради сомнителен пакет. Полицијата го огради просторот околу улицата „Корнмил Парејд“ откако во локалната полициска станица пристигна сомнителен плик. Пакетот бил примен веднаш по пладне, а на лице место биле испратени пожарникари и специјализирани тимови за да проценат дали постои опасност. Увидот покажа дека пакетот не содржи експлозивни материи и не претставува опасност за јавноста. Џеси Кармајкл, вршител на должноста командант на противпожарната станица, изјави за „7News“ дека службите за итни случаи мора секогаш сериозно да ги сфаќаат ваквите ситуации, без оглед на тоа дали на крајот навистина постои реална закана или не. Извор: Индекс.хрТагови: Австралија репортерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМираковска до Силјановска Давкова: Дали изборот на Славески беше само заради дилот со Мацура и Вучиќ да се внесе Алта банка во МакедонијаМираковска потсети дека претседателката не ја има само протоколарната улога во изборот на гувернерот, туку директно го предлага кандидатот и е должна да образложи врз основа на кои критериуми го направила изборот.Пратеничката од коалицијата на СДСМ, Соња Мираковска од НСДП, на втората собраниска Надзорна расправа за АЛТА банка, ја повика претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова да одговори на прашања во однос на нејзината одговорност при изборот на Трајко Славевски за гувернер на Народната банка. Мираковска потсети дека претседателката не ја има само протоколарната улога во изборот на гувернерот, туку директно го предлага кандидатот и е должна да образложи врз основа на кои критериуми го направила изборот. Таа посочи дека Силјановска Давкова во своето образложение навела три критериуми – стручност и компетентност, достоинство и интегритет и реална можност за именување. Токму последниот критериум отвора сериозна дилема дали бил избран најквалитетниот кандидат или оној за кого било однапред извесно дека ќе ја добие поддршката од парламентарното мнозинство. „Токму овој последен критериум отвора сериозна дилема. Што значи реална можност за именување? Дали го избравте кандидатот кој најдобро ги исполнува професионалните, моралните и етичките критериуми или кандидатот за кој сте знаеле дека ќе ја добие поддршката од парламентарното мнозинство. Во јавноста се отворија и прашања за отсуството на консензус со опозицијата.Претседателке, вие образложивте дека предлагате кандидат со стручност, достоинство, интегритет и независност. По неговите постапки и јавно изнесените информации за консултации со премиерот се отвара прашањето дали всушност предложивте независен гувернер или обичен партиски поданик чија политичка лојалност е поважна од институционалната независност што треба да ја гарантира функцијата. Нешто што е спротивно на членот 50 став 3 од Законот за Народната банка“, рече Мираковска Мираковска потсети дека при изборот на претходната гувернерка, Анита Ангелоска Бежовска, беше постигнат консензус со опозицијата, додека во случајот со Славески таков обид воопшто немаше, додавајќи дека и премиерот Мицкоски јавно соопшти дека пратеничката група на ВМРОќе го поддржи предлогот на претседателката и ја повика да одговори дали Славески е избран за гиувернер поради притисок од Мицкоски. „На 22 мај 2025 година премиерот Христијан Мицкоски јавно соопшти дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи вашиот предлог, спротивно на вашиот предлог од 21 мај што го дадовте за консензус. Затоа првото прашање е: имавте ли притисок од Мицкоски да го номинирате Славевски за гувернер?“, рече Мираковска. Притоа, Мираковска го отвори прашање то за независноста на Славевски, особено по неговата јавна изјава дека се консултирал со премиерот Мицкоски за влезот на српската АЛТА банка во македонскиот банкарски систем. Мираковска посочи дека на 1 септември 2025 година Народната банка дала претходна согласност АЛТА банка да стекне до 100 % од акциите на Стопанска банка АД Битола, а ваквите консултации со премиерот отвораат сериозни прашања за институционалната независност. „По неговите постапки и јавно изнесените информации за консултации со премиерот се отвора прашањето дали всушност предложивте независен гувернер или обичен партиски поданик чија политичка лојалност е поважна од институционалната независност што треба да ја гарантира функцијата. Во меѓувреме во јавноста се отворија и прашања за сопственикот на Алта банка Давор Мацура како и за неговите политички и деловни релации во Србија. Не тврдам дека постои докажан договор меѓу вас Мицкоски, Мацура и Вучиќ, но кога гувернерот јавно потврдува дека се консултирал со премиерот за влезот на конкретната банка, сосема легитимно е да се бара одговор дали зад овој процес имало политичко договарање. И затоа ве прашувам дали назначувањето на Славески беше само заради дилот со Мацура и Вучиќ да се внесе Алта банка во Македонија“, рече Мираковска. Во дополнителното прашање, Мираковска повторно ја повика претседателката да одговори дали навистина се водела од професионалните критериуми што самата ги поставила или од партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Таа потсети дека Силјановска Давкова јавно изјави оти монетарната и финансиската стабилност се јавно добро, а институционалната независност е предуслов за професионално одлучување. Но, токму затоа, нагласи Мираковска, на чело на Народната банка требаше да биде човек кој ќе ја штити стабилноста и средствата на граѓаните. „Е, затоа требаше да одберете човек кој тоа јавно добро ќе го чува, а тоа е гувернерот на Народна банка, и тие 500.000 и повеќе луѓе што гласале за вас нема да дојдат во ситуација да се чудат дали ќе ги добијат своите средства, затоа што на чело на таа Народна банка стои човек кој е докажан партиски човек“, рече Мираковска. Мираковска отвори и прашања за тоа дали претседателката имала сознанија за состојбата со капиталот на АЛТА банка и дали постоел ризик во Македонија да се случи слично сценарио како во Србија. Во дополнителното прашање, Мираковска ја повика претседателката Силјановска Давкова јасно да одговори како е избран гувернерот Славески. „Дали изборот на Трајко Славески уште еднаш прашувам е ваш професионален избор или тоа е дадено име од страна на владејачката партија во Македонија“, рече Мираковска. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter