Во Собранието отворена Книга на жалост - Канал 5

Во Собранието отворена Книга на жалост

 Во Собранието на Република Македонија од денеска е отворена Книга на жалост за загинатите во несреќата во Кочани.

Во Собранието отворена Книга на жалост

Во Книгата на жалост прв се потпиша претседателот на Собранието Африм Гаши.

- Со скршено срце, вознемирен дух, длабоко емотивно трогнат, ги пишувам овие редови во оваа Книга на жалост, со надеж ова да биде последната Книга на жалост отворена во ова Собрание. Трагичниот настан во Кочани и загинувањето на околу 60 млади момчиња и девојки е последниот аларм за сите политички и општествени фактори - време е да се вратиме кон себе, кон нашата хуманост и конечно да се издигнеме како феникс. Да ја обновиме оваа држава од почеток, но врз основа на ПРАВДА, ЧЕСНОСТ, ЧИСТА СОВЕСТ и ИСКРЕНОСТ. Семоќен Боже, смилувај се на нивните души, а твојот мир и милост нека ги обземат нивните најблиски и сите граѓани на државата, напиша Гаши.

Книгата на жалост ќе биде отворена за сите граѓани во следните шест дена, секој ден во периодот од 10 до 19 часот.

Граѓаните кои сакаат да се потпишат во Книгата на жалост може да влезат во Собранието преку страничниот влез - од страната на АРМ.

Тошковски на светскиот полициски самит: Македонија со големо значење во регионалната безбедност

--Македонија со големо значење во регионалната и европската безбедност.

Тошковски на светскиот полициски самит: Македонија со големо значење во регионалната безбедност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати, учествувал на светскиот полициски самит во Дубаи – глобална платформа за безбедносна соработка, технолошки иновации и иднината во полициското работење, која обединува полициски лидери и експерти од над 100 држави.

На самитот, како што објави на неговиот фејсбук профил Тошковски, во неговото обраќање, дал осврт на улогата на македонија како стратешки позиционирана држава на Балканот – мала по димензии, но голема по значење кога станува збор за регионалната стабилност и европската безбедност.

- Истакнав дека Македонија, и покрај ограничените ресурси, покажа способност да даде реален и мерлив придонес во справување со транснационални безбедносни закани, напиша Тошковски на фејсбук.

Ѓорѓиевски на средба со Едвард Андерсон од ОБСЕ

Ѓорѓиевски на средба со шефот на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ, Едвард Андерсон.

Ѓорѓиевски на средба со  Едвард Андерсон од ОБСЕ

Денес, Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со шефот на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Едвард Андерсон, кој беше придружуван од дел од својот тим.

Средбата се одржа во духот на заемна соработка и отворање на нови можности за партнерство во насока на унапредување на безбедноста и стабилноста на локално ниво. Андерсон изрази задоволство од досегашните активности на Општина Кисела Вода, посебно нагласувајќи ги заложбите за формирањето и успешното функционирање на Локалниот совет за превенција во општина Кисела Вода. Тој оцени дека овој пример е добар модел за останатите општини во државата и дека истиот заслужува да биде промовиран на национално ниво.

Во рамки на разговорот, беа разгледани конкретни можности за заедничка соработка помеѓу Мисијата на ОБСЕ и Општина Кисела Вода, но и преку ЗЕЛС и со другите единици на локалната самоуправа, со цел јакнење на Локалните совети за превенција и зголемување на нивната ефикасност.

Градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски, информираше дека во тек е постапка за измена на Законот за локална самоуправа, каде што значајно место е посветено на прашањата за безбедноста, зајакнување на ингеренциите на градоначалниците во областа на превенцијата од насилство, како и создавање на услови за поголема безбедност во локалните заедници.

-Создавањето и одржувањето на функционални Локални совети за превенција е клучен елемент во градењето безбедни и стабилни заедници. Преку овие совети, локалната самоуправа активно учествува во превенцијата, рано препознавање на ризиците и навремена координација со сите релевантни институции. Затоа, ЗЕЛС силно го иницираше и го поддржува процесот на законски измени кои ќе обезбедат јасни ингеренции и дополнителни алатки за градоначалниците во оваа насока. За нас, партнерството со меѓународните организации, како што е ОБСЕ, претставува значајна поддршка во зацврстувањето на овие механизми, изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

ФСБ уапси шест лица кои подготвувале терористички напади

 Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска објави дека спровела мерки за спречување на ширењето на идеологијата за масовни убиства и самоубиства меѓу младите луѓе во 81 регион на Руската Федерација.

ФСБ уапси шест лица кои подготвувале терористички напади

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска објави дека спровела мерки за спречување на ширењето на идеологијата за масовни убиства и самоубиства меѓу младите луѓе во 81 регион на Руската Федерација, приведувајќи шест лица вклучени во подготовката на вооружени напади врз образовни институции во Москва и Тјумен, како и насилни дејствија во Кемерово, Ростов на Дон и Јошкар-Ола, пренесуваат руските медиуми.

-Федералната служба за безбедност на Руската Федерација, заедно со Министерството за внатрешни работи, Истражниот комитет и Федералната служба на трупите на Националната гарда на Руската Федерација, спроведоа превентивни мерки во 81 регион на Руската Федерација со цел спречување на ширењето на идеологијата на насилство, масовни убиства и самоубиства меѓу младите луѓе, се наведува во извештајот.

Како резултат на овие настани, приведени се шест граѓани вклучени во подготовката на вооружени напади врз образовни институции во градовите Москва и Тјумен, како и насилни дејствија во градовите Кемерово, Ростов на Дон и Јошкар-Ола, забележува ФСБ.

Според податоците од специјалните служби, од адресите на притворените се запленети компоненти за изработка на рачно изработени експлозивни и запаливи направи, остри оружја, планови за подготовка на вооружени напади, симболи и пропаганден материјал на неонацистички и терористички организации.

притисни ентер