Во Собранието не помина иницијативата за одржување надзорна расправа за трагедијата во Кочани - Канал 5

Во Собранието не помина иницијативата за одржување надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Откако единствената точка на Комисијата за политички систем за одржување надзорна расправа за селективниот пристап во истрагата за трагедијата во Кочани не се изгласа, пратениците од ДУИ велат дека се бегало од вистината.

Во Собранието не помина иницијативата за одржување надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Откако единствената точка на Комисијата за политички систем за одржување надзорна расправа за селективниот пристап во истрагата за трагедијата во Кочани не се изгласа, пратениците од ДУИ, инаку подносители на иницијативата, велат дека се бегало од вистината. По ова, во Собранието имаше и кратка расправија меѓу претседателот на комисијата Љупчо Пренџов и пратеникот од ДУИ Блерим Беџети.

„Ова е сведоштво на продолжувањата на „мојот закон“ и „ќе ве влечеме за уши“. Ова е отсуство на сведоштво и сите тие кои се одговорни и се оди на ретроактивност да се направи една толку голема магла. “

Од СДСМ велат дека иако иницијативата не била поднесена од нивната пратеничка група, до сега во Собранието не се случило да не биде дадена можност да се одржи надзорна расправа... Од владеачката коалиција пак остануваат на ставот дека доколку има дебата, таа треба да ги опфати сите трагедии кои се случиле во земјава последните години.

„Не само за Кочани ќе се разговара и за „кабелот е крив“ кога „живи луѓе ни гореа“, ќе се разговара и за Ласкарци, ќе се разговара и за сообраќајката во Бугарија каде „живи луѓе гореа“. Ова парламентарно мнозинство нема да стави ништо под тепих.“

„Зарем во овој момент не би било апсолутен притисок и врз Обвинителството и врз судството и директно мешање ако ние паралелно додека процесот е се уште активен спроведуваме таков тип на политички дебати?“

„Треба да дозволи собранието да се разговара, најмалку што можеме да направиме, инаку немаме ни морална ни етичка одговорност понатаму да зборуваме.“

„Јас се сложувам дека и тоа се теми кои треба да ги дискутираме, но дајте да видиме иницијатива како оваа за да знаеме за што зборуваме.“

Откако политичката партија Левица поднесе интерпелација, а оставка од него побараа и од СДСМ и ДУИ, на социјалните мрежи се огласи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој напиша дека ДУИ СДСМ и Левица синхронизирано и оркестрирано се здружиле и ги насочиле нападите кон него.

- Три партии, кои наводно се борат една против друга, вчера покажаа дека нивниот заеднички интерес е посилен од сите нивни привидни разлики. Токму затоа, јас овие напади не ги гледам како закана, туку како комплимент дека конечно правдата ги допре оние кои мислеа дека засекогаш ќе останат недопирливи. – одговори Тошковски на критиките од опозициските партии...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг следната недела ќе ја посети Северна Кореја

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе го посети Пјонгјанг на почетокот од следната недела, на покана на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, објавија денес севернокорејските државни медиуми.

Си Џинпинг следната недела ќе ја посети Северна Кореја

Кина, исто така, ја потврди посетата на Си Џинпинг на Пјонгјанг во понеделник и вторник, 8 и 9 јуни, објави Јонхап.

Ова ќе биде прва посета на Си Џинпинг на Северна Кореја по речиси седум години.

Кинескиот претседател последен пат беше во официјална посета на Пјонгјанг на 20 и 21 јуни 2019 година, што беше негова прва државна посета на Северна Кореја откако ја презеде функцијата кон крајот на 2012 година.

Претседателите на двете земји последен пат се сретнаа во септември минатата година, кога Ким Јонг Ун го посети Пекинг по повод 80-годишнината од Денот на победата на Кина, каде што присуствуваше на воена парада.

Ким Јонг Ун го посети Пекинг пет пати откако ја презеде власта по смртта на неговиот татко, Ким Јонг Ил, во декември 2011 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

 Во собранието вчера почна расправата за предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени укинатиот балансер..

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

Пратениците уште на почетокот се судрија за начинот како да се гласа за предлогот, но надвладеа мнозинството тој да се носи со мал, а не со голем Бадентер.

Тоа, значи дека предлог – законот треба да се носи со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците на немнозинските заедници.

На расправата во Комисијата за политички систем и односни меѓу заедниците, пратениците на европскиот фронт обвинуваа дека законот се коси со рамковниот договор, додека влен, дека ги штити правата на етничките заедници.. Седницата заврши со гласање на кое беше одлучено за предлог законот да се одржи јавна расправа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Во Тиват денеска се одржува  Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската унија и Западен Балкан“, при што главен акцент ќе биде ставен на процесот на проширување на унијата.

Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Инаку Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Западен Балкан со самитот ќе претседава Антонио Кошта, кој во изминатиот период ги посети земјите од регионот.

Домаќин на настанот е претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер