Во Собранието ќе заседаваат пет комисии - Канал 5

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии

 Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за култура и туризам, Законодавно-правната комисија, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање...

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за култура и туризам, Законодавно-правната комисија, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.

Во рамки на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе се одржи јавна расправа за Предлог- законот за работно ангажирање на лица со кој се предвидува поедноставување на постапката на работно ангажирање преку воведување на поедноставен систем за регистрација, кој ќе биде управуван од Агенцијата за вработување. Со законското решение се очекува да се регулира начинот на воспоставување на работни ангажмани со или без прекини кои ќе имаат значајна улога за вклучување на одредени категории лица во рамки на формалната економија. Исто така, се очекува да се поттикне фер конкуренција, осигурувајќи дека сите работодавачи ќе можат да ангажираат работници под исти услови, особено во периоди со зголемен обем на работа, создавајќи поинклузивен и подинамичен пазар на труд.

Како што образложи на 4 април пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, Законот дава можност и заштита за ангажман и за средношколците односно за лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос.

Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог измените на Законот за авторското право и сродните права, во второ читање, а истиот закон е на дневен ред и на Законодавно-правната комисија која ќе треба да ги разгледа и Предлог-измените на Законот за процена.

На Комисијата за финансирање и буџет се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година, Годишната програма за работатa на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2025 година, Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2025 година и Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2025 година, сите во второ читање.

На Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Годишниот извештај за работа на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2024 година, Извештајот за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година, Годишниот извештај за работа на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2024 година, Извештајот за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер