1Спасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаВо Собранието ќе заседаваат две комисииВо Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.Пред членовите на двете собраниски комисии е Предлог на законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова–КфВ по Договорот за заем за финансирање на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и објекти за ученици/студенти со попречености во Македонија, фаза 2, по скратена постапка. Како што се посочува во Предлог-законот, Република Македонија се задолжува кај Кредитната банка за обнова – КфВ со заем во износ од 40.000.000 евра, наменет за финансирање на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентски домови и објекти за ученици/студенти со попречености во Македонија - фаза 2. Рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период до пет години. Каматната стапка ќе се утврдува одделно за секоја транша од заемот при нејзино повлекување. Република Македонија ќе и плати на Кредитната банка за обнова–КфВ еднократна провизија во висина од 1% од износот на заемот. Република Македонија ќе и плаќа на Кредитната банка за обнова–КфВ провизија во висина од 0,25% од неповлечениот дел од заемот. Провизијата од ставот 4 на овој член ќе се плаќа полугодишно. Со Проектот се предвидува да се изврши енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови што вклучува зголемување на комфорот и подобрување на условите за живот на студентите, опремување на соби за студенти со посебни потреби, промена на водоводна инсталација во домовите и отстранување на причините за појава на влага во објектите, промена на комплетната електрична инсталација и поставување на енергетски ефикасни ЛЕД светилки, промена на инсталацијата за греење, комплетна промена на санитаријата, изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите, поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија и сл. -Воедно, со проектот ќе биде опфатена и реконструкција на основни и средни училишта со ресурсни центри, за ученици со посебни потреби (со оштетен вид, со оштетен слух, пречки во развојот и др.), како и еден ученички дом во Велес, кои не се енергетски ефикасни и во кои не е извршена реконструкција подолг временски период, а од друга страна училиштата не се прилагодени за ученици со ваков вид на потреби. Во објектите нема лифтови за лица со попречености, нема простории за нега на лицата со посебни потреби и др., се посочува во Предлог-законот. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЖивотРозов дијамант е продаден за 13,1 милиони евра- „Мона Лиза“ меѓу дијамантите (ФОТО)Реткиот 24-каратен дијамант „Булгари Пинк“ е продаден во „Кристи“ во Женева за 12,1 милиони швајцарски франци, или околу 13,1 милиони евра.Дијамантот бил во приватна сопственост околу 70 години, а наводно го купило семејството на продавачот во Индија во 1950-тите, по што бил однесен во ателјето на модната куќа „Булгари“ во Рим. Се верува дека скапоцениот камен потекнува од рудниците Голконда во јужна Индија, познати по дијамантите од кои се добиени некои од најпознатите скапоцени камења во светот, вклучувајќи ги Ко-и-Нур и дијамантот „Надеж“. „Кристи“ го опиша „Булгари Пинк“ како „Мона Лиза на розовите дијаманти“, истакнувајќи ја неговата исклучителна чистота и транспарентност. Каменот е класифициран како дијамант од тип IIa, категорија која сочинува помалку од два проценти од дијамантите со квалитет на скапоцен камен. 1950年代のRomeでBulgariによってリングに仕立てられ、その後70年以上にわたり個人の手に守られてきた24カラットのピンクダイヤモンドが、初めてオークションに姿を現す。Bulgari Pinkは24.00カラットのエメラルドカット・ダイヤモンドで、カラーグレードはFancy Intense Pink。Christie’sによれば、 https://t.co/LZshgv6rRD — 社畜ミが強い。 (@dokodemoikiru) November 9, 2026 Пред аукцијата, се очекуваше дијамантот да се продаде за цена помеѓу 10 и 15 милиони швајцарски франци. На истата аукција беше понудена и приватна колекција од речиси 300 парчиња накит од 20 век, вклучувајќи дела од Булгари, Картие и Граф.Тагови: дијамант Мона Лиза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСпасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград.Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград, што утврдиле тие проверки и какво мислење било доставено за потеклото на капиталот и за лицата кои управуваат со него. Спасовски посочи дека гувернерот Трајко Славески во своето сведочење се повикал на добиени позитивни мислења од надлежните институции, меѓу кои ја навел и Управата за финансиско разузнавање. Токму затоа, нагласи тој, јавноста треба да знае врз кои информации и податоци се темелело постапувањето на институциите. „При постапката за лиценцирање на Алта банка за мене беше логично и нужно да имате соработка со Народна банка, но таа моја логика е потврдена после исказот на гувернерот Трајко Славески којшто рече дека ги собрал сите мислења во однос на постапката за Алта банка, меѓу кои ја посочи и Управата за финансиско разузнавање и дека од таму се добиени сите потребни позитивни мислења во однос на работењето со Алта банка“, рече Спасовски. Тој ја истакна одговорноста на Управата во следењето на финансиските текови, проверката на сомнителните трансакции и утврдувањето на потеклото на средствата на инвеститорите кои влегуваат во државата. „Многу е важно инвеститорите во државата коишто влегуваат да видиме со какви финансиски средства располагаат и кое е практично нивното потекло“, нагласи Спасовски. Во обраќањето тој го отвори и прашањето за разликата меѓу постапувањето на институциите во Македонија и во Австрија. Според него, Финансиското разузнавање треба да објасни кои информации ги прибрало и како тие влијаеле врз мислењето што го користела Народната банка во постапката за преземање. „Практично финансиското разузнавање е тоа коешто ги прибира сите тие информации и податоци и на основа на тој склоп на информации и податоци вие практично можете да доставите одредено мислење коешто треба да го искористи гувернерот, односно Советот на Народна банка“, посочи Спасовски. Тој нагласи дека утврдувањето на улогата на секоја институција е важно за граѓаните и побара конкретен одговор за времето, содржината и резултатите од проверките. „Затоа моето конкретно прашање: кога беше побарано од гувернерот Трајко Славески, односно од Народната банка, да извршите проверки во однос на Алта банка Белград за купувањето на Стопанска банка Битола и на основа на тоа што укажавте на Народната банка во однос на капиталот и на лицата коишто го управуваат тој капитал во Алта банка Белград“, праша пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари - Крихбаум: Европската иднина се гради со реформи и силни партнерстваМинистерот за правда, Јетон Шасивари, во рамки на работната посета на Берлин, оствари средба со германскиот државен министер за Европа при Сојузното министерство за надворешни работи, Гинтер Крихбаум.Средбата претставува значаен дипломатски контакт во период кога земјата интензивно работи на исполнување на обврските од европската агенда, а реформите во правосудството остануваат еден од клучните показатели за подготвеноста за членство во Европската Унија. Министерот Шасивари ги претстави актуелните реформски активности на Министерството за правда, со посебен акцент на новиот Кривичен законик и Законот за кривичната постапка, кои веќе се доставени до Европската комисија за мислење. Станува збор за две значајни законски решенија со кои се настојува да се надминат постојните слабости и да се постават основите за посовремен и поефикасен систем на кривична правда. Во разговорот беа разгледани предизвиците на европската интеграција, динамиката на реформските процеси и значењето на германската поддршка за европската перспектива на земјата. Посебно беше истакната потребата реформските обврски да не останат само на ниво на законски измени, туку да резултираат со конкретни подобрувања во функционирањето на институциите и примената на правото. Германија, како еден од најзначајните европски партнери, има важна улога во поддршката на демократските процеси и институционалниот развој. Продлабочувањето на ова партнерство е особено значајно во период кога земјата се соочува со важни задачи во исполнувањето на европските критериуми. Средбата во Берлин е дел од напорите за зајакнување на политичката и институционалната соработка со Германија, како и за обезбедување континуирана поддршка на реформите што треба да донесат долгорочни резултати во правосудството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34