КултураВо Собранието доделена државната награда „Гоце Делчев“Во македонското Собрание денеска свечено беше доделена наградата Гоце Делчев, а на доделувањето на државната награда се обрати министерката за образование Весна Јаневска.Државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година им беше доделена на група автори: проф. Д-р Веселинка Лаброска, академик и проф. Д-р Марјан Марковиќ, проф. Д-р Коста Пеев, како и проф. Д-р Васил Дрвошанов, Еленка Стоевска-Денчова, Светлана Давкова-Ѓоргиева, Гоце Цветановски, Ангелина Панчевска, магистар Соња Миленковска, доктор Давор Јанкуловски, Македонка Додевска, Дарко Томовски, м-р Ѓорѓе Геновиќ, постхумно на проф. Д-р Аритон Поповски, проф. Д-р Маријана Киш и проф. Д-р Убавка Гајдова за научното дело „македонски дијалектен атлас“ (од ризницата на картотеката-лексички материјали)“ Тагови: Гоце Делчев собрание Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Петта година по ред бесплатни ранчиња за сите првачиња во ЦентарОпштина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека оваа мерка веќе стана убава традиција со која Општината им посакува добредојде на децата кои за првпат седнуваат во училишните клупи. „Првиот училишен ден е посебен момент за секое дете и за секое семејство. Петта година по ред сакаме да бидеме дел од таа радост и на сите наши првачиња да им подариме ранче за успешен почеток на нивното образование. Им посакувам многу петки, нови знаења, убави спомени и многу нови другарчиња. Наша обврска е уште од првиот училишен ден да им покажеме дека образованието и грижата за децата се меѓу нашите најважни приоритети“, порача Герасимовски. Општина Центар континуирано инвестира во подобрување на условите во основните училишта и во мерки со кои се олеснува образовниот процес за учениците и нивните семејства. „Вложувањето во децата е вложување во иднината. Затоа продолжуваме да ги подобруваме условите во училиштата и да создаваме средина во која секое дете ќе има можност квалитетно да учи, да се развива и да го достигне својот потенцијал. Нашата цел е јасна – децата во Центар да имаат најдобри можни услови за образование“, истакна Герасимовски. Бесплатните ранчиња ќе бидат доделени на сите првачиња запишани во осумте основни училишта на територијата на Општина Центар на почетокот на новата учебна година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБарса и ПСЖ се договорија, Феран заминува во ПаризШпанскиот шампион Барселона и европскиот првак Пари Сен Жермен постигнаа начелен договор за трансферот на 26 годишниот репрезенативец на Шпанија, Феран Торес во Париз. Со тоа, еден од шпанските херои од Светското првенство е пред преселба во Париз, во зделка вредна вкупно 55 милиони евра. Двата европски гиганти се договорија за клучните услови по интензивни преговори, пренесува каталонскиот медиум „Спорт“. ПСЖ мораше да ја зголеми понудата Преговорите не беа едноставни. ПСЖ првично ѝ понуди на Барселона 40 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси, но каталонскиот клуб го одби предлогот. Барселона јасно стави до знаење дека бара загарантирана сума од најмалку 50 милиони евра. Парижаните потоа го зголемија фиксниот дел од понудата. Според последните информации, договорената формула предвидува моментална исплата од 50 милиони евра плус уште 5 милиони евра во потенцијални бонуси – што е минималниот праг што Барселона беше подготвена да го прифати. Преговорите ги водеа спортските директори Деко и Луис Кампос, а заминувањето на Торес сега се смета за прашање на време. Се очекува напаѓачот да се прости од своите сегашни соиграчи во тренинг-кампот во среда. Една од клучните фигури во целиот договор е тренерот на ПСЖ, Луис Енрике. Тој има многу високо мислење за Торес – бидејќи добро го познава од шпанската репрезентација – и токму тој му го претстави проектот и му ја објасни улогата што ја планира за него во Париз. Иако ПСЖ веќе ги има Усман Дембеле, Квича Кварацхелија и Дезире Дуе во нападот, Луис Енрике сакаше дополнителна ширина во составот и играч способен да ги покрие сите три напаѓачки позиции. Торес одговара на овој профил, бидејќи може да игра на двете крила, како и во средината на нападот. Тој веќе е навикнат на барањата на системот на Енрике и одлично се снаоѓа при напаѓање на слободниот простор. Интересот на ПСЖ не е нов; француските и шпанските медиуми уште во јули известуваа дека парижаните веќе стапиле во контакт со тимот на Торес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаСДСМ: Пет недели труење во Гостивар - Мицкоски ниту еднаш не отиде, оди на одморВеќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат.Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни - сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода. Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари. Во тие пет недели премиерот Христијан Мицкоски не се појави ниту еднаш во Гостивар. Не само што не дојде. Тој замина на годишен одмор. Единственото што го направи во овој период беше да го нарече сопствениот народ „талог“ и да продолжи со кампања на поделби и сеење омраза - по методите на Ванчо Михајлов и Александар Вучиќ. Додека граѓаните пијат вода од шишиња и чекаат да престане труењето, премиерот е на одмор и ја напаѓа сопствената јавност. Ова е односот на оваа власт кон луѓето. Кога има лента за сечење - доаѓаат. Кога има криза што ги погаѓа обичните граѓани - исчезнуваат и напаѓаат. Пет недели. Ниту една посета. Годишен одмор. И кампања против сопствениот народ. Тоа е сè што треба да се знае за приоритетите на Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО. Скопје, 12.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter