Во Собранието денеска и утре интервјуа на пријавените кандидати за претседател на антикорупциска - Канал 5

Во Собранието денеска и утре интервјуа на пријавените кандидати за претседател на антикорупциска

Безрезервна и повидлива борба против корупцијата ветуваат кандидатите за нов претседател на Антикорупциска. 

Во Собранието денеска и утре интервјуа на пријавените кандидати за претседател на антикорупциска

Со интервјуирање на првите пет од вкупно десет кандидати, Собранието ја продолжи постапката за избор.

„Многу е важна соработката на ДКСК со сите институции во областа на борбата против корупцијата. Предметите кои се преземаат и отвараат од страна на ДКСК според мене не се прават ефикасно, не се прати нивниот почеток и крај на завршување.“

„Бројот на завршени предмети би бил еден од приоритетите да биде зголемен. Во поглед на реализација на Националната стратегија и Акцискиот план би гледал што може повеќе од истиот да се спроведе.“

„ДКСК ќе почне сама од себе, ќе биде едно тело коешто ќе биде отворено за сите, за грашаните и за институциите, пред се за медиумите. Предлагам да имаме редовни извештаи за прогрес.“

Ги кажаа нивните визии за тоа како треба да функционира ова тело и кои би биле нивните приоритети.

„Секако дека корупцијата не може да се совлада само со една институција туку мора тоа да биде со системски процес, со вклучување на сите институции кои се вклучени во процесот, дури би го вклучил и граѓанскиот сектор.“

„Тврдам дека ќе го дадам својот максимум во спречувањето на корупцијата колку што тоа го дозволува. Како прво би изготвила Национална стратегија и Акционен план, што веќе го прави новиот состав.“

Антикорупциска остана без претседател откако Татјана Димитровска беше осомничена а потоа стана и обвинета во случајот Адитив. Последниот извештај на ЕК меѓу другото нотираше и дека токму ова го довело во прашање кредибилитетот на институцијата. Поранешниот член на ова тело Драган Малиновски вели дека забелешките од Брисел се загрижувачки па затоа Комисијата мора нешто да промени во работата.

„Точно е дека отсуството на претседател на Комисијата може да биде фактор кој влијаел за ваквите оцени, меѓутоа исто така Комисијата беше должна и мораше да испорача малку повидливи резултати. Прво треба да се избере навистина квалитетен претседател на Комисијата и секако да се промени нешто во работата, а тоа нешто значи отворање на високопрофилирани случаи и отворање кон јавноста.“

Со останатите петмина кандидати интервјуата ќе продолжат утре. Според најавите од собраниската комисија откако ќе завршат интервјуата со сите кандидати ќе се свика седница на која ќе биде избран претседателот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. 

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

-На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

Во Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. 

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

-На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“.

Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар.

Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим.

„Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно.

Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер