МакедонијаВо Собранието дебата за Предлог законот за судската и јавнообвинителската службаПредлог законот за судската и јавнообвинителската служба не е реформски, не ги исполнува барањата на синдикатите и не ја унапредува положбата на вработените- ова е ставот на засегнатите службеници Предлог законот за судската и јавнообвинителската служба не е реформски, не ги исполнува барањата на синдикатите и не ја унапредува положбата на вработените- ова е ставот на засегнатите службеници кои во Собрание говореа на јавна расправа за законското решение. Порачаа дека се незадоволни бидејќи министерството за правда до Собранието доставиле текст, за кој велат дека е целосно различен од договореното со нив. Забележуваат дека барале поинаква пресметка за раст на платите, но и разграничување на нивните позиции. Критики за предлог законите имаше и вишата обвинителка Фатиме Фетаи, а во одбрана на предлог-законот во Собранието беше заменик министерот за правда Ален Деребан. Појаснува дека платите ќе се зголемуваат преку постигнатите колективни договори, а со целиот предлог морале да побрзаат поради роковите од реформската агенда. Заменик-министерот рече дека аргументираните забелешки кои се прифатливи ќе бидат преточени во амандмани, за во второ читање на законот да ги усвојат пратениците на комисијата за политички систем. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАдвокатската комора свечено го одбележа 16 Јуни – Денот на македонската адвокатураАдвокатската комора на Република Македонија денес свечено го одбележа 16 Јуни – Денот на македонската адвокатура.Адвокатската комора на Република Македонија денес свечено го одбележа 16 Јуни – Денот на македонската адвокатура, датум што го симболизира институционалното основање на организираната адвокатура во Македонија и нејзината повеќедецениска улога во заштитата на правата и слободите на граѓаните и јакнењето на владеењето на правото. На свеченоста, која се одржа во просториите на Комората, присуствуваа претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Африм Фидани, Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески, народниот правобранител Фатон Сељами, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Сашо Георгиевски, раководителот на Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов, претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска, како и претседатели и претставници на судовите, претставници на државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните организации, професионалните комори и органите на Адвокатската комора. Настанот го отвори извршната директорка на Адвокатската комора, Билјана Тошева, која им посака добредојде на присутните и го покани претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија, адвокат Лазо Ѓорѓиевски, да им се обрати на присутните. Во своето обраќање, претседателот Ѓорѓиевски потсети дека токму на 16 јуни 1945 година, по предлог на тогашниот министер за правда д-р Павел Шатев, бил поставен институционалниот темел на македонската адвокатура. „Денешното одбележување не е само свеченост. Ова е ден на почит кон една професија која веќе 81 година стои исправено во одбрана на правото, слободата и достоинството на човекот“, истакна Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека адвокатурата отсекогаш била многу повеќе од професија. „Адвокатурата е глас на граѓанинот пред институциите. Гарант на правото на одбрана. Коректив кога системот ќе потфрли. И еден од најважните столбови на владеењето на правото. Адвокатот не е само застапник пред суд. Тој е чувар на правната сигурност и еден од последните бедеми меѓу моќта и граѓанинот“, порача претседателот на Комората. Осврнувајќи се на современите предизвици со кои се соочува правниот систем, претседателот Ѓорѓиевски истакна дека иднината бара модерна, силна и обединета адвокатура, способна да одговори на новите општествени и технолошки промени. „Силата на една држава не се мери само преку институциите што ги има, туку и преку тоа колку е независна, достоинствена и силна нејзината адвокатура“, нагласи тој. Во своето обраќање тој ја претстави и визијата на новото раководство на Комората, истакнувајќи дека целта е изградба на адвокатура која ќе биде независна во своите ставови, достоинствена во постапувањето, современа во функционирањето и блиска до граѓаните. „Нашата цел е адвокатура која ќе ги штити интересите на адвокатите, но истовремено ќе биде активен партнер во градењето на правна држава заснована на владеење на правото, а не на привилегии“, рече Ѓорѓиевски. Тој истакна дека присуството на претставниците на највисоките државни институции, судската и обвинителската власт, академската заедница, дипломатскиот кор и меѓународните организации претставува силна потврда за значењето што адвокатурата го има во демократското општество и во функционирањето на правната држава. Со одбележувањето на Денот на македонската адвокатура, Адвокатската комора уште еднаш ја потврди својата определба за зачувување на независноста на адвокатурата, унапредување на професионалните стандарди и градење современа, силна и независна адвокатура како еден од темелите на демократското општество и владеењето на правото. АДВОКАТСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАТагови: Адвокатска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПотпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младитеПо потпишувањето на декларацијата, се оддржа и панел-дискусија, а меѓу панелистите беше и пратеничката Драгана Бојковска.Денес беше потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите од страна на пратеничката Драгана Бојковска како координаторка на Клубот за младински прашања и политики во Парламентот, Министерството за образование и наука, Министерството за спорт, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за дигитална трансформација, заедно со партнерски установи, невладини организации, организирано со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Потписниците потврдија дека ќе се заложат за градење на безбедна училишна средина, едукација за ненасилна комуникација, превенција во спортот, дигитална безбедност и психосоцијална поддршка, посилна координација помеѓу одговорност меѓу институциите и други превентивни методи. По потпишувањето на декларацијата, се оддржа и панел-дискусија, а меѓу панелистите беше и пратеничката Драгана Бојковска. Таа истакна неколку клучни точки за превенција и сузбивање на насилството помеѓу младите. Пратеничката Бојковска напомена дека како координаторка на Клубот за младински прашања и политики, ќе се заложи за поголема интеракција со останатите институции за поефикасна и темелна имплементација на оваа Декларација. Исто така, од нејзина страна беше истакнато дека се работи на менталното здравје на младите, бидејќи тоа претставува фундаментален елемент за секој поединец. Освен за младите, нагласи дека и родителите треба повеќе да се вклучат во интеракцијата со своите деца, сè со цел да се надминат проблемите со кои тие се среќаваат во адолесценцијата.Тагови: декларација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амабсада сторителот се уште е во полициска станица15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаВенера Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република АлбанијаДенеска Владата го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи. Воведувањето на системот најпрво ќе започне на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини со Албанија. Ова ќе овозможи поедноставно, побрзо и побезбедно преминување на државната граница, особено во летниот период кога значително се зголемува фреквенцијата на патници и кога во минатото граѓаните често укажуваа на долгите чекања на граничните премини. Потребата од вакво решение најдобро ја потврдува фреквенцијата на патници на граничните премини со Република Албанија. Во текот на 2025 година, на овие гранични премини биле регистрирани вкупно 4.581.724 патници, од кои дури 2.318.080 на граничниот премин Ќафасан. Овие бројки ја истакнуваат важноста од воведување на системот „One Stop Shop“, кој ќе овозможи побрз и поефикасен проток на патници и ќе придонесе за намалување на времето на чекање на границите, изјави Венера Азизи.Тагови: One Stop Shop Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook