Во снежни услови вевчанци подготвени за карневалското дефиле - Канал 5

Во снежни услови вевчанци подготвени за карневалското дефиле

 Во снежни услови, вевчанци се подготвени за уште едно карневалско доживување. Маските се уште се кријат во тајност, до дефилето, кое се очекува после 14 часот.

Во снежни услови вевчанци подготвени за карневалското дефиле

Градоначалникот Спасе Кочовски вели дека Вевчани е спремно и покрај временските услови гостите доаѓаат, а Општината прави максимални напори за чистење на пристапните патишта и улици.

- Одамна не сме имале снежна атмосфера во Вевчани за Вечванскиот карневал. Условите се можеби по екстремни, но убаво е да се биде овие два дена во Вевчани. Општина Вевчани во соработка со јавното комунално претпријатие „Еремија“ 24 часа е на терен. Ги чистиме и регионалните патишта што не поврзуваат со Струга и Дебар за гостите да можат полесно да пристигнат, изјави Кочовски.

За содржината на маските, вели дека никој не ја знае освен василичарите.

- Никогаш, никој не ги знае маските, освен оние што се маскираат. Мојата помала ќерка ќе се маскира, но јас не знам во што, ќе видам сега на дефилето каква маска има. Ниту најблиските роднини не ги знаат маските. Во тоа е и убавината на Вевчанскиот карневал. Овие два дена атмосферата ќе биде како и секоја година. Очекувам се да биде во најдобар ред, додаде Кочовски.

Тој вети ново и неповторливо карневалско издание со своите традиционални карактеристики, хумор, забава и дружење.

Дефилето под маски се очекува по 14 часот кога двете василичарски друштва Горна и Долна маала ќе тргнат од влезот на селото, традиционално предводени со зурли и тапани, зетот, невестата, двата ѓаволи, Глупавите Августи. По нив се движат останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања. Секое карневалско издание за вевчанци е доживување. Инспирација за изработка на маските црпат од актуелните случувања во годината што изминала. Вевчанци ќе кажат се, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.

Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.

Во рамките на забавниот дел, присутните вечерва ќе ги забавуваат „Љубојна“, Наум Петрески, оркестарот „Вевчани“, како и Перо Бели и Коки Биоритам, кои точно на полноќ на присутните ќе им ја честитаат Новата година, според Јулијанскиот календар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЈП на работна средба со туристичкиот сектор во Охрид

„Фер туризам започнува со пријавен доход“

УЈП на работна средба со туристичкиот сектор во Охрид

Во рамки на активностите за поголема даночна информираност и усогласеност во туристичкиот сектор, денес 19.08.2026 година Управата за јавни приходи во Охрид одржа информативно-работна средба со издавачи на вили, апартмани и соби, хотелиери, угостители и претставници на други дејности поврзани со туризмот.

Информативно-работната средба беше реализирана од страна на стручен тим на Управата за јавни приходи, во соработка со Општина Охрид, со цел зајакнување на соработката и навремено информирање на туристичкиот сектор за даночните обврски.

Средбата беше посветена на запознавање на туристичките работници со нивните права и обврски, со посебен акцент на пријавувањето на доходот од издавање недвижен имот, ангажирањето сезонски и повремени работници, како и пријавувањето на доходот од дејности од времен карактер.

Во текот на средбата беше презентирана кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“, преку која се укажува дека сите граѓани кои остваруваат доход од издавање сместувачки капацитети имаат обврска истиот навремено да го пријават и да го платат утврдениот данок на личен доход.

Беше појаснето дека обврската се однесува на сите кои издаваат апартмани, станови, куќи, вили, соби и други сместувачки капацитети, независно од тоа дали имотот се издава на подолг период или само неколку дена во месецот. Обврската постои и кога плаќањето се врши од домашен или странски гостин, во готовина или преку трансакциска сметка, преку Airbnb, Booking.com, Facebook, Kayak, Tripadvisor и други платформи.

На присутните им беше објаснет и начинот на пријавување на доходот остварен од закуп и подзакуп преку системот на е-Даночни услуги, како и начинот на пресметување на данокот на личен доход. Притоа беше посочено дека данокот се пресметува на бруто остварениот доход, намален за признатите трошоци, зависно од тоа дали просторот се издава неопремен или опремен со мебел.

Посебен дел од средбата беше посветен на ангажирањето лица во туристичката сезона, како што се: готвачи/ки, бармени/ки, собари/ки, рецепционери/ки, лица за чистење, одржување и други работни задачи.

На работодавачите им беше укажано дека доколку ангажираат физички лица за сезонска или повремена работа, до најмногу 180 дена во текот на една календарска година, работниот ангажман треба да биде формализиран и пријавен согласно Законот за работно ангажирање на лица. Со цел плаќање на данокот на личен доход и придонесите од задолжително социјално осигурување, работодавачите треба да обезбедат е-ПДД пресметка за данокот и МПИН пресметка за придонесите од Управата за јавни приходи преку нивните профили на системот е-даночни услуги.

На средбата беа опфатени и дејностите од времен карактер, кои се особено присутни во летната туристичка сезона. Станува збор, меѓу другото, за изнајмување кајчиња, педалинки, СУП даски, кануа, кајаци и друга опрема за рекреација на вода, но и за продажба на ракотворби, сувенири, накит и уметнички предмети.

Присутните беа информирани дека физичките лица кои вршат дејност од времен карактер имаат обврска да го пријават остварениот доход и да го платат данокот на личен доход. За таа цел, пред започнување со дејноста се поднесува Барање за паушално плаќање на данокот на личен доход – Образец ДЛД-П, до надлежната организациона единица на Управата за јавни приходи.

Средбата беше и можност туристичките работници директно да постават прашања и да добијат појаснувања за конкретни ситуации со кои се соочуваат во секојдневното работење. Преку отворен разговор беа разменети мислења и искуства, со цел обврските да бидат што појасни и полесни за исполнување.

Од Управата за јавни приходи беше нагласено дека целта на ваквите активности е, пред сè, навремено информирање и поддршка на граѓаните за правилно исполнување на нивните законски обврски и даночно усогласено работење.

Пријавувањето на приходите и плаќањето на данокот создаваат еднакви услови за сите туристички работници и придонесуваат кон намалување на сивата економија и нелојалната конкуренција.

Редовното исполнување на даночните обврски е важно и за самата туристичка дестинација, бидејќи преку платените даноци се обезбедуваат средства за подобри јавни услуги, инфраструктура и развој на локалната заедница.

Заедничката активност на Управата за јавни приходи и Општина Охрид претставува придонес кон создавање поуреден, одговорен и конкурентен туристички сектор, во кој правилното исполнување на законските обврски е предуслов за фер услови за работа и одржлив развој на туризмот.

Пораката од средбата е јасна: фер и успешен туризам се гради со информирани туристички работници, почитување на законските обврски и еднакви правила за сите.

Фер туризам започнува со пријавен доход.

УЈП

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го одложи воведувањето царини за Канада: Постигнат е договор, се чека потпис

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи за три дена воведувањето нови царини од 50 проценти за канадските стоки, тврдејќи дека Вашингтон и Отава постигнале договор.

Трамп го одложи воведувањето царини за Канада: Постигнат е договор, се чека потпис

Новите царински давачки требаше да стапат на сила во денеска и да опфатат околу 20 милијарди долари канадски увоз. Во објава на социјалната мрежа, Трамп изјави дека одлуката за одложување е донесена затоа што двете земји, под услов да се комплетираат документите, постигнале договор кој сè уште не е формално потврден. Една од главните точки на спор беа американските царини за канадските автомобили, за кои се разгледуваше можноста да се намалат од 25 на 15 проценти, но деталите за евентуалниот договор сè уште не се познати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сојузот на борци од Тетово бара да се забрани именување улици по личности поврзани со фашизам и нацизам

Сојузот на борци на Тетово бара од пратениците со законски измени категорично да се забрани именување улици и инфраструктурни објекти со имиња на фашисти, фашистички организации или нивни соработници. 

Сојузот на борци од Тетово бара да се забрани именување улици по личности поврзани со фашизам и нацизам

Барањето, како што потврдија за Канал 5, го доставиле до координаторите на парламентарните партии од македонскиот блок - ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ЛЕВИЦА и ЗНАМ, а доаѓа како реакција на новите 145 имиња на улици во Тетово кои Комисијата во Општината ги усвоила пред неколку денови. Меѓу нив се најде и името на Фадил Сулејмани, човек кој, како што тврди Сојузот, го формирал нелегалниот Тетовски Универзитет, и кој во интервју во Софија, пред повеќе години отворено го негирал постоењето на на македонскиот народ. Од Сојузот на борци, велат дека очекуваат законските измени за заштита од фашистички или спорни имиња на улиците да се направат по примерот на оние со кои се интервенираше за заштита на националниот интерес, кога како што велат, низ државата почнале да се формираат бугарски клубови со профашистички имиња.

- Очекуваме Собранието да биде конзистентно и да препознае потреба да се превенира, исто и во доменот на определување на имиња на улици и други инфраструктурни објекти. Па затоа предложивме на координаторите на пратеничките групи точни прецизни и веќе скроени измени на 2 члена во законот за определување на имиња на улици. Во смисла на тоа изрично да се забрани именување на улица или инфраструктурен проект со име на фашист, фашистичка организација или нивни соработници или пароли коишто можат да се поврзат со тоа, изјави Даријан Сотировски, член на Претседателството на Сојузот на борци на Тетово.

Од Сојузот на борци дополнително бараат покрај претходната согласност од Владата, задолжително да се побара мислење од Комисијата за имиња, која како стручно тело е формирана согласно Законот за здруженија и фондации.

Работната група за именување на улици, формирана од страна на Општина Тетово, досега во два наврати излезе со предлог имиња за повеќе од 200 улици во Тетово. Од кабинетот на Касами велат дека постапката во Општината за утврдување нови имиња е се уште во тек, а селекцијата е поделена по групи. Според информациите останува да се усогласат уште неколку имиња на улици, но постои начелен договор меѓу коалициските партнери. Иако временски рок нема, од општина Тетово очекуваат целата постапка да заврши до Нова Година.

Уставниот суд во јуни ја укина одлуката одлуката на општина Тетово од 2007 за преименување на улиците во градот поради тоа што пред речиси 2 децении таа не добила согласност од Владата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер