Во Словенија рекордни 707 новозаболени , се воведуваат драстични мерки

Во Словенија имало дури 707 нови инфекции со коронавирус во последните 24 часа, потврди словенечката влада.

Ова е нов рекорд, откако најголемиот број на дневни инфекции на крајот на неделава беше 211. Потврдени се нови 707 инфекции вчера на 4902 тестирани лица, а починале уште две заразени лица, изјави на прес-конференција владиниот портпарол Јелко Кацин, , и потврди дека владата ќе наметне нови построги мерки во попладневните часови.

Заедно со големото зголемување на новите случаи, бројот на потешки случаи кои бараат хоспитализација продолжува да расте.

Според новите податоци на Министерството за здравство, во моментов во болниците има 172 пациенти, од кои 26 се на интензивна нега.

Според Кацин, новиот број на инфекции ги исполнува сите услови за воведување на најстрогите мерки од претпоследната, таканаречена портокалова фаза, што треба да го ограничи ширењето на вирусот и неговиот експоненцијален раст. Во спротивно, владата повторно ќе прогласи епидемија и ќе воведе рестриктивни мерки слични на оние во првиот пролетен бран.

Третиот пакет мерки предвидува карантин на одредени општини, со оглед на бројот на заразени, забрана за посета на болниците и здравствените установи, затворање на баровите, фитнес центрите и спортските објекти за аматери и групни спортови, правило дека може да има само едно лице во фризерските салони,а настаните како верски церемонии и свадби во одредени региони се забрануваат и се затворање се затвораат стоматолошките ординации за непотребни интервенции.

Европски фронт: Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас

Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас на претседателските избори.

Лидерите на партиите кои се дел од Европскиот фронт на денешната средба во Струга заклучија дека првиот круг од претседателските избори на 24 април помина во мирна, фер и демократска атмосфера, а победата на д-р Бујар Осман од 40.000 гласа над Арбен Таравари - кандидат на опозицијата, тоа е победа која уште повеќе ќе се продлабочи на 8 мај, на парламентарните избори кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата историска победа.

Во овој случај, бидејќи Европскиот фронт повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет и нивно право, Европскиот фронт наведува дека тоа е ексклузивна волја на граѓаните како што сакаат да го искористат ова право.

Пендаровски од Центар: Единствен Начин силјановска да победи на дуел е да настапи сама на дуел

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, попладнево од собирот во Скопски Центар се осврна и на најавата за предизборно соочување во емисија на МТВ. 

Порача дека ТВ дуел на јавниот сервис никогаш не бил договорен, додавајќи дека тоа е единствениот начин Силјановска Давкова да победи во некаква дебата.

Силјановска – Давкова: Пендаровски не дојде на дебата на МТВ, ќе дебатирам со празно столче

Кандидатот за претседател на државата гордана Силјановска Давкова преку социјалната мрежа Х објави дека нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ.

„Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче.

Не разбирам зошто мојот противкандидат Стево Пендаровски им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови.

Би сакала да го потсетам господинот стево пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија. Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“, стои во нејзиниот твит на Х.

притисни ентер