Во Словенија 1798 нови заразени, рекорден број починати

Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 1.798 нови случаи на инфекција со коронавирус од 6.368 тестирани, а уште 23 лица починале, објави денеска владата на Твитер.

Според новите официјални податоци, бројот на вкупно потврдени инфекции се зголемил на 32.503 од почетокот на епидемијата, а во моментов се активни 20.980 случаи, објави Министерството за здравство.

Бројот на пациенти во болниците и оние со посериозни состојби продолжува алармантно да се зголемува, така што во моментов се хоспитализирани 703 пациенти, од кои 122 се во единиците за интензивна нега.

Сите епидемиолошки криви се уште се зголемуваат, така што бројот на активни инфекции, како и бројот на луѓе во болниците, е најголем досега, како и 14-дневната инциденца на раст на инфекцијата што надмина илјада. Така, во последните 14 дена, според последните податоци, имало 1001 пациент на сто илјади жители.

Бројот на смртни случаи за еден ден е најголем досега, а бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата се искачи на 315.

Владата вчера вечер, поради драматичната состојба со ширењето на вирусот, ги продолжи за уште една недела строгите мерки што го запреа социјалниот живот, а економските активности продолжуваат со примена на мерките за заштита.

Владата денеска објави дека учениците ќе останат дома следната недела, што ќе се смета како есенски одмор, така што нема да има часови на Интернет, додека градинките ќе бидат само делумно отворени, за оние вработени кои работат во важни услуги, како на пр. вработените во здравството, пожарната, цивилната заштита и полицијата.

Останатите ограничувања воведени неодамна заради експоненцијалниот раст на инфекциите остануваат на сила. Така, постои забрана за движење во групи од повеќе од шест лица, полициски час во текот на ноќта и забрана за напуштање на општините со постојан престој, освен исклучоци, како што се одење на работа и слично, што ќе се проверува со полициски проверки.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер