Муцунски: Дигиталната трансформација, иновациите и ИКТ секторот треба да станат посилен дел од економската агенда со Грција
2Муцунски: Дигиталната трансформација, иновациите и ИКТ секторот треба да станат посилен дел од економската агенда со Грција
3Нов дом за желките Sulcata во Скопје ЗОО: Инвестиција на Flex Credit за поубаво искуство на најмладите
МакедонијаВо следните денови Владата ќе го достави предлогот до Собранието, дел од експертите имаат големи очекувања од СавескиВо следните денови се очекува Владата и формално предлогот судијата Ненад Савески да биде нов републички јавен обвинител да го достави до Собранието. Откако ќе го добијат во Собрание ќе се одлучи кога ќе биде ставен на дневен ред пред пратениците. Премиерот Христијан Мицкоски околу одлуката рече дека била донесена по анализа на биографиите на кандидатите и заклучоците на Советот на Јавните обвинители. За Савески рече дека иако не го познава лично, тој е соодветно решение за нов државен јавен обвинител. -Ги анализиравме нивните биографии, воедно и заклучоците од Советот на ЈО и како Влада во една конструктивна дебата донесовме заклучок дека Ненад Савески може да биде соодветно решение за нов државен јавен обвинител. Јас лично не го познавам Ненад Савеско но од она коешто можев да го видам од неговата биографија но и од распрашувањето, цениме дека би можел да биде добар односно да не речам одличен нов државен јавен обвинител,- изјави– Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Ненад Савески е судија во кривична материја од организиран криминал во скопскиот Кривичен суд. Пред да биде избран за судија, работел и како обвинител во ОЈО Скопје и ОЈО Гостивар. Поседува експертски и меѓународни ангажмани, бил член на работни групи за судски и законски реформи. Од судските случаи познат е како втор судија во предметите со Раде Трајковски – Штекли и Софтвери со Драги Рашковски. Ги судеше случаите со убиството на мигрантката Фатмата Камара од Сиера Леоне на влез во Македонија, како и предметот со посредување на девојки од Бразил за проституција во Скопје. Тој беше и судија на претходна постапка кој одлучуваше по мерки за тогаш осомничените за случајот Организатори на 27 април. Дел од правниците кои ги контактиравме имаат големи очекувања од Савески како државен обвинител. Адвокатот Јанаки Митровски вели дека тој ќе се соочи со две крупни задачи – да обезбеди финансиска независност на јавното обвинителство и да нема партиско политички влијанија. -Објективно не може да му се закачат партиски припадности и блискости за оваа или онаа гарнитура на колегата Савески и она што е исклучително важно е барем досега бил исклучително гласен за приликите и неприликите во македонското судство. Јасно и гласно го искажувал своето мислење, со тужба го оспори начинот на избор на директорот на АСЈО што досега никој не го сторил. Имам големи очекувања, има пред себе две крупцни задачи – да обезбеди финансиска самостојност на ЈО и да нема партиско политички влијанија- изјави – Јанаки Митровски – Адвокат. Од опозициската СДСМ пак велат дека според професионалниот профил на Савески, се работи за човек со долгогодишно искуство, но клучното прашање е дали новиот Јавен обвинител ќе постапува независно, професионално, и непристрасно или под диктат на владата. -СДСМ и граѓаните внимателно и будно ќе ја следиме неговата работа токму по тоа – дали ќе има храброст да се спротивстави на притисоците и да постапува професионално, дури и кога станува збор за случаи кои водат до власта..велат од партијата. Изборот на новиот државен обвинител се избира со 61 глас ЗА во Собранието. Тагови: Јавен обвинител Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБитиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркетЕкономската лага на Христијан Мицкоски се распаѓа на каса во маркет, обвини пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, посочувајќи дека Владата со лаги се обидува од една статистичка бројка да создаде „економска бајка“Економската лага на Христијан Мицкоски се распаѓа на каса во маркет, обвини пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, посочувајќи дека Владата со лаги се обидува од една статистичка бројка да создаде „економска бајка“, додека граѓаните секојдневно се соочуваат со сè поскапи производи и намалена куповна моќ. „Да ја извадиме економијата од владиниот прес-центар и да ја сместиме таму каде што ѝ е местото , на пазар и во маркет. А таму со 1.000 денари може да се купат 2 килограми цреши по 140 денари, 1,5 килограм праски по 95 денари, 1,5 килограм кајсии по 130 денари, една табла од 30 јајца за 275 денари и само 150 грама пилешки стек. Значи, една илјадарка едвај покрива неколку килограми сезонско овошје, една табла јајца и мало парче месо“, потенцираше Битиќи на денешната прес-конференција. Битиќи нагласи дека економските резултати не се мерат со политички пораки и самопофалби, туку со реалниот животен стандард на граѓаните. „Економијата не се мери со самопофалби, туку со тоа што граѓаните реално можат да купат со својата плата, колку килограми овошје, колку месо, колку литри млеко, колку бензин, колку денови им се исполнети со достоинствен живот. Кога граѓаните плаќаат повеќе за истите производи, номиналната потрошувачка расте. Но тоа не значи подобар живот, тоа значи поскап живот“, појасни Битиќи. Битиќи укажа на фактот дека храната и безалкохолните пијалаци се поскапени за околу 8 отсто на годишно ниво, додека инфлацијата во земјава изнесува 5,7 отсто и е повисока од просекот во Европската Унија и еврозоната. Осврнувајќи се на владините тврдења за некаков „економски успех“, Битиќи посочи дека иако Државниот завод за статистика регистрирал раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал, истиот извештај покажува дека финалната потрошувачка учествува со дури 86,4 отсто во БДП, што значи дека растот главно се темели на потрошувачка во услови на високи цени. „Премиерот Мицкоски прво ја прогласи Македонија за „третата најбрзорастечка економија во Европа“, а вчера ја спушти амбицијата на „првите пет земји во Европа според растот на БДП“. Но и во едниот и во другиот случај станува збор за иста политичка намера, од една статистичка бројка да се направи економска бајка, додека граѓаните живеат во кошмарна економска реалност“, рече Битиќи. Тој нагласи дека БДП расте за 3,1 отсто, а инфлацијата изнесува 5,7 отсто, што значи дека цените растат побрзо од економијата, а граѓаните трошат повеќе пари и добиваат помалку производи за возврат. „Владата може да слави проценти, но граѓаните секој ден бројат денари. Вистински економски напредок, постои само тогаш кога граѓаните со својата плата можат да купат повеќе, да живеат посигурно и да ја планираат иднината без страв од нови поскапувања и повисоки сметки, потенцираше пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски: Дигиталната трансформација, иновациите и ИКТ секторот треба да станат посилен дел од економската агенда со ГрцијаВо своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува уште еден важен чекор во градењето на ново поглавје на соработка меѓу двете земји, засновано не само на политички дијалог, туку и на економски раст, иновации и заедничка конкурМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот на информатичко-комуникациски компании, во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Здружението на информатички компании на Грција (СЕТПЕ), што се одржа во Скопје. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува уште еден важен чекор во градењето на ново поглавје на соработка меѓу двете земји, засновано не само на политички дијалог, туку и на економски раст, иновации и заедничка конкурентност. „Интегрирањето на надворешната трговија во портфолиото на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија не беше само административна промена. Тоа беше политичка порака. Порака дека нашата дипломатија мора да испорачува повеќе трговија, повеќе инвестиции, поголем пристап до пазари и повеќе конкретни можности за нашите компании“, истакна Муцунски. Осврнувајќи се на потенцијалот на домашниот ИКТ сектор, министерот нагласи дека тој претставува еден од најдобрите примери за тоа што може да постигне државата кога талентот, претприемништвото и меѓународните пазари се обединети. „Нашата земја располага со силен потенцијал во ИКТ секторот. Имаме високо квалификувани професионалци, динамични компании, конкурентни деловни услови и млада генерација која е амбициозна, креативна и глобално поврзана“, рече министерот. Тој посочи дека со придонес од речиси 5 проценти во БДП и годишни приходи од приближно 1,65 милијарди евра, ИКТ секторот претставува еден од клучните столбови на македонската економија. „Но, ние не го гледаме тоа само како економска статистика. Ние го гледаме како национална можност. Можност младите луѓе да останат дома. Можност да привлечеме сериозни инвестиции. Можност да ги поврземе нашите компании со европските и глобалните синџири на вредност. Можност да ја позиционираме Македонија како регионален центар за дигитални услуги и иновации“, нагласи Муцунски. Воедно, министерот истакна дека следната фаза од економската соработка меѓу Македонија и Грција треба да биде поамбициозна, поиновативна и повеќе насочена кон иднината. „Енергетиката, инфраструктурата и трговијата ќе останат важни. Но, дигиталната трансформација, ИКТ, иновациите, вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста, финтек решенијата и соработката меѓу стартапите треба да станат посилен дел од нашата билатерална економска агенда“, истакна тој. Осврнувајќи се на европската перспектива на државата, Муцунски нагласи дека европската интеграција не е само политички процес, туку и економска трансформација што носи подобри стандарди, посилни институции, попредвидливи правила, поголема конкурентност и поширок пазар за компаниите. На крајот од своето обраќање, министерот потенцираше дека токму бизнис-заедницата е двигател на економскиот развој. „Владите можат да ја создадат рамката. Институциите можат да ги отворат вратите. Но компаниите, претприемачите, инженерите, иноваторите и инвеститорите се тие што создаваат вистинска економска вредност“, порача Муцунски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНов дом за желките Sulcata во Скопје ЗОО: Инвестиција на Flex Credit за поубаво искуство на најмладитеВо согласност со својата општествено одговорна платформа „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, Flex Credit продолжува да инвестира во проекти кои создаваат трајна вредност за локалната заедница.По повод големиот јубилеј „100 години Скопје ЗОО“, Зоолошката градина во Скопје доби ново катче – комплетно изградена и опремена куќичка за желки (Centrochelys sulcata). Проектот е реализиран на директно барање на Зоолошката градина, а финансиран и самостојно изграден од страна на финансиското друштво Flex Credit, како дел од нивната долгорочна стратегија за општествена одговорност. Оваа нова инфраструктура, е дизајнирана да ги подобри условите за живот на животните, но и да стане составен дел од редовната едукативна и забавна програма на Скопје ЗОО. Со ова, посетителите – особено најмладите, ќе добијат можност одблиску да се запознаат со желките во средина која ги исполнува сите современи стандарди. За менаџментот на Flex Credit, овој проект е потврда дека вистинската грижа за заедницата се мери преку видливи и одржливи дела. „Овој значаен јубилеј на Зоолошката градина нè потсетува колку е важно да ги негуваме и поддржуваме местата што имаат непроценлива вредност за сите генерации скопјани. Токму затоа, со огромно задоволство одговоривме на барањето на ЗОО Скопје. Нашата цел со оваа инвестиција е директно да придонесеме во подобрување на условите, да го поддржиме развојот на институцијата и да создадеме поубаво и поедукативно искуство за сите посетители – особено за децата. Затоа што за Flex Credit, општествената одговорност никогаш не била само зборови, туку конкретна акција на терен,“ изјави Тина Трпковска, Маркетинг директор на Flex Credit. Новата куќичка за желки од денеска е официјално отворена за сите посетители, збогатувајќи ја содржината на Скопје ЗОО во годината на нејзиниот голем јубилеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook