Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски - Канал 5

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски

Намалени 40 милиони евра обрски на Градот Скопје и јавните претпријатија и започнати голем број капитални проекти, за само два месеца, е голем успех за мене и мојот тим, рече денеска на прес конференција градоналаникот Орце Ѓорѓиевски.

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски

Како што напомена, откочени се проектите кои со години биле заглавени, а најави и дека граѓаните можат да очекуваат многу скоро ставање во функција на клучката кај Момин Поток и довршување на булеварот „Борис Трајковски“. Ѓорѓиевски најави и дека годинава ќе се вози по новиот мост „Михајло Апостолски“ со кој се поврзуваат Општините Аеродром и Гази Баба, а новите 130 еколошки автобуси, како што рече ќе почнат да пристигнуваат во Скопје до крајот на годината.

Ѓорѓиевски најави и дека продолжува БРТ проектот за кој беше одобрен кредит од ЕБОР, а како што рече ќе работи на докомплетирање на документацијата за во трасата да бидат опфатени и населбите Радишани и Драчево.

Градоначалникот најави и соработка со МВР за поставување сообраќајни знаци, каде што недостасуваат на подрачјето на градот, а рече и дека се работи на имплеметирање на смарт зелен бран.

Ѓоргиевски апелираае до граганите и компаниите, во наредните 15 дена да ги подмират обрските за неплатен данок на имот, за периодот од 2022 до 2025 година, кои на градот вкупно му должат скоро 20 милиони евра. Ред мора да има изјави градоначалникот и најави дека за неподмирување на обврските ќе следува блокада на сметките.. Ѓорѓиевски напомена дека со платите на вработените кои биле на платен список но не оделе на работа, со нив ното отпуштање градот ќе заштеди поколу 6,5 милионие вра годишно..Во однос на хигиената, најави цистерните за миење на улиците ќе излезат на улиците веднаш штом температурата ќе го дозволи тоа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот

СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. 

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот

Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени.

Системот беше досега таков, затоа што со децении лица како Жерновски, Заев и Филипче го крадеа и уништуваа. Ликови како овие тројца, ја продаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го зголемат својот џеб да им биде подлабок и на тој начин сметаат дека треба да функционира една држава.

Тој систем веќе 2 години се менува. Новиот систем е предводен од чесни политичари кои мислат на граѓаните и нивните интереси, а не на својот џеб.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Континуирани вонредни инспекциски надзори низ Карпош

Комуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови.

Континуирани вонредни инспекциски надзори низ Карпош

Општинските инспекциски служби извршија теренска контрола и обиколка на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош.

При контролите, комуналниот и градежниот инспектор констатираа неправилности кај неколку угостителски објекти, при што на еден правен субјект му беше изречена глоба, а беа издадени и неколку опомени поради отстапувања од одобрениот Елаборат за урбана опрема.

Општина Карпош повторно упатува апел до сите сопственици на угостителски објекти доследно да ги почитуваат законските одредби и условите утврдени со Елаборатот за урбана опрема.

Инспекциските контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел обезбедување на почитување на законските прописи и уредно функционирање на јавниот простор на територијата на општината.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува

Од првиот настап како независна држава до денес, македонските спортисти освоија 14 медали на Медитеранските игри – три златни, две сребрени и девет бронзени. 

Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува

Сите медали се освоени во индивидуални спортови, а најголем број резултати доаѓаат од борење, карате, таеквондо и бокс

Со претстојното учество на XX Медитерански игри во Таранто, Македонија по четврти пат ќе биде дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во медитеранскиот регион. Во изминатите три настапи како независна држава, македонските спортисти создадоа низа успешни спортски приказни, стекнаа драгоцено меѓународно искуство и освоија медали кои се потврда за нивната посветеност, работа и развојот на македонскиот спорт.

На Собранието на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), одржано во Пескара, Италија, во 2009 година, Македонија, преку Македонскиот олимписки комитет, беше официјално примена како полноправна членка на оваа меѓународна спортска организација, со што ги стекна условите за учество на Медитеранските игри.

Македонија првпат настапи како независна држава на Медитеранските игри во 2013 година во Мерсин, Турција. Со делегација од 116 спортисти, нашата земја беше претставена во 19 спортови и дебито го заврши со пет освоени медали – едно сребро и четири бронзени медали. Најголемиот дел од освоените медали во Мерсин дојдоа од боречките спортови, со што уште на првото учество беше потврдена силната традиција и квалитетот на македонските спортисти во овие дисциплини.

Вториот настап следуваше во 2018 година во Тарагона, Шпанија. Овие игри останаа запаметени како најуспешниот настап на Македонија според бројот на освоени медали. Македонските спортисти освоија шест медали, меѓу кои и првите златни медали во историјата на македонските настапи на Медитеранските игри. Берат Јакупи во карате го освои првото злато за Македонија, а златен медал освои и Магомедгаџи Нуров во борење. Дополнително, Дејан Георгиевски во таеквондо освои сребро, додека бронзени медали освоија Ненад Келебиќ и Жарко Арсовски во карате, како и Дејан Митров во борење.

Последниот настап пред Таранто 2026 беше во 2022 година во Оран, Алжир. Македонската делегација освои три медали – едно злато и две бронзи. Магомедгаџи Нуров во борење повторно се искачи на највисокото место на пиедесталот, додека Владимир Егоров во борење и Дејан Георгиевски во таеквондо освоија бронзени медали.

Несомнено, освоените медали се резултат на долгогодишната работа, посветеноста и дисциплината на спортистите, но и на придонесот на Македонскиот олимписки комитет, националните спортски федерации, тренерите и стручните тимови кои стојат зад нивниот развој.

Покрај освоените медали, значењето на Медитеранските игри е многу пошироко. Тие претставуваат важна сцена за афирмација на македонскиот спорт, место каде младите и искусните спортисти ги одмеруваат силите со најдобрите во регионот и стекнуваат искуство кое често претставува чекор кон нови големи спортски предизвици.

Со настапот во Таранто 2026, Македонија ќе ја продолжи својата медитеранска спортска приказна. Четвртиот настап на овие игри ќе биде нова можност за македонските спортисти да се претстават на големата меѓународна сцена, да ги промовираат олимписките вредности и да испишат нови страници во историјата на македонскиот спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер