ЗабаваВо скопската Зоолошка се роди ново бебе хималајски тар Во Зоолошката градинка во Скопје овие денови се роди ново бебе од видот хималајски тар.-Овие денови нашата страница повеќе личи како профил на некоја јасли група во градинка , но навистина имаме „Бејби Бум” во Скопје ЗОО. Ова е нашето ново бебе од видот хималајски тар, објавија денеска од Зоолошката градинка на својата фејсбук страница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотИталија по 40 години и се враќа на нуклеарната енергија Четириесет години по затворањето на нуклеарните централи поради катастрофата во Чернобил, Италија се подготвува за нивно враќање. Владата на премиерката Џорџа Мелони сака да ја зајакне енергетската безбедност на земјата. Владата смета на поддршката од помладите генерации, кои на нуклеарната енергија гледаат како на извор на електрична енергија со ниска емисија на јаглерод, клучен за справување со климатските промени и за стабилизирање на снабдувањето. Аналитичарите проценуваат дека властите се надеваат оти поддршката од младите ќе го надмине отпорот на постарите генерации, кои биле сведоци на несреќата во 1986 година и гледаат со недоверба на атомската енергија. Италијанците веќе двапати гласале на референдуми против нуклеарните централи, пишува „Асошиејтед прес“. Се очекува Парламентот следната недела да ја одобри законската рамка за нуклеарни технологии од новата генерација. Потоа, Владата ќе има рок од 12 месеци да донесе прописи во врска со издавањето дозволи за реактори, безбедносните стандарди, одлагањето на отпадот и изборот на локации. Пред гласањето, Џилберто Пикето Фратин, министерот за животна средина и енергетска безбедност, изјави: „Должност на Владата во овој момент е да создаде услови за оние што на крајот ќе одлучуваат за постројките, да можат да го сторат тоа“. Дебатата во Италија се надоврзува на поширокиот европски тренд, бидејќи земји како Франција и Полска ја прошируваат или воведуваат нуклеарната енергија за да обезбедат енергетска сигурност и да ги исполнат климатските цели. Сепак, случајот со Италија е единствен, бидејќи вклучува обид за оживување на индустрија што јавноста претходно ја отфрлила. Италија некогаш беше европски лидер во областа на нуклеарната енергија. Нејзините четири реактори работеа сè до референдумот во 1987 година – одржан по катастрофата во Чернобил – со кој практично беше запрена програмата. Подоцнежниот обид за оживување на секторот беше прекинат во 2011 година по катастрофата во Фукушима, кога 94 отсто од гласачите се спротивставија на изградбата на нови реактори. Евентуалното враќање кон нуклеарната енергија би претставувало еден од најамбициозните енергетски пресврти во Европа. Владата на Џорџа Мелони својот план го оправдува со растечката побарувачка за електрична енергија, климатските цели и неизвесноста предизвикана од руската инвазија врз Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРаперот Пи Диди завршил во самица поради тепачка во затвор Некогаш мегапопуларниот рапер Пи Диди заврши во самица поради тепачка во затвор. Раперот не престанува да прави проблеми по пресудата.Шон Диди Комбс, познат како Пи Диди, во октомври 2025 година беше осуден на 50 месеци затвор под обвинение за поттикнување или овозможување проституција. Познатиот музички магнат Шон „Диди“ оваа недела бил сместен во самица по тепачка со друг затвореник. Според TMZ, музичарот влегол во жестока расправија поради острите критики упатени кон него од друг затвореник, поради што „ја зел работата во свои раце“. Повеќе извори наведуваат дека затворениците во затворот „Форт Дикс“ се тепале и се туркале меѓусебно. Затворскиот персонал ги раздвоил мажите, а Комбс бил сместен во самица, велат изворите. Не е познато дали тој сè уште се наоѓа таму или дали конфликтот ќе влијае на датумот на неговото ослободување во 2028 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски и Трамп во Белата куќа. „Средбата беше добра“Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа за да разговараат за нови дипломатски напори за ставање крај на војната во Украина. Двајцата лидери разговараа и за можноста за лиценцирано производство на американски системи за противвоздушна одбрана, пренесува „Киев индепендент“ (The Kyiv Independent). По средбата, Зеленски изјави дека таа била „добра“. „Со претседателот разговаравме за лиценци за производство на пресретнувачи за системот ’Патриот‘ и за неколку други идеи што би можеле да помогнат“, рече Зеленски. „Исто така, се осврнавме и на дипломатијата. Важно е тој процес повторно да се активира, а нашите тимови ќе ја организираат понатамошната комуникација.“ Средбата започна во 9:47 часот по локално време, траеше околу еден час и се одржа зад затворени врати, потврди претставник на Белата куќа. Советниците на украинскиот претседател сметаат дека Трамп станал посклонен кон Украина и дека оваа средба е можност да се обезбеди неговата поддршка.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook