Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаВо скопската Зоолошка градина евтаназирана слоницата Дуња Во Зоолошката градина во Скопје вчера била извршена евтаназија на азиската слоница Дуња. Одлуката за евтаназија, како што објави денеска Зоолошката градина Скопје на Фејсбук, е донесена по насока на сопствениците кои ја позајмија на нашата зоолошка - „Pairi Daiza“ од Белгија, заедно со тим експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови) кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата. Со голема жалост ве информираме дека во текот на вчерашниот ден (06.08.2024 год.), азиската слоница Дуња по насока на сопствениците кои ја позајмија на нашата зоолошка- „Pairi Daiza" од Белгија, одлучија со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови) кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата донесоа одлука за евтаназија на слоницата [💔] Ниту еден третман ниту операција не можеше да ја спаси, а одлуката на сопствениците од Белгија беше од стручниот меѓународен тим за да таа не страда. Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница. Дуња скоро и да не гледаше, имаше проблеми со вилицата и забите, а ден претходно беше направен преглед и констатиран е комплексен дентален проблем. За процесот на обдукција и останките, Зоолошка градина Скопје ги следеше законите и правилата, како и консултации со тим од Факултетот за ветеринарна медицина. Инаку нашата Дуња најголем дел од својот живот го има поминато во шведски патувачки циркус, патувајќи низ цела Европа. Со забраната за користење на животни во циркуси точки, оттаму Дуња и Даела патуваат во Белгија, во еден од најубавите паркови за слонови во светот- „Pairi Daiza", каде се констатира дека за жал поради трауматичното минато двете слоници Дуња и Даела нема да можат да живеат во социјална група со други слонови. Оттогаш, во 2018 година доаѓаат во Скопје за да ги живеат нивните „пензионерски денови". Посетителите на Скопје ЗОО од 29.09.2018 имаа прилика да уживаат и да се едуцираат со нивното присуство, а од вчера ја имаме самп нашата африканска слоница Даела, за чиј статус дополнително ќе се одлучи заедно со европската група за слонови. Дуња, бескрајно ќе ни фалиш на сите, ни беше чест што имавме можност да се грижиме за тебе во твоите „пензионерски" денови, стои во објавата на Фејсбук на официјалната страница на Зоолошка градина Скопје .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
ЖивотОбјавена е листа на 10-те најдобри европски дестинации за есенЕвропа нуди долга и разновидна есен, со пејзажи кои се движат од планински долини и шуми до лозја, од кои сите добиваат препознатливи сезонски бои.Европа може да биде навистина убава за време на есента, па затоа е објавена листа од десет европски дестинации во кои навистина може да се ужива по летото. 10 европски дестинации за посета за време на есента: 1. Езерото Блед, Словенија 2. Баварските Алпи, Германија 3. Езерскиот округ, Англија 4. Трансилванија, Романија 5. Пертшир, Шкотска 6. Доломити, Италија 7. Долина на Лоара, Франција 8. Лапонија, Финска 9. Долина Дуро, Португалија 10. Национален парк Плитвички Езера, Хрватска Извор: Индекс.хрТагови: Европа есен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
СветБрод нападнат во близина на оманскиот брег, морнар исчезнатИндија соопшти дека 13 членови на екипажот се спасени, додека едно лице сè уште се води како исчезнато по нападот врз брод во близина на оманскиот брег во Ормузскиот теснец.Осудувајќи го нападот врз трговскиот брод МТ Ел Гаја, индиското министерство за надворешни работи соопшти дека 14 индиски членови на екипажот биле на бродот во времето на нападот, а еден сè уште се води како исчезнат. „Нашата амбасада во Оман внимателно ја следи ситуацијата и проактивно се координира со оманските власти во тековната операција за пребарување и спасување. Им благодариме на оманските власти за нивната поддршка во спасувањето на нашите државјани“, соопшти министерството. Повикувајќи на „итна деескалација и дијалог и дипломатија за да се донесе мир во регионот“, Њу Делхи рече дека „таргетирањето на трговските бродови, морнарите, цивилите и цивилната инфраструктура во регионот е неприфатливо“. Ситуацијата во теснецот не се смирува „Исто така, повикуваме на итно враќање на слободната и безбедна пловидба и протокот на трговија преку меѓународните водни патишта во регионот“, соопшти министерството. Британскиот орган за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти рано во неделата дека брод што минувал низ Ормускиот теснец бил погоден од неидентификувана муниција. Во соопштението објавено на интернет се вели дека нема достапни информации за состојбата на екипажот, обемот на штетата или потенцијалното влијание на бродот врз околната средина. Поморскиот орган соопшти дека е во тек истрага и им советува на бродовите да продолжат да пловат со претпазливост и да пријавуваат каква било сомнителна активност. Сообраќајот низ критичниот Ормуски теснец останува далеку под нивоата забележани пред почетокот на војната меѓу САД и Иран во февруари оваа година, поради тековните безбедносни ризици и нападите врз трговски бродови што минуваат низ регионалните води. Извор: Индекс.хрТагови: брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на општина БрвеницаНоќеска на полноќ заврши рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија.Според ДИК, поднесени се вкупно шест кандидатски листи, од кои четири од коалиции и две од групи избирачи. -За предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, поднесени се вкупно 6 листи на кандидати, од кои четири листи се поднесени од коалиција а две листи од група избирачиТагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45