Во Скопје се одржува Втор состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион - Канал 5

Во Скопје се одржува Втор состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион

 Во Скопје се одржува Втор состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион (2nd International Meeting Sudden Cardiac Death in the Balkan area). 

Во Скопје се одржува Втор состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион

Првиот состанок беше минатата година во Трст, Италија. Целта на овој состанок е унапредување во превенцијата, детекцијата и лекувањето на срцевите аномалии што може да доведат до смртен исход кај млади лица, појаснуваат организаторите на настанот.

- Ќе бидат присутни еминентни стручњаци од регионот како и од Италија, Англија, Турција и Швајцарија, од кардиологијата, судската медицина, спортска медицина, молекуларна биологија и ИТ секторот. Вкупно се регистрирани 180 учесници. Очекуваме да се постави унифициран протокол за сите земји преку што ќе се верификуваат случаите на ненадејна срцева смрт, ќе се формира електронска база на податоци од медицинска историја, клинички прегледи, обдукционен наод, токсиколошки анализи, хистопатолошки анализи и генетски полиморфизми. Преку овој протокол, покрај дијагнозата, ќе се изведува и генетско советување кај роднините на починатите со цел за превенција од ненадејна срцева смрт, се додава во соопштението.

Како што се истакнува, „целокупната активност освен од стручен има и голем научен аспект, при што со публикација на новите сознанија ќе се издигне и научниот рејтинг на Република Северна Македонија“.

Најавено е состанокот да го отвори министерот за здравство Азир Алиу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Остварена посета на фабриката Адиент Аутомотив во ТИРЗ Струмица

Директорот Гоце Димовски оствари посета на Адиент Аутомотив во ТИРЗ Струмица, каде заедно со менаџментот на фабриката беа разгледани тековните активности, плановите за во иднина, како и можностите за раст и развој.

Остварена посета на фабриката Адиент Аутомотив во ТИРЗ Струмица

Покрај ова, беше реализирана и обиколка на производствениот погон.

Во рамки на средбата, Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ и натаму продолжува со континуирана соработка со компаниите кои работат во зоните, со цел навремено да се согледаат нивните потреби и да се обезбеди соодветна поддршка во нивното работење. Тој посочи дека активно се работи на дополнително подобрување на условите за инвестирање, како и на создавање уште подобра деловна средина за компаниите кои се дел од ТИРЗ.

Од страна на менаџментот на фабриката, беше изразено задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беа претставени тековните активности и идните планови и очекувања на компанијата. Преку ваквата директна и отворена комуникација со инвеститорите, Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со јакнење на партнерскиот однос, подобрување на условите за работа и поддршка на компаниите во нивните развојни планови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремиња

Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени.

УХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремиња

Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени, можно е изолирано невреме во делови од земјата, велат од УХМР..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково

Во моментот се активни четири пожари, 24 се изгаснати, а под конторла се 24 пожари, објаснуваат од ЦУК..

ЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково

Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково општините Гостивар и Македонски Брод Општина Чашка – над с. Нежилово, и делови во општина Струга.

Од ЦУК со апел за внимателност, да не се палат огнови на отворено..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер