Во Скопје почнува ЕП за кошаркари до 18 години - Канал 5

Во Скопје почнува ЕП за кошаркари до 18 години

Од денеска до 7 август, Скопје ќе биде домаќин на Европското првенство за кошаркари до 18 години, дивизија Б. На шампионатот чии натпревари ќе се играат салите на спортските центри „Борис Трајковски’’, „Јане Сандански“ и „Кале’’, покрај јуниорската репрезентација на Македонија ќе настапат уште 23 селекци.

Во Скопје почнува ЕП за кошаркари до 18 години

Во првата фаза репрезентаците ќе бидат поделени во четири групи и тоа:
А група: Македонија, Бугарија, Ирска, Унгарија, Полска и Кипар.

Б група: Романија, Белгија, Белорусија, Португалија, Црна Гора и Австрија.
Ц група: Естонија, Чешка, Исланд, Луксембург, Данска и Холандија.
Д група: Албанија, Англија, Словачка, Шкотска, Украина и Грузија.

Прво пласираните две селекции од групите ќе се пласираат во четврфиналето, додека трето и четврто рангираните ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место, а двете последно рангирани селекции ќе играа за пласман од 17 до 24 место.

Пласман во А дивизијата ќе обезбедат првопласираните три репрезентации, додека последно пласираната селекција се сели во Ц дивизијата.

Македонските кошаркари своите натпревари ќе ги играат во СЦ „Борис Трајковски“ во терминот од 18 часот и 45 минути, а денеска во 1.коло за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Бугарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсоски од Пробиштип: ЗНАМ ги претвора ветувањата во резултати – потврда за реформите од ЕК, 1.300 капитални проекти и повисоки плати и пензии!

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето.

Арсоски од Пробиштип: ЗНАМ ги претвора ветувањата во резултати – потврда за реформите од ЕК, 1.300 капитални проекти и повисоки плати и пензии!

Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Пробиштип, се обратија потпретседателот на ЗНАМ и пратеник во

Собранието, Павле Арсоски, заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини и претседател на Градската организација на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, директорот на ПИОМ и директор на Центарот за комуникација и аналитика на ЗНАМ, Никола Мемов, како и пратеничката и член на Извршниот одбор на ЗНАМ, Даниела Белимова.

Потпретседателот на ЗНАМ, Павле Арсоски, истакна дека изминатите две години се доказ дека Движењето ја оправдува довербата на граѓаните преку конкретни политики, одговорност и мерливи резултати. Посебно го потенцираше Извештајот на Европската комисија за 2026 година, кој нотира напредок во реформските области и претставува значајна потврда за работата на институциите.

„Европскиот извештај е важна надворешна оценка за напредокот на државата. Онаму каде што ЗНАМ презеде одговорност, се преземаат конкретни чекори и се постигнува видлив напредок. Не бараме признание за она што го зборуваме, туку за она што го работиме. Нашата политика се темели на дела, а не на празни ветувања“ истакна Арсоски.

Тој посочи дека зад политиките на Владата стојат конкретни придобивки за граѓаните, меѓу кои околу 1.300 капитални проекти во општините низ државата, насочени кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот, како и зголемувањето на платите во повеќе сектори.

„Кога зборуваме за 1.300 проекти, зборуваме за реални инвестиции во општините, за подобри улици, водоводи, училишта и инфраструктура. Кога зборуваме за растот на платите, зборуваме за вреднување на трудот и подобрување на животниот стандард на работниците. Платите во образованието се зголемени за 20 проценти, здравствените работници добија зголемување. Со договорот со синдикатите е предвиден и натамошен раст на платите на административните службеници до 40 проценти до март 2028 година. Тоа се конкретни резултати што граѓаните ги чувствуваат, а не политички пароли“ нагласи Арсоски.

На панел-дискусијата Лабудовиќ ги истакна резултатите во енергетскиот сектор, меѓу кои инвестициите во околу 200 мегавати нови фотоволтаични капацитети, финансирањето на втората фаза од ветерниот парк „Богданци“, рехабилитацијата на шест хидроелектрани и засилената контрола врз концесионерите, со раскинување на повеќе од 50 концесии поради неисполнување на обврските. Овие активности се дел од поширокиот инвестициски циклус за зголемување на домашното производство, енергетската сигурност и заштитата на националните природни ресурси.

Никола Мемов ги презентираше резултатите од двегодишното работење на Фондот ПИОМ, посочувајќи дека пензиите од септември 2024 до март 2026 година се зголемени за вкупно 7.000 денари, а во септември 2026 година следуваше и дополнително усогласување од 3 проценти. Даниела Белимова ги истакна парламентарните иницијативи на ЗНАМ, меѓу кои обезбедувањето 55.000 вредносни ваучери за студентите, како и предлог-измените на Законот за семејството. Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски. Две години се доволна потврда дека ЗНАМ е движечка сила на конкретни промени и резултати. Движењето продолжува да работи за силна и стабилна Македонија, функционални институции, економски развој и подобар животен стандард за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хари Кејн опериран – познато е колку долго ќе отсуствува од тимот на Баерн Минхен

Фудбалерот на Баерн МИнхен, неверојатниот стрелец Хари Кејн е успешно опериран и ќе отсуствува од зелениот терен најмалку три месеци.

Хари Кејн опериран – познато е колку долго ќе отсуствува од тимот на Баерн Минхен

Најдобриот фудбалер за 2026 година, асот на Баерн, Хари Кејн, имаше успешна операција и ќе отсуствува најмалку три месеци.

„Хари Кејн синоќа беше успешно опериран поради скинат лигамент на левиот скочен зглоб, повреда што ја заработи на натпреварот од Бундеслигата против Келн. 33-годишниот фудбалер сега ќе започне програма за рехабилитација“, се наведува во соопштението на Баерн, а германските медиуми пренесуваат дека тој ќе отсуствува најмалку три месеци.

Добитникот на „Златната топка“ се здоби со сериозна повреда во 10-тото коло од Бундеслигата, на натпреварот одигран во петокот, при што мораше да го напушти теренот уште во 20-тата минута. Отсуството на Кејн ќе претставува огромна загуба за Баерн, бидејќи капитенот на Англија ја игра сезоната на кариерата . Англичанецот постигна 10 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од јануари догодина Здравствениот дом во Делчево добива мамограф

Од јануари догодина Здравстевниот дом во Делчево ќе добие мамограф, со што пациентките нема да мора повеќе за овој преглед да патуваат до Кочани. 

Од јануари догодина Здравствениот дом во Делчево добива мамограф

Ова го најави министерот за здравство Сашо Клековски при денешната посета во Делчево, при што најави и дека итната медицинска помош во оваа општина ќе добие две нови амбулантни возила.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер