Во Скопје почна 11. издание на танцовиот фестивал „Dance Off 2025“ - Канал 5

Во Скопје почна 11. издание на танцовиот фестивал „Dance Off 2025“

Во Скопје денеска почна 11-тото издание на меѓународниот танцов фестивал „Денс Оф 2025“..

Во Скопје почна 11. издание на танцовиот фестивал „Dance Off 2025“

На фестивалот во салата Борис Трајковски денеска и утре ќе учествуваат 2,700 натпреварувачи од 12 европски земји: Македонија, Бугарија, Романија, Словачка, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Грција, Словенија, Холандија и Турција..

Организаторите велат дека на фестивалот ќе ги обедини најдобрите танчери и кореографи преку спектакуларно дефиле кое ќе го слави танцот, уметноста и интернационалното пријателство..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Четворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. 

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко..

Повредени се 12 лица.

Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти.

Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за вториот ребаланс на буџетот за 2026 година. Поднесени се вкупно 124 амандмани.

Во Собранието продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Со новите проекции, приходите се намалуваат на 374,2 милијарди денари, а расходите на 420,5 милијарди денари. Најголемото намалување е кај акцизите, од 34,1 на 30,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит останува 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бдп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава

Вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава. 

Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава

Тој денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието – Африм Гаши како и со вицепремиерот Александар Николоски.

На вчерашната средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски, тие го го потврдија високото ниво на пријателски односи меѓу Македонија и Црна Гора, сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан.

На средбата стана збор и за денешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер