Во Скопје одржан вториот маратон за танго - Канал 5

Во Скопје одржан вториот маратон за танго

Синоќа во Лимак беше организирана гала ноќ -Вториот маратон за танго, на кој се славеше културата танцот, музиката и пријателството мегу нациите.

Во Скопје одржан вториот маратон за танго

Синоќа во Лимак беше организирана гала ноќ -Вториот маратон за танго, на кој се славеше културата танцот, музиката и пријателството мегу нациите со поддршка на амбасадата на Република Грција во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канада забранува увоз на добиток од Тексас поради опасна мува

Канада воведе привремена забрана за увоз на говеда од американската држава Тексас откако оваа недела кај телињата е откриена опасната месојадна мува. 

Канада забранува увоз на добиток од Тексас поради опасна  мува

Кравите и коњите кои биле во Тексас во рок од 21 ден пред да влезат во Канада нема да можат да влезат во земјата, соопшти Канадската агенција за инспекција на храна.

Одлуката дојде откако Министерството за земјоделство на САД (USDA) потврди дека паразитот е пронајден и кај второ теле во Тексас, државата со најголемо производство на говедско месо во Америка.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, синоќа прогласи состојба на катастрофа поради „непосредната закана“ што ја претставува ширењето на инфекцијата, пишува Би-Би-Си.

„Постои голема веројатност дека инфекцијата ќе се прошири во текот на летото“, изјави Абот за новинарите во петокот.

Мувата црв од Новиот свет е паразит чии женки ги положуваат своите јајца во отворени рани и на мукозните мембрани на топлокрвни животни, вклучувајќи ги и луѓето.

Кога јајцата се изведуваат, стотици ларви ги користат своите остри усните делови за да пробијат низ живо ткиво. Доколку не се лекува, инфекцијата може да биде фатална за домаќинот.

Американските власти објавија во среда дека Тексас го регистрирал својот прв случај на болеста за 60 години, во кој се работи за тринеделно теле чии ларви биле пронајдени во неговиот папок. Откритието е направено во градот Ла Прајор, околу 30 милји од мексиканската граница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ

За аналитичарот, Тони Поповски, под актуелните околности, Македонија би добила лимитиран дел од предвидените придобивки, затоа што се уште нема отворено кластери, кои се клучни за стекнување одредени бенефици.

Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ

Значаен обид да се редизајнира логиката на проширување, вака дел од експертите го оценуваат актуелниот нон пејпер на Макрон и Мерц. За аналитичарот, Тони Поповски, под актуелните околности, Македонија би добила лимитиран дел од предвидените придобивки, затоа што се уште нема отворено кластери, кои се клучни за стекнување одредени бенефици.

- Документот нуди нови придобивки, но не нуди механизам за заобиколување на условите од преговарачката рамка, истакнува Попоски.

Целиот разговор на Јана Јосифиска со аналитичар Тони Поповски погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отворена ФИБА Европската минибаскет конвенција во Скопје

Скопје деновиве е европски центар на минибаскетот.

Отворена ФИБА Европската минибаскет конвенција во Скопје

Во главниот град на Македонија се одржува 11. издание на ФИБА Европската минибаскет конвенција, која на едно место обедини тренери, едукатори и спортски работници од повеќе европски земји, посветени на развојот на најмладите кошаркари и кошаркарки.

Целта на конвенцијата е преку размена на искуства, современи методологии и практични примери да се унапреди работата со децата и да се поттикне нивниот правилен спортски и личен развој.

Во изминатите два дена беа реализирани бројни предавања, работилници и практични демонстрации под водство на реномирани меѓународни експерти. Учесниците имаа можност да стекнат нови знаења и алатки за успешно воведување на кошарката кај најмладите, како и за промовирање на здрави животни навики и спортски вредности.

На третиот ден од конвенцијата, присутните во спортската сала „Лазар Лечиќ“ ги поздрави Камил Новак, извршен директор на ФИБА Европа, кој им посака успешна работа и плодна размена на искуства на сите учесници.

На свеченото отворање се обрати и генералниот секретар на Кошаркарската федерација на Македонија, Томче Стојчевски, кој се заблагодари за довербата што ФИБА Европа ѝ ја укажа важноста македонската федерација да биде домаќин на овој значаен настан.

Тој истакна дека организацијата на конвенцијата претставува уште едно признание за посветеноста на македонската кошарка кон развојот на младите категории и ја нагласи важноста на поддршката што ФИБА ја обезбедува во создавањето квалитетна основа за идните генерации кошаркари и кошаркарки.

Во рамки на програмата, свои излагања на тема „Важноста на партнерствата“ имаа претставниците на ФИБА Европа – Радмила Тарнер, Теренс Булок и Мирослав Крогулец.

Во утринскиот дел од денешната програма, учесниците ги следеа предавањата на Серхио Лара Берсиал на тема „Програма за прогресија во наставата“, како и на Милена Мусова, која говореше за „Планирање на вежби за трчање во минибаскетот“.

Завршниот настан на конвенцијата е закажан за недела, кога од 10 до 12 часот на терените на Кејот на реката Вардар ќе се одржи традиционалниот Минибаскет фестивал. Во рамките на фестивалот ќе биде реализирана и свечената церемонија на затворање на 11. ФИБА Европска минибаскет конвенција во Скопје.

На фестивалските активности учествуваат повеќе од 300 деца и околу 90 тренери, кои преку игра, дружење и спортски активности ја слават љубовта кон кошарката и вредностите што ги носи спортот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер