Во Скопје ќе се снимаат сцени од филмот „Реквием за госпоѓа Ј“ - Канал 5

Во Скопје ќе се снимаат сцени од филмот „Реквием за госпоѓа Ј“

Во Скопје од денеска до 11 април ќе се снимаат сцени од играниот филм „Реквием за госпоѓа Ј“ на Бојан Вулетиќ, копродукција меѓу Србија, Македонија и Бугарија. Филмот во поголем дел беше снимен во Србија кон крајот на минатата година, а во втората половина на овој месец екипата ќе работи и на локации во Бугарија.

Во Скопје ќе се снимаат сцени од филмот „Реквием за госпоѓа Ј“

„Реквием за госпоѓа Ј“ обработува актуелна, универзална тема што произлегува од севкупната материјална и емотивна криза која владее во светот, а најмногу во сиромашните земји. Приказната ги следи животите на четири жени кои припаѓаат на различни генерации: мајка, нејзините две ќерки и свекрва. Главниот лик, Госпоѓа Ј, откако останува без работа и пензија, бара начин материјално да го обезбеди своето семејство. Постарата ќерка крие дека е трудна, помладата ќерка влегува во бурен пубертет, а свекрвата само молчи и не комуницира со никој. На еден поинаков начин, преку црн хумор, овој филм се обидува да зборува за сериозни теми од животот во транзиција.

Автор на сценариото е Бојан Вулетиќ, сценографијата е на Зорана Петров, костимограф е Лана Павловиќ, кинематографер Јелена Станковиќ, шминка Јасмина Лилиќ и монтажа на Владимир Павловски. Главен продуцент е Ненад Дукиќ, извршен продуцент Мирослав Могоровиќ, продуцент од македонска страна е Томи Салковски и од Бугарија Павлина Желева. Улогите ги толкуваат Мирјана Карановиќ, Даница Неделковиќ, Мира Бањац, Срѓан Тодоровиќ, Јована Гавриловиќ,...

„Реквием за госпоѓа Ј“ е копродукција меѓу СЕЕ Филм Про, Скопје Филм Студио и Геополи Филм, кои добија поддшка од Филмскиот центар на Србија, Министерство за култура и информирање на Република Србија, Покраинскиот секретаријат за култура на Војводина, Агенцијата за филм на Република Македонија, Бугарскиот национален филмски центар и од фондот на Советот на Европа за поддршка на европски филмски копродукции ЕУРИМАЖ.
Во Македонија ќе биде реализиран и дел од постпродукциските активности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата.

Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23.

Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер