Во штипското Инфективно одделение хоспитализирани седум пациенти - Канал 5

Во штипското Инфективно одделение хоспитализирани седум пациенти

 Во Инфективното одделение при Клиничка болница-Штип има незначително зголемен број пациенти со Ковид-19. Хоспитализирани се седум пациенти од целиот источен регион.

Во штипското Инфективно одделение хоспитализирани седум пациенти

Началничката на Инфективно одделение-Штип, Дијана Шишикова-Гајдарџиска вели дека дел од пациентите се вакцинирани со две дози вакцина, друг дел со коморбидитети, претежно повозрасни граѓани над 60 години. Таа уверува дека пациентите поминуваат со полесна клиничка слика и третман во домашни услови, што всушност е и карактеристика на сојот омикрон.

-Овие денови има раздвиженост, поголем број на пациенти се јавуваат и во амбуланта. Во текот на вчерашниот ден се пратени 15 пациенти, дел од нив суспектни на Ковид, дел позитивни и контролни прегледи, а во болничкиот дел хоспитализирани се седум пациенти. Тие што се хоспитализирани имаат потреба, индикација за хоспитализација, тие што имаат прележано и примано вакцини приметуваме дека поминуваат со полесна клиничка слика и генерално започнуваат со амбулантски третман во домашни услови, вели Шишкова – Гајдарџиска.

Во моментов главно станува збор за пациенти со коморбидитети кои доаѓаат од другите одделенија, па по позитивен ковид – резултат се пренесуваат на Инфективното одделение. Иако моментната ситуација не е загрижувачка, Шишкова – Гајдарџиска потсетува дека треба да бидеме внимателни, бидејќи смета дека како што е во другите држави, така и кај нас бројките ќе се зголемат.

-Треба да бидеме внимателни, барем луѓето кои имаат коморбидитети и намален имунитет да бидат внимателни, во поголеми простории да носат заштитни маски, додава Шишкова – Гајдарџиска.

Слична е и состојбата во италијанскиот град Боргоманеро, посочи на денешната меѓународна конференција во Штип медицинскиот директор на болницата во тој град, Арабела Марија. Забележа дека состојбата со пациенти да доаѓаат на други одделенија, па како позитивни на ковид да се изолираат на посебен оддел се пресликува и во Италија. Таа претходно била и раководител на тимот задолжен за справување со пандемијата, од Штип вели дека засега одделите и кај нив не се оптеретени со ковид – пациенти.

-Помал број на пациенти имаат потреба да бидат на интензивна нега. Се разбира, и понатаму имаме високи бројки на позитивни пациенти. Знаете, има пациенти кои се позитивни, но имаат потреба од други медицински услови, како на пример на ортопедија или хирургија, така што мора нив да ги изолираме во посебни делови од болницата за да спречиме ширење на вирусот. Вакцините многу ни помогнаа и тоа е видливо, бидејќи одделите за интензивна нега не се толку оптеретени како што беа претходно. Во болницата имаме 20 пациенти, од кои само еден е на интензивна нега, вели Арабела Марија.

Посочи дека ниту еден лекар не може да прогнозира, каков ќе биде есенскиот бран. Спасот, според неа, се вакцините и научниците постојано да работат на нив, бидејќи имунизацијата на населението помагнала за намалување на притисокот низ болниците.

Штипското Инфективно одделение има доволен број доктори согласно бројот на пациенти. Сепак, состојбата се надгледува, па медицинскиот кадар ќе се менаџира со бројот на хоспитализирани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над Литванија

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над Литванија откако беше издадено предупредување за главниот град Вилнус и околниот регион.

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над Литванија

Леталото во Литванија дошло од соседна Белорусија и се движело кон запад.

Гитанас Науседа, претседателот на Литванија, утринава објави: „Беспилотно летало што штотуку навлезе во литванскиот воздушен простор беше уништено од борбени авиони на НАТО. Со оглед на тоа што Русија ја засилува агресијата врз Украина, ваквата подготвеност е од витално значење за нашиот регион.“

Во меѓувреме, Полска ги активираше своите воздухопловни сили како превентивна мерка поради руските напади со беспилотни летала врз Украина. Вчера полската војска извлече сомнително руско беспилотно летало од морето кај балтичкиот брег во северна Полска.

Литванија, Латвија и Естонија – сите членки на НАТО на границата со Русија – постојано се соочуваат со навлегувања на беспилотни летала на нивните територии откако Москва ја започна војната против украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во Киев

Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко .

Трамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во Киев

Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко – само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура на другата страна.

Во нападот е повредено едно лице, а погодени се и магацини во друг дел од градот, соопшти Кличко на Телеграм.

Сведок на Ројтерс слушнал експлозија во Киев.

Погодени бензинска пумпа и магацини, Русија неодамна почна да ги напаѓа бензинските пумпи во Киев, со што го прошири опсегот на своите цели.

Според украинските власти, Русија погодила околу 300 бензински пумпи во изминатите неколку месеци, главно во областите долж или во близина на линијата на фронтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Кумановското обвинителство ќе спроведе истрага против 40-ет годишен кратовец заради напад со нож на полициски службеник при интервенција.

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Според обвинителството, осомничениот на 11 септември нападнал службени лица при вршење работи на јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело.

Кога двајца полицајци употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди, меѓу кои прободна рана и посекотина.

Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер