Најмалку 11 загинати во пожар во дом за згрижување во Алжир, пожарникарите со часови неуспешно се бореле (ВИДЕО)
1Најмалку 11 загинати во пожар во дом за згрижување во Алжир, пожарникарите со часови неуспешно се бореле (ВИДЕО)
Американскиот астронаут Олдрин на Месечината однел и советско знаме, сега е продадено за 80.000 долари
1Американскиот астронаут Олдрин на Месечината однел и советско знаме, сега е продадено за 80.000 долари
ЗдравјеВо штипско-карбинскиот регион зголемен интересот за имунизација по појава на случај со морбилиПо регистрирањето на првиот случај со морбили кај 13-месечно дете од Свети Николе, деновиве е и зголемен интересот за имунизација за прва доза во штипско-карбинскиот регион.Педијатарот, Дијана Коцева - Миланова од службата за превентивна заштита при ЈЗУ „Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип, вели дека процентот на имунизирани деца до една година во Штип изнесува околу 80 отсто. Во текот на вчерашниот ден ги добиле упатствата од Комисијата за заразни болести. -Засега имаме добиено насоки за проверка на картоните за имунизација на децата и понатаму ќе ги следиме упатствата, вели Коцева - Миланова. Посочува дека постојано се јавуваат на родителите и ги потсетуваат дека имаат пропуштено вакцина, а по појавата на првиот случај на морбили кај 13-годишно дете очекува и да се зголеми свесноста кај родителите за заштита на здравјето на сопствените деца. Според Коцева – Миланова не се работи за тоа дека родителите ја избегнуваат имунизацијата, туку дека ја одлагаат. Најчесто се чека детето да прооди и прозбори, а дури потоа го носат на вакцинација. Ваквиот став е неоснован и неоправдан, бидејќи со тоа го изложуваат сопственото дете да биде подложно на инфекција. -Има голем процент на заразност. Од 10 деца кои доаѓаат во контакт, а не се имунизирани, ќе заболат дури девет и компликациите кои може да ги даде самата болест се сериозни, сериозна пневмонија, воспаление на мозокот, па дури во ретки случаи и смрт, рече Коцева - Миланова. Последен пат епидемија на морбили имаше пред четири години, кога на штипското Инфективно одделенија завршија дваесеттина пациенти./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаМенаџерот на Верстапен ја откри одлуката за иднината во Ред Бул Холанѓанецот Макс Верстапен (28) ќе остане во Ред Бул до истекот на неговиот договор во 2028 година, потврди неговиот менаџер Рејмонд Вермелен, со што се стави крај на шпекулациите за иднината на четирикратниот светски шампион.Менаџерот на 28-годишниот Холанѓанец беше јасен во врска со гласините што го поврзуваат Верстапен со трансфер во Мекларен или Мерцедес. „Имаше многу написи, но единствената вистина е дека Макс сака да го почитува својот договор до крајот, до 2028 година“, рече Вермелен. Тој потврди дека договорот содржи клаузула за предвремено раскинување, но нагласи дека нема да се активира. „Не ја користевме таа клаузула порано, а нема ни во иднина“, рече тој. Лоша сезона како извор на шпекулации Гласините за заминување на Верстапен се засилија поради невообичаено лошите резултати на Ред Бул оваа сезона. Четирикратниот светски шампион (2021-2024), кој има 71 победа во кариерата, моментално е само на седмото место во пласманот кај возачите со 76 бода. Лидер е Италијанецот Кими Антонели со 179 бода, а пред Холанѓанецот се уште Џорџ Расел (154), Луис Хамилтон (147) и Шарл Леклер (108). Ситуацијата не е подобра ниту во пласманот кај конструкторите, каде што Ред Бул го држи четвртото место со 128 бода. Напред се Мерцедес со 333 бода, Ферари со 255 и Мекларен со 179 бода.Тагови: Макс Верстапен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
СветНајмалку 11 загинати во пожар во дом за згрижување во Алжир, пожарникарите со часови неуспешно се бореле (ВИДЕО) Единаесет лица загинаа, а 19 се повредени во пожар што избувна во дом за згрижување во Алжир, главниот град на истоимената земја.Цивилната заштита објави дека пожарникарите ја започнале интервенцијата ноќеска во 3:30 часот по локално време, пишува Би-Би-Си. Интервенција на пожарникарите Повеќе од три часа по почетокот на операцијата, пожарот сè уште се гаснел. Десет противпожарни возила и 16 амбулантни возила биле испратени на терен. Властите известија дека за време на интервенцијата, пет лица со посебни потреби биле згрижени и преместени на безбедна локација. 🚨🇩🇿 Tragedy in Algeria A deadly fire tore through a children's care home in Algiers, leaving 11 people dead and 19 injured. 🔥 Firefighters deployed 10 fire engines and 16 ambulances as they battled the flames and carried out rescue operations.#Algeria #Fire #sstvi #FRAESP pic.twitter.com/nIVYs94Xo5 — GlobeUpdate (@Globupdate) July 16, 2026 Посетата на премиерот и контекст на топлотниот бран Алжирскиот премиер Сифи Гриб посети две болници во Алжир за да ги посети повредените во пожарот. Државните медиуми објавија информации за посетата со фотографија од премиерот покрај дете во болнички кревет. Податоците за возраста на жртвите не се објавени. Инцидентот се случил во време кога Алжир е во канџите на топлотен бран. Според извештајот на новинската агенција АФП, во земјата се регистрирани речиси 1.000 пожари за период од една недела.Тагови: Алжир пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотАмериканскиот астронаут Олдрин на Месечината однел и советско знаме, сега е продадено за 80.000 долари Советското знаме што астронаутот Баз Олдрин го носеше на мисијата Аполо 11 што слета на Месечината е продадено во „Сотбис“ во Њујорк за 80.000 долари, според резултатите од аукцијата.Семејството на Олдрин го објави знамето со проценета цена од 7.000 до 10.000 долари пред продажбата. Знамето беше придружено со потпишано писмо од астронаутот со кое се потврдува неговото потекло. Според огласот, црвено-жолтото советско знаме, со димензии 10 x 15 сантиметри, било носено на командниот модул Колумбија за време на историската мисија Аполо 11 во јули 1969 година. „Летав на Месечината со Аполо 11“, напиша Олдрин на знамето. Според астронаутот, тој го зел советското знаме со себе како гест на добра волја и за да покаже дека слетувањето на Месечината е достигнување за целото човештво, а не само за Соединетите Американски Држави. Покрај американското знаме, личниот комплет на Олдрин вклучувал знаме на Тексас, знаме на Њу Џерси и советско знаме. 🔴 A Soviet flag that landed on the Moon was sold for $80,000 at a Sotheby's auction. American astronaut and aeronautical engineer Buzz Aldrin took this flag with him during the Apollo 11 mission to the Moon in July 1969. pic.twitter.com/JoumbIICAK — Miroslav Something More (@MSMore11707) July 16, 2026 Луѓето за прв пат слетаа на површината на Месечината на 20 јули 1969 година. Американските астронаути Нил Армстронг и Баз Олдрин, членови на екипажот на Аполо 11, го постигнаа подвигот.Тагови: месечината Олдрин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08