Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство на 79 годишна Борјанка Николова - Канал 5

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство на 79 годишна Борјанка Николова

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79 годишната Борјанка Николова.

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство на 79 годишна Борјанка Николова

Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.

-Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуват од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото- рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

Според истрагата и наодите Николова последен пат е видена жива на 5 октомври 2025 година, кога излегла од домот на нејзината сестра. На 24 октомври е пријавена за исчезната, а на 10 ноември 2025 година од страна на полициски службеници по наредба на јавен обвинител во домот на обвинетиот Асанов пронајдени се траги од крв, по што обвинетиот признал дека во дворот на куќата го закопал телото.

Полициските службеници со асистенција на пожарникарите го пронашле делот од телото на починатата. Според изјавата на обвинетиот останатите делови од телото и алиштата на починатата Николова ги фрлил во контејнери во близина на неговата куќа. Обвинетиот Асанов на првото рочиште не призна вина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брус Вилис сепак присуствувал на свадбата на својата ќерка, објавена е ретка фотографија од него

Талула Вилис (32), најмладата ќерка на поранешната холивудска брачна двојка, Брус Вилис и Деми Мур, се омажи за музичарот Џастин Ејси.

Брус Вилис сепак присуствувал на свадбата на својата ќерка, објавена е ретка фотографија од него

Свадбата се одржа на 8 август на семејниот имот во Ајдахо, во присуство на најтесното семејство.

Најголемо внимание привлече доаѓањето на таткото на невестата, славниот актер Брус Вилис – кој ретко се појавува во јавноста поради сериозната здравствена состојба.

„Вог“ објави црно-бела фотографија на која се гледа како Брус Вилис ја прегрнува Талула, истовремено држејќи го и својот зет.

Талула ја опиша сцената како нежен момент споделен со нејзиниот татко и сопруг на почетокот на празничниот викенд.

Фотографијата предизвика бројни емотивни реакции на социјалните мрежи. Многумина коментираа колку биле трогнати од сцената, особено имајќи ја предвид борбата на актерот со болеста и неговата одлука да биде покрај својата ќерка на нејзиниот важен ден, и покрај сè.

Брус Вилис се повлече од актерството во 2022 година откако му беше дијагностицирана афазија.

На почетокот на 2023 година, неговото семејство објави дека актерот боледува од фронтотемпорална деменција. Станува збор за прогресивно невродегенеративно нарушување што може да влијае на говорот, разбирањето на јазикот и однесувањето. Оттогаш, Вилис ретко се појавува во јавноста, а за него се грижи неговото семејство.

Покрај Талула, Брус Вилис ги има и ќерките Румер и Скаут од бракот со поранешната сопруга Деми Мур. Тој остана близок со Деми и по нивниот развод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Фото: „Ферари“, „Мерцедес“, „Порше“ „Бентли“ ... на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останале без зборови!

Светски шампион, милионер – а вози вакво нешто?! „Ферари“, „Ламбо“, „Бентли“ на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останаа вчудоневидени!

Видео-Фото: „Ферари“, „Мерцедес“, „Порше“ „Бентли“ ... на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останале без зборови!

Скако платените фудбалери на европскиот шампион ПСЖ на тренинг пристигнуваат во скапи автомобили, а потоа се појави , Шпанецот Руиз!

Неговиот избор ги остави сите без зборови.

Пристигнувањето на играчите на ПСЖ на тренинг честопати изгледа како вистинска парада на луксуз, но овојпат сите погледи не беа вперени во скапите „ѕверови“ на четири тркала.

Напротив! На социјалните мрежи се појави видео од пристигнувањето на играчите на францускиот гигант на тренинг, а меѓу многуте луксузни автомобили, една сцена особено ги изненади навивачите.

Иако околу него има автомобили што чинат вистинско мало богатство, шпанскиот репрезентативец се одлучи за сосема поинаков стил.

Шпанскиот репрезенативец на тренингот пристигна во „Smart“ – автомобил толку мал и невообичаен во споредба со она што се очекува од фудбалските суперѕвезди, што веднаш стана главна тема.

Француските медиуми претходно пишуваа дека Руиз привлекувал внимание на паркингот на ПСЖ токму со таков автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Утре сончево со температура до 38 степени, во вторник локална нестабилност

Според УХМР на почетокот на следната недела времето ќе биде стабилно и топло, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност. 

УХМР: Утре сончево со температура до 38 степени, во вторник локална нестабилност

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер