Во Штип почнува Фестивалот „Golden Piano Talents“, на кој ќе настапат 50 пијанисти од светот - Канал 5

Во Штип почнува Фестивалот „Golden Piano Talents“, на кој ќе настапат 50 пијанисти од светот

Од денес до сабота, Штип ќе биде домаќин на интернационалниот Фестивал „Golden Piano Talents“, кој по четврти пат ќе ги собере најдобрите млади пијанисти од целиот свет.

Во Штип почнува Фестивалот „Golden Piano Talents“, на кој ќе настапат 50 пијанисти од светот

Фестивалот, кој брзо се афирмираше како еден од најзначајните музички настани во регионот, ќе се одржи во уметничката галерија „Безистен“, а ќе понуди извонредни музички изведби, едукативни активности и можности за меѓународна размена на таленти.

Уметничкиот директор на Фестивалот „Golden Piano Talents“ Марија Максимова вели дека во овие три дена на фестивалот ќе настапат 50 пијанисти од над 40 земји, кои ќе ја воодушеват публиката со своите интерпретации на класични дела.

-Програмата вклучува пет соло рецитали и два концерта на победниците, кои ќе ги понудат најдобрите младински таленти од Македонија и светот. Во рамките на фестивалот ќе биде организирано и предавање од пијанистката Антониа де Паскуале (Италија), која ќе сподели свои знаења и искуства со младите уметници. Завршниот ден ќе донесе Големиот свечен концерт, на кој ќе бидат доделени награди и признанија за најуспешните пијанисти, вели Максимова.

„Golden Piano Talents“ претставува не само врвен музички настан, туку и важен културен и образовен проект, кој на Штип и Македонија им носи светско признание во полето на класичната музика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анима Мунди бара да се затвори зоолошката градина

Активистите бараат независна истрага за бегството на волците.

Анима Мунди бара да се затвори зоолошката градина

Итно да се затвори скопската зоолошка градина и да се направи независен инспекциски надзор, да се проверат сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, а наодите јавно да се објават, бараат од здружението за заштита на животните Анима Мунди, откако во јавноста излезе информацијата дека волци избегале од живеалиштата и усмрттиле четири кенгури и неколку птици.

Активистите бараат независна истрага за бегството на волците, усмртувањето на животните и утврдување на одговорност за сите пропусти, како и мораториум на размножување и внесување нови животни додека не се обезбедат услови што ги исполнуваат стандардите. Тие го повторија и својата заложба да се затвори ЗОО Скопје и да се трансформира во спасувачки и рехабилитациски центар за животните. Од таму споделуваат снимка на која се гледа како волците пробуваат да излезат од живеалиштето на место кое е импровизирано со мрежа, каде што металната ограда е веројатно оштетена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија собори 660 украински дронови

Ноќеска руската воздушна одбрана собори 660 украински дронови, објави министерството за одбрана во Москва. Според градоначалникот на Москва ова се едни од најбројните напади од почетокот на конфиликот.  

Русија собори 660 украински дронови

Во последните месеци, Украина ја засили кампањата на напади со беспилотни летала на долг дострел против Русија, со посебен фокус на енергетската инфраструктура, во обид да го лиши Кремљ од важен извор на приходи за финансирање на воените напори. Минатата недела, украински напад предизвика голем пожар во рафинерија за нафта југоисточно од Москва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Вработените“ во пералната и без пари и без работа

Пред министерството за здравство денеска повторно протестираа вработените од пералната на Клиничкиот центар кој не ги добија 17 те плати, а сега останаа без работа.

„Вработените“ во пералната и без пари и без работа

Тие бараат од министерот да не ги заборави и да им ги исполни основните права во правото на работни односи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер