3Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
МакедонијаВо Штип на две локации во реката Брегалница беше положен светиот крстТриесет годишниот Бојан Џонов го фати светиот крст, кој утринава беше положен во водите на реката Брегалница во штипско Ново Село. Џонов вели дека по вторпат го фаќа светиот крст. Вработен е и веќе втора година живее во Германија, а по повод големиот христијански празник Богојавление е во својот роден град. -Господ да дава здравје, среќа на сите. Вработен сум, работам во странство во Германија и не не сум оженет, вели Џонов. Осветувањето на водите на реката Брегалници во штипско Ново село се случи во присуство на голем број на граѓани, верници од старата штипска населба Ново Село. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и свештениците од Брегалничката епархија на Џонов му врачија пригодни подароци. На главната централната церомонија во Штип кај мостот на река Брегалница во населбата Осми Ноември учествуваа стотина верници и најсреќен беше 29 годишниот Јован Јованов, вработен и татко на две малолетни дечиња. Посака здравје, бериќет. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на граѓаните им посака среќа, здравје, бериќет. Со свечената литургија чиноначалствуваше митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион. Тагови: Водици Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИскра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинителДенеска пред Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски патВо разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности. Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки. Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа. Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter