Во Шпанија се одржа масовен концерт,научниците тврдат дека немало пренос на корона (ВИДЕО)

Научниците од Шпанија не нашле докази за зголемено ширење на инфекцијата кај луѓето кои минатиот месец присуствувале на голем концерт , што послужил за тестирање.

Шест лица се заразиле со корона во рок од 14 дена по концертот во Барселона, но инциденцата е помала од онаа што се гледа кај општата популација, пишува Би-Би-Си.

Околу 5.000 љубители на музиката учествувале во експериментот откако добиле негативен резултат од тест за корона. Тие носеле маски, но не морале да одржуваат растојание едни од други.

Од шесте лица кои се заразиле по концертот, научниците заклучиле дека четири од нив се заразиле на друго место , а не на самиот настан.

Борис Револо, вирусолог вклучен во правење безбедносни протоколи во арената Палау Сант Jорди, рече дека не може категорично да исклучи дека другите две лица биле заразени за време на концертот, но дека постои голема веројатност пренесувањето да се случило на друго место.

„Мерките што ги спроведовме беа многу безбедни“, додаде тој.

Шпанските власти дозволија концертот „Љубов на лезбејките“ да биде дел од истражувачки проект за ширење на вирусот, а стапката на инфекција кај учесниците била двојно помала од онаа на луѓето на иста возраст во Барселона, откриле истражувачите.

„Ништо не сугерира дека пренесувањето на вирусот се случило за време на настанот“, рече специјалистот за инфективни болести, Хосеп Марија Либре, на прес-конференција.

Бендот што учествувал во експериментот, Love of Lesbian, им се заблагодарил на организаторите на настанот и на научните советници.

„Се надеваме дека отсега, по овие одлични резултати, светот на културата ќе се слуша како што заслужува“, објавија тие на Твитер.

Концертот е еден од најголемите собири во Европа од почетокот на пандемијата, во време кога земјите ширум светот бараат нови начини за безбедно одржување јавни настани.

Сличен дводневен експеримент се случил во Холандија во март и во него учествувале околу 1.500 луѓе.

Заменик-градоначалникот на Барселона, Јауме Колбони, рече дека резултатите од студијата покажуваат дека е можно да се релаксираат мерките и да се рестартираат културните активности.

Местото Палау може да прими до 17.000 луѓе, но на 5.000 присутни минатиот месец не им било дозволено да се качат на трибините, туку биле ограничени на подиумот за танцување.

Бекутанова работилница за родители во Загреб

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ со д-р Диана Пужевски, д-р Натко Бек, Мирна Медаковиќ Степинац, со Стјепан Вукадин, Фабијан Павao Медвешек и со првиот бренд-амбасадор на „Бекутан“, Тарик Филиповиќ

Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

Загреб, 9 мај 2024 – Родителството, несомнено, е најважната и најубавата животна улога, проследена со голем број предизвици со кои се соочуваат мајките и татковците од раѓањето на бебето. Таа улога е толку драгоцена со сите свои предизвици, што, иако акцентот за грижата и за негата околу новороденото бебе, главно, е на страната на мајката, сѐ повеќе се согледува важноста на татковците, па се истакнува значењето на нивното активно учество во развојот на бебето од неговото раѓање. Татковците на некој посебен начин се поврзуваат со новороденото бебе, па со своето присуство создаваат нераскинлива поврзаност, која трае цел живот. Сето ова беа темите на овогодишната Бекутанова работилница за родители, која се одржа во прекрасната Magnolia Slastice, со познати татковци и со голем број мајки. Сѐ за најубавата улога во животот, татковската улога, ни раскажаа Стјепан Вукадин, Фабијан Павао Медвешек и д-р Натко Бек, заедно со д-р Диана Пужевски, со модераторот Мирна Медаковиќ Степинац и со специјалниот гостин Тарик Филиповиќ, кој по раѓањето на својот син покажа неизмерна доверба во „Бекутан“ и стана негов горд бренд-амбасадор.

Колку е важна, но и најубава улогата на татко нагласи Тарик Филиповиќ, првиот бренд-амбасадор на „Бекутан“: „Велат дека е лесно маж да стане родител, но треба многу повеќе за да стане ТАТКО! Фигурата која јас ја паметам како најголем морален и човечки авторитет и пример. Сето пропуштено при растењето на детето тешко можеш да го надоместиш, а детето кога ќе стане возрасен човек, ќе памети многу од она што не си го пропуштил. И тоа неретко го формира како личност и го насочува понатаму во животот. Но, со сета должна почит спрема нас татковците и спрема нашите татковци, мојот наклон оди за едната и единствена – МАЈКАТА!“

Значењето и важноста на рамнотежата во родителството ги нагласи д-р Натко Бек: „Сите ние правиме грешки, но и учиме од грешките и се трудиме да го направиме најдоброто во дадениот момент. Важно е да се едуцираме и да увидуваме каде грешиме бидејќи тоа нѐ прави подобри татковци! Важен е балансот во родителството. Татковците и мајките треба рамноправно да учествуваат во растењето на детето од неговото раѓање.“

„Овогодишната Бекутанова работилница ја имаше темата за улогата на татковците во растењето на децата од првите денови, со акцент врз предизвиците што ги носи родителството, а во контекст на поттикнување позитивно и рамноправно родителство. ’Бекутан’, како и секогаш, е во чекор со времето, па покани и познати татковци за да ги споделат своите искуства со породилното отсуство, но и за да кажат збор-два за поврзувањето со своите деца. Сите беа согласни дека улогата на таткото во растењеето на детето е неизмерно важна“, изјави реномираниот педијатар д-р Диана Пужевски.

АЛКАЛОИД АД Скопје

Северна Кореја лансира „неидентификувана балистичка ракета“

Северна Кореја истрела најмалку една „неидентификувана балистичка ракета“, соопшти денеска јужнокорејската војска.

Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета во правец на Источното Море, наречено и Јапонско Море, соопшти началникот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Додека јапонската јавна телевизија НХК, повикувајќи се на државни извори, најверојатно проектилот бил со мал дострел.

Лансирањето на проектилот се случи неколку часа откако Ким Јо-јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, негираше дека Северна Кореја и испорачува оружје на Русија. /МИА

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. 

Штипската полиција вчера во 16.00 часот на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, ја лишила од слобода Џ.С.(23) од Кочани, која се сомничи дека на 15 мај годинава извршила кривично дело „разбојништво“ над Л.М.(69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи.

Како што информираат денеска од МВР, Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер