ЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и Зелениково
2ЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и Зелениково
3Николовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре со нови болници, модерни здравствени центри и нов клинички во Скопје
СветВо Шпанија е уапсен тинејџер од Холандија, се сомничи дека е платен убиец Седумнаесетгодишен холандски тинејџер е уапсен во Шпанија под сомнение дека е платен убиец.Седумнаесетгодишен холандски тинејџер е уапсен во Шпанија под сомнение дека е платен убиец, а доколку биде осуден за убиство, тоа ќе биде прв пат во шпанската историја дете да биде осудено за атентат, потврди портпарол на полицијата во Малага за RTL News. Момчето е осомничено за убиство на Јасин Аџар (25) од холандскиот град Цволе, во шпанското одморалиште Фуенгирола кон крајот на минатата година, а локалната полиција неодамна го уапси кога повторно се појави во Фуенгирола за наводно да изврши уште еден атентат, објавува NL Times. Момчето е барано и во Холандија за убиство Тој е осомничен за убиство на Аџар, кој претходно живеел во Шпанија една година и работел во бар во крајбрежното одморалиште Фуенгирола, во раните утрински часови на 7 декември 2024 година. Според очевидци, Аџар видел вооружен тинејџер како се приближува кон барот и успеал да ја затвори вратата, по што избегал низ задниот излез на улицата, каде што наводно бил застрелан 18 пати со полуавтоматски пиштол Токарев од вооружено момче. Полицијата во Малага во тоа време изјави дека верува дека Ајар не бил наменетата цел на атентатот и дека неговото убиство е резултат на погрешен идентитет, а вистинската цел бил друг Холанѓанец кој бил во барот во тоа време. Шпанската полиција се сомнева дека во убиството на Ајар биле вклучени уште двајца холандски државјани - Холанѓанка која наводно организирала употреба на пиштолот и жител на Амстердам, Афиф Ј., кој наводно му го дал пиштолот на момчето. Холандските власти веруваат дека атентатот во Фуенхирола го нарачал криминалецот со дрога Наил ел Г. (20) од Амстердам, кој е осомничен и за организирање на атентатот врз Јунес Арсалан во Осдорп кон крајот на декември 2024 година, како и за организирање на осуетеното убиство на криминалецот од Амстердам, Суфиџан О. Наил ел Г. е во притвор во Холандија и истрагата против него е во тек.Тагови: Холандија Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравјеМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска.- Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во капацитетите со кои располагаат од аспект на капацитети за хоспитализација, кадровска опременост, како и лабораториските реагенси за испитување. Досега се потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани, а поголем дел од нив се со невроинвазивна форма на болеста, посочи министерот Клековски. Тој упати апел до граѓаните - доколку забележат симптоми како: висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви — веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Инаку, од почетокот на епидемијата досега 21 пациент е отпуштен од болница и упатен на домашно лекување, уште четворица пациенти денес се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
ФудбалВидео: Бебе истрча на терен и прекина натпревар во американската МЛСВо 21-то коло од сезоната во МЛС, „Минесота јунајтед“ оствари убедлива победа од 5–1 на гостински терен против „Сан Хозе“, но високиот резултат не беше она за што најмногу се зборуваше по натпреварот. Вниманието го привлече еден необичен прекин во првата минута од судиското надополнување, кога едно мало дете – на возраст од околу една година – залута на теренот. Судијата Џаир Маруфо ја прекина играта, иако телевизискиот пренос првично не ја откри причината за тоа. Коментаторката Киндра потоа ја разјасни ситуацијата со едноставна изјава: „На теренот има бебе“. Кратко потоа, камерите прикажаа како еден од редарите го изнесува детето од теренот. Редарите веднаш им го вратија детето на родителите, а идентитетот на семејството не беше откриен. baby > raccoon https://t.co/iDdwfmMcO8 pic.twitter.com/B6l2gc3e22 — Minnesota United FC (@MNUFC) August 23, 2026 „Минесота јунајтед“ исто така ја коментираше ситуацијата; покрај објавата за резултатот од натпреварот на социјалните мрежи, клубот духовито забележа: „Како да му земеш бонбона на бебе“. По победата, се огласи и тренерот на „Минесота“, Камерон Ноулс. „Слушнавме врева, па погледнавме да видиме што се случува. Можеби е малку рано за доживотна забрана за влез на стадионот“, се пошегува Ноулс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
МакедонијаЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и ЗелениковоЗачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково,. -На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинденинформираат од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter