Во школки од Хрватска откриен норовирус, реагираше Европскиот систем за брзо предупредување

Контролата на италијанскиот пазар покажа дека во производ од Хрватска е пронајден норовирус, соопшти Европскиот систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF).

Станува збор за морски производи, односно школки наречени брбавици или морски тартуфи.

Во соопштението на Европскиот систем за брзо предупредување за храна и храна за животни се наведува дека ризикот по здравјето во овој случај е потенцијално сериозен и затоа по извршената контрола ги известиле надлежните во Италија .

Главните симптоми на норовирусот се повраќање, а може да има и дијареа, болки во мускулите, грчеви, главоболка и блага температура.

Болеста обично трае од еден до три дена, наведуваат хрватските медиуми. /MИА

„Гответе со Дракче“ - Мафин од боровници во смути

Во петок (12.04.2024) во емисијата гостин ни беше Јоце Панов)

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. боровници

90 гр. овесни снегулки

80 гр. грчки јогурт

50 мл. нискомасно млеко

1 лажичка мед

малку екстракт од ванила

малку цимет

по желба дозерка протеин од ванила

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Народна банка: Новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од курсната листа

Народната банка информира дека е изработена нова веб услуга за автоматизирано преземање на податоците од курсната листа, којашто може да се користи паралелно со старата.

Старата веб-услуга, како што информира Народната банка, ќе биде достапна на веб-страницата до крајот на мај годинава и дотогаш сите корисници треба да почнат да ја употребуваат новата веб-услуга.

- Деловните банки веќе се префрлија на новата апликација и автоматизирано ја читаат Курсната листа секој ден. Оваа апликација на Народната банка за Курсната листа и за курсевите за државните органи е изработена со нови современи алатки и е достапна на следнава врска: https://www.nbrm.mk/web-servis-novo.nspx , на која има и упатство за корисниците за нејзиното користење, велат од централната банка.

Посочуваат дека воведувањето на новата услуга е во рамки на унапредувањето на ИТ-безбедноста на процесите преку примена на нови технологии што се поотпорни на нападите од дигиталниот простор.

- Постојаното јакнење на киберотпорноста, како и користењето на технологиите за подобрување на услугите кон корисниците е заложба на централната банка. Оттука, неодамна започна билатерална соработка со централната банка на Италија, проект на Европската Унија, чијашто цел е преку пренесување на искуствата да се зајакнат стандардите и најдобрите практики во Народната банка за развивање и одржување апликативен софтвер, се наведува во соопштението.

Камерон го повика Израел да не возвраќа по иранскиот напад

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон го повика Израел да не возвраќа по иранскиот напад со беспилотни летала и ракети и рече дека потегот на Техеран речиси целосно пропаднал.

Според Камерон, фокусот треба да остане на постигнување договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Доколку сте во Израел утрово, сосема со право мислите дека имате целосно право да одговорите на ова и тие (Израел) го имаат тоа. На многу начини, ова е двојна загуба за Иран. Нападот речиси целосно пропадна и тие му открија на светот дека тие се лошото влијание во регионот кои се подготвени да го направат тоа. Затоа се надеваме дека нема да има одмазда“, додаде Камерон.

притисни ентер