Во Самоков наскоро ќе почне производство на воени дронови - Канал 5

Во Самоков наскоро ќе почне производство на воени дронови

Фабриката за муниција „АТО АММО“ во Самоков, поранешен „Сувенир“, наскоро ќе го произеде првиот македонски воен дрон, најавија прмеиерот Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, по денешна посета на фабриката... 

Во Самоков наскоро ќе почне производство на воени дронови

Македонија влегува на НАТО пазарот со производство на дронови. Фабриката за муниција АТО АММО од наскоро ќе почне да произведува четири видови дронови – за употреба во борби но и во цивилни цели.

Според најавите, земјава треба да се најде на мапата на производство на мултифункционални дронови кои ќе бидат користени во воените арсенали на земјите членки на НАТО.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска не открива детали, техничките спецификации се класифицирани информации кои допрва ќе треба да се прецизираат.

„Во однос на техничките спецификации, јас не би објавувала сега што точно ќе содржат, затоа што тоа се и класифицирани информации. Мултинаменски ќе бидат заради тоа што во денешно време повеќедимензионалнсота или потребата од повеќе аспекти се повеќе се наметнува. Ти ќе бидат способни и да бидат испраќани во извидничко – разузнавачки мисии а се разбира ќе бидат оспособени за борбени дејствија но и за употреба во цивилни цели.“

Петровска ја посети фабриката АТО АММО во Самоков, Македонски Брод заедно со премиерот Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Ковачевски откри дека дроновите кои се планира да се произведуваат таму ќе бидат целосно производство во земјава.

„Многу скоро АТС АММО ќе започне со сериско производство на четири видови на дронови кои ќе бидат опремени со вештачка интелигенција, ќе имаат висок дострел, соодветна носивост, да можат да бидат опремени со соодветна опрема и кои целосно ќе бидат произведени во Македонија, согласно сите НАТО стандарди и ќе можеме да ги гледаме во воените арсенали во НАТО земјите.“

Компанијата АТО АММО е единствена фабрика во земјава за производство на малокалибарска муниција, произведува повеќе од 120 милиони парчиња годишно, а догодина се планира тој број да се зголеми и до 250 милиони парчиња. Регистрирана е на НАТО листата за производство, помеѓу досега регистрирани околу четириесетина компании во земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку двајца загинати и над 20 повредени во автобуска несреќа во Франција (ВИДЕО)

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во градот Лен, во департманот Ен во источна Франција, загинаа две лица - едно малолетно лице и едно возрасно лице, соопшти префектурата на департманот Ен. 

Најмалку двајца загинати и над 20 повредени во автобуска несреќа во Франција (ВИДЕО)

Во несреќата се повредени уште 20 лица, од кои тројца се здобиле со тешки повреди.

Според информации од извор близок до истрагата, објавени од BFMTV, автобусот завршил во канал. Истиот извор наведува дека се евидентирани неколку десетици жртви или лица кои некако биле вклучени во несреќата.

Две лица доживеале срцев удар

Автобусот „излетал од патот и удрил во дрво во канал“, потврди за АФП градоначалникот на Лен, Ив Кристан, наведувајќи дека две лица доживеале срцев удар, додека голем број луѓе се повредени.

По несреќата, министерот за транспорт Филип Табаро објави на социјалната мрежа X дека се упатува кон местото на несреќата.

„Секогаш е тешко кога нашите ученици, нашите деца, се жртви на несреќа од ваков вид. Им нудам на семејствата сета моја поддршка, како и поддршката од владата и целата образовна заедница што е со нив“, изјави министерот за образование Едуар Жефр за новинарите.

YouTube video

Министерот, кој беше во посета на средно училиште во Конфлан-Сен-Онорен, во департманот Ивлин, рече дека во овој момент нема дополнителни информации за несреќата.

Префектот на департманот Ен објави дека е активиран оперативниот центар на департманот (COD) за да ги координира активностите на различните служби вклучени во управувањето со кризата.

Службите за итни случаи и полициските службеници беа распоредени на местото на несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од понеделник се отвораат шалтери на „Алта банка“ и во Тетово и Струмица, неделниот лимит 15.000 денари

Народната банка ги олеснува условите за располагање со средствата во „АЛТА банка“ АД Битола. 

Од понеделник се отвораат шалтери на „Алта банка“ и во Тетово и Струмица, неделниот лимит 15.000 денари

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги.

Денеска гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и соопшти на јавноста три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење на платежните картички и располагање со приливите од плати, пензии и социјални трансфери.

· Од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени шалтерите и во Тетово и Струмица, на кои граѓаните што немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. На овој начин, клиентите од овие градови и околните населени места ќе можат да ги подигнат средствата без да патуваат до Битола. Воедно, Народната банка ќе им излезе во пресрет на граѓаните од околните градови во Битола, а тоа се Прилеп, Ресен и Охрид, ќе организира автобуски превоз до филијалата на Алта Банка АД Битола, со цел и тие да можат да си подигнат своите пензии и социјална помош.

· Исто така, од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажни места со платежните картички на Банката се зголемува од 10.000 на 15.000 денари.

· Третото олеснување се однесува на сите идни нови приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми кои имаат сметки во други банки ̶ нив граѓани ќе можат да ги повлечат во целост, без ограничување на износот. Во таа смисла, клиентите на Банката немаат потреба од отворање платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе може да располагаат со пристигнатите приливи врз овие основи во целосен износ, со користење платежна картичка или подигање готовина преку отворените шалтери на Банката.

Инаку, исплатите на клиентите досега се одвиваат според утврдениот распоред. Како што знаете, од вчера започна исплатата на средствата на граѓаните коишто немаат платежни картички. Исплатата продолжува и во следните денови. Филијалата во Битола работи во две смени, а ќе работи и во сабота, 7 ноември. Исплатата на средствата на корисниците на социјална помош започна од денеска. Денес, во експозитурата во Битола беа услужени околу 660 клиенти. Просечниот повлечен износ по клиент вчера беше околу 19 илјади денари, а денес околу 16 илјади денари, што е очекувано поради пониските износи на социјални трансфери.

„АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи, не е во стечај и не ѝ е одземена дозволата за работа. Администрацијата е привремена мерка, која се применува до промена на сопственоста. Состојбата во Банката е добра, таа е ликвидна и висококапитализирана, со солиден квалитет на кредитното портфолио.

Средствата на клиентите остануваат на нивните сметки. Привремените ограничувања се однесуваат на начинот на располагање со средствата и се воведени со цел да се зачува ликвидноста на Банката и да се заштитат интересите на сите штедачи.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и ги приспособува мерките во согласност со нејзиниот развој, при што приоритет останува уредното опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Народната банка ги повикува граѓаните да ги следат информациите објавени преку официјалните канали на информирање на Народната банка, се наведува во соопштението од НБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година.

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Соговорниците се согласија дека се постигнати очигледни конкретни резултати. Обајцата го поздравија препознавањето на државата како една од најуспешните во исполнувањето на Реформската агенда и Планот за раст на Западен Балкан.

Амбасадорот Рокас укажа на идентификуваните слабости и на потребата од засилени реформи во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата.

Според Сиљановска-Давкова, зголеменото ниво на подготвеност во поглавјата 10 (Дигитална трансформација и медиуми) и 26 (Образование и културa), како и регистрираниот напредок во науката и истражувањето и заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, сведочат за манифестиран и докажан институционален капацитет на државата во исполнувањето на европските стандарди.

Таа очекува финализирањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, да донесат видливи промени и напредок во Кластерот „Основи “.

Во рамките на своите уставни надлежности, Сиљановска-Давкова истакна дека ќе продолжи да се однесува реформаторски, придонесувајќи за јакнењето на демократијата.

Претседателката потсети дека извештајот треба објективно да го прикажува реализирањето на Копенхашките критериуми, а не на наметнатите билатерални политички услови, спротивни на европските вредности и принципи утврдени во европските уставни акти.

За неа, нашето изоставување од групата на земји предводнички во процесот на проширувањето, не ја отсликува реалноста и испраќа негативни сигнали до македонската јавност.

Сиљановска-Давкова уште еднаш повика на еднаков третман на сите земји-кандидатки во пристапниот процес. Според неа, потребни се политичка волја и поактивен ангажман на европските институции и земјите-членки за деблокада на македонскиот пат кон ЕУ, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер