Во САД наскоро вакцините на Фајзер и за помлади од 16 години - Канал 5

Во САД наскоро вакцините на Фајзер и за помлади од 16 години

 Американската администрација за храна и лекови наскоро ќе одобри вакцинирање млади Американци на возраст од 12 до 15 години со Фајзер/Бионтех, јавија американските медиуми.

Во САД наскоро вакцините на Фајзер и за помлади од 16 години

Во извештај на Њујорк Тајмс се цитира изјава на федерален службеник кој вели дека одлуката со нетрпение се чека бидејќи компанијата соопштила дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека во клинички испитувања е откриено дека стимулира силен имунолошки одговор кај младите на таа возраст.

Вакцините на Фајзер/Бионтех се одобрени во САД за употреба кај лица на возраст од 16 години и постари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грузија во мрак: Третпат за две недели

Во вечерните часови во средата, Грузија повторно се соочи со прекин на електричната енергија на национално ниво – трет таков инцидент во последните две недели. 

Грузија во мрак: Третпат за две недели

Весникот „Цивил“ (Civil) објави дека снабдувањето со електрична енергија било прекинато околу 20:10 часот, што довело до застој во работата на метрото во Тбилиси, додека граѓани од целата земја известувале за прекинот на социјалните мрежи.

Снабдувањето со електрична енергија почнало постепено да се обновува околу 21:00 часот. Гиорги Пангани, член на Грузиската национална регулаторна комисија за енергетика и водоснабдување (GNERC), изјави дека прекинот настанал за време на „планирано тестирање“ спроведено од „Грузискиот државен електросистем“ (GSE) – оператор и сопственик на главната преносна мрежа во земјата.

Според него, тестирањето се одвивало во хидроелектраната „Енгури“ – најголемиот производител на електрична енергија во Грузија – и го опфаќало делот од системот што ја снабдува окупираната област Абхазија. Од GSE подоцна соопштија дека работата во електраната „Енгури“ имала за цел да се утврди причината за претходниот прекин на електричната енергија, што се случи на 24 и 25 јули.

Компанијата наведе дека, за време на тестирањето, електроенергетскиот систем морал да работи во изолиран режим и на невообичаени фреквенции, што резултирало со привремен прекин на струјата низ целата земја.

Медиумите претходно објавија дека директорот на GSE, Вано Зардиашвили, бил разрешен само неколку дена по големиот прекин на електричната енергија на 24 и 25 јули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир

Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир.

Во владата потпишани се  договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир

Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од коридорот 8 во свечената сала на владата.

Премиерот Мицкоски рече дека коридорот 8 ќе биде додадена вредност на македонската економија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот.

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

„Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Во текот на денешниот и утрешниот ден, инфо-штандови ќе бидат поставени кај Зелен пазар и на пазарот „Буњаковец“.

Во соработка со ХЕРА, денеска од 8:30 до 11:00 часот кај Зелен пазар се врши бесплатно мерење на крвен притисок.

Инфо-штанд ќе биде поставен и во петок пред маркетот „Тинекс“ на пазарот „Буњаковец“, во истиот термин, каде граѓаните ќе можат да добијат здравствени проверки и совети за заштита од високите температури.

Општина Центар будно ги следи препораките на здравствените институции и ќе продолжи да делува во согласност со нив, со цел заштита и поддршка на граѓаните за време на топлотниот бран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер