Во САД е отстранета статуата на генерал од Граѓанската војна (ВИДЕО)

По години тензии околу расправата за робовладетелското минато на Соединетите држави, најважниот споменик што се смета за расистички симбол на земјата е отстранет во Вирџинија.

Тоа е огромната статуа на генералот Роберт Е. Ли, командант на јужните држави во Граѓанска војна во Америка.

Статуата на командантот на коњ, крената пред повеќе од 130 години на постамент од 12 метри, полека е спуштена со кран во Ричмонд, поранешниот главен град на сецесионистите во граѓанската војна 1861-1865 година.

Стотици луѓе го следеа настанот од далечина. Некои мавтаа со стегнатите тупаници, други фрлаа, а трети навиваа со одобрување кога огромната бронзена статуа, дело на францускиот уметник Антонин Мерсие.

Главниот командант на Конфедерацијата Роберт Ли водеше војна со јужните држави против северните што го укинаа ропството.

Отстранувањето на споменикот „ја брише дамката во историјата на Вирџинија и Америка“, рече Мухамед Абдул-Рахман, локален лидер.

Додека многу споменици на Конфедерацијата низ целата земја неодамна беа отстранети во тајност - понекогаш среде ноќ - под притисок на движењето „Црните животи се важни“, демократскиот гувернер на Вирџинија, Ралф Нортем, сакал отстранувањето на овој споменик да одекне во јавноста.

Спомениците во чест на Роберт Е. Ли и други истакнати личности од јужните држави, денес многу Американци ги сметаат за симболи на расизмот, а некои, напротив, сметаат дека се дел од историското наследство. Прашањето останува чувствително.

Јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред, жичницата нема да работи

 Јавниот превоз во Скопје денека ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје.

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Променливо облачно, попладне и вечер на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

-До петок ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Од четврток дневната температура ќе биде во опаѓање, а во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Македонија гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори

Гласачките места се отвораат во точно седум часот, и ќе се гласа до 19 часот.

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.. Вчера гласаа затворениците, болните и изнемоштени лица, како и 2569 лица од дијаспората но само за претседател, но не и за пратеници, поради недоволен број на пријавени..

На едно избирачко место во општина карпош е нашиот репортер Игор Манасиевски.. Игор дали навреме почна гласањето ?

притисни ентер