Герасимовски: Ги повикуваме младите да аплицираат, досега е исплатена 71 субвенција за возачка дозвола во Центар
1Герасимовски: Ги повикуваме младите да аплицираат, досега е исплатена 71 субвенција за возачка дозвола во Центар
3Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност ребалансот ги засилува капиталните инвестиции и го поддржува економскиот раст
СветВо Русија се спроведува нова мобилизација, најголема во последните 14 годиниРускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетна мобилизација, со кој се наредува да се повикаат 160.000 граѓани на воена служба во периодот од 1 април до 15 јули, што е најголем број регрути во Русија од 2011 година.Пролетниот повик за една година воена служба доаѓа неколку месеци откако Путин рече дека Русија треба да ја зголеми својата војска на речиси 2,39 милиони војници, вклучувајќи го и зголемувањето на бројот на активниот персонал на 1,5 милиони, што е зголемување за 180.000 во следните три години, јави Би-Би-Си. Вицеадмиралот Владимир Цимљански изјави дека новите регрути нема да бидат испратени да се борат во Украина, која Русија ја нарекува „специјална воена операција“. Сепак, има извештаи за регрути кои биле убиени во судирите во пограничните региони на Русија и биле испратени во Украина во првите месеци од војната. Тековниот циклус на мобилизација, кој трае од април до јули, се одвива и покрај обидите на САД да постигнат прекин на огнот во војната. Во меѓувреме, насилството продолжува: Украина пријави руски напад врз електрана во градот Херсон, оставајќи 45.000 луѓе без струја. Русија соопшти и дека го освоила украинското село Розлив во Доњецката област. Овој пролетен повик вклучува 10.000 регрути повеќе отколку во истиот период лани, а максималната возраст за регрутирање е зголемена од 27 на 30 години за да се прошири бројот на достапни кандидати. Покрај редовната регрутација, Русија ангажирала и голем број војници со договор и регрутира илјадници војници од Северна Кореја за да компензира за загубите во Украина. Како што пишува „Москва тајмс“, од 2012 година бројот на пролетни и есенски регрути не надминал 155.500 регрути. За споредба, во пролетта 2021 година во војска биле испратени 134.650 лица, додека во есента истата година тој број изнесувал 127.500. Во првата година од војната со Украина, 134.500 мажи биле испратени да служат на пролет, а 120.000 наесен. Сепак, во 2023 година, 147 илјади регрути биле повикани на пролет, а 130 илјади на есен. Овој тренд продолжи и во 2024 година: пролетното вработување опфати 150 илјади луѓе, додека есенското вработување опфати 133 илјади. Руското Министерство за одбрана го поврза зголемувањето на војниците со „растечките закани“ кои произлегуваат од војната во Украина и „континуираното проширување на НАТО“, вклучително и приклучувањето на Финска и Шведска во Алијансата како директен резултат на руската инвазија врз Украина.Тагови: русија мобилизација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалУште на следното Светско првенство ќе има 64 репрезентации!? Дали на Светското првенство во 2030 година ќе учествуваат дури 64 репрезентации?Според претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез, одговорот е потврден. Првиот човек на јужноамериканскиот фудбал на социјалната мрежа „Икс“ (X) објави дека јубилејот – 100 години од првото Светско првенство – ќе биде одбележан со турнир со рекорден број учесници. „Следното Светско првенство се игра дома. Во 2030 година, Уругвај, Аргентина и Парагвај ќе бидат домаќини на Светското првенство. Ова е одлична можност фудбалот да го прослави еденвековниот јубилеј на Светското првенство со натпреварување во кое ќе учествуваат 64 национални тима“, напиша Домингез. ¡El próximo se juega en casa! En 2030 se viene el Mundial de Uruguay, Argentina y Paraguay, Una gran oportunidad para el fútbol, para celebrar el Centenario de la Copa del Mundo con una competencia con 64 equipos pic.twitter.com/ocIjHYCN5f — Alejandro Domínguez (@agdws) July 20, 2026 Неговата изјава звучи како потврда на проект за кој тој долго време се залагаше. Најавата на Домингез уследи само неколку дена по изјавата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој потврди дека сериозно се размислува за проширување на Светското првенство, но дека конечна одлука сè уште не е донесена. „Сите треба да имаат можност да учествуваат на Светското првенство, а не само Европа или Јужна Америка. Тоа е тема за која надлежните тела на ФИФА ќе дискутираат по ова Светско првенство“, изјави Инфантино во интервју за швајцарскиот „Блувин“ (Bluewin). Главни организатори на следното Светско првенство ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко, додека три натпревари ќе се одиграат во споменатите јужноамерикански земји во чест на еден век од постоењето на Мундијалот. Поради тоа, веќе се познати дури шест учесници на турнирот. Предлогот за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 репрезентации првпат беше претставен од претседателот на Уругвајската фудбалска асоцијација, Игнасио Алонсо, за време на состанокот на Советот на ФИФА во март 2025 година. КОНМЕБОЛ потоа ја поддржа иницијативата, а Домингез истакна дека јубилејот заслужува посебно издание на турнирот, со оглед на тоа што првото Светско првенство се одржало во Уругвај во 1930 година. Според италијанските медиуми, ФИФА ги интензивирала разговорите за овој проект во последните месеци.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Ги повикуваме младите да аплицираат, досега е исплатена 71 субвенција за возачка дозвола во ЦентарОпштина Центар ги повикува младите жители да аплицираат за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија.Заклучно со 31 јуни 2026 година се исплатени субвенции во вкупен износ од околу 710.000 денари, а обезбедени се средства за сите заинтересирани до крајот на годината. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека мерката е важна поддршка за младите и нивните семејства, но и за безбедноста во сообраќајот. „Мотото на овој проект е „Вози совесно“, а токму тоа ни е и целта, младите навремено да се стекнат со возачка обука, да бидат подготвени и одговорни кога ќе седнат зад воланот. Со оваа мерка не само што им помагаме финансиски, туку вложуваме и во поголема безбедност во сообраќајот“, порача Герасимовски. Право на еднократна субвенција од 10.000 денари имаат младите родени 2007 и 2008, кои ќе достават барање, копија од лична карта и трансакциска сметка, доказ за уплата во автошкола и потврда дека автошколата е регистрирана на подрачјето на Општина Центар. Од оваа година, општината овозможи и исплатата да се изврши на сметка на родителот, доколку така е побарано. Барањата се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, до исцрпување на средствата, а најдоцна до 31 декември 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нов ценовен шок, Мицкоски најавуваше намалување а цените на горивата поскапеаНаместо поевтини горива, како што ветуваше Мицкоски граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок. Горивата повторно драстично поскапеа. Со последните две поскапувања дизелот е поскап за над 11 денари и сега чини 94 денари за литар. А мерки за заштита на стандардот на граѓаните нема. Секоја негова најава за намалување доведува до нов раст на цените. Граѓаните веќе се плашат од неговите најави за „мерки“. Ова второ последователно големо поскапување за само една недела, ќе значи и нов бран на поскапување на храна, превоз и услуги. Секој ден е нов ценовен шок. Додека народот се прашува како ќе го преживее месецот, Мицкоски нема намера да го заштити животниот стандард. Повторно нема никакви конкретни мерки - ниту за работниците, ниту за пензионерите, ниту за земјоделците, ниту за социјално ранливите. Луѓето го бројат секој денар за живот. Платите, ниту просечната, ниту минималната не стигнуваат за да се протурка месецот. Минималната потрошувачката кошничка повторно е скоро 70.000 денари Само за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство му се потребни над 25.000 денари месечно. Ако се додаде и кирија за стан од 60 квадратни метри, трошоците се 83.873 денари. Тоа е реалноста со Мицкоски и неговата ВМРО -ОКГ - за нив луксуз и тендери, за граѓаните трошки. Во Македонија секој ден е борба за преживување, математика за како да се купи храна, како да се платат сметки, како родителите да ги издржуваат своите деца - животот е се потежок. Каква трета економија во Европа, вистината е дека Мицкоски и неговата Влада системски го уништија стандардот на граѓаните, а економијата ја донесоа пред колапс. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53